Разлика помеѓу преработките на „Стив Возњак“

Одземени 2 бајти ,  пред 4 месеци
с
→‎'''Почетоци на Епл''': Јазична исправка, replaced: креирај → создај
с (→‎'''Почетоци на Епл''': Јазична исправка, replaced: базиран → заснован)
с (→‎'''Почетоци на Епл''': Јазична исправка, replaced: креирај → создај)
Возњак го сретнал Стив Џобс кога нивниот заеднички пријател од средно училиште Бил Фернандез ги запознал еден со друг. Во 1970 година тие двајца станале пријатели кога Стив Џобс работел за време на летото во Хјулит Пакард каде Возњак работел на [[Меинфрејм компјутер|мејнфрејм компјутер]]. Според автобиографијата на Возњак, Џобс имал идеја компјутерот да се продава како целосно составени од [[интегрално коло|интегрални кола]]. Возњак, во прво време скептичен, подоцна бил убеден од Џобс дека дури ако и не бидат успешни барем ќе можат да им кажат на внуците дека имале своја компанија. Заедно тие продале некои од работите кои ги поседувале (како што е научениот калкулатор на Возњак и Фолксваген комбето на Џобс), од кои добиле $ 1300, и почнале да ги составуваат првите прототипови во спалната соба на Џобс, а подоцна (кога им снемало простор) и во гаражата на Џобс. Станот на Возњак во [[Сан Хозе (Калифорнија)|Сан Хозе]] бил исполнет со монитори, електронски уреди и некои компјутерски игри кои Возњак ги развивал.
 
Веќе во 1971 година, една година по уписот, Возњак се повлекол од [[Универзитет на Калифорнија, Беркли|Универзитетот во Калифорнија, Беркли]] и го развил компјутерот, кој на крајот го направи познат. Самиот тој го дизајнирал [[хардвер]]от, електронските кола и [[оперативен систем]] за Епл I. Со дизајнот на Епл I, тој и Џобс работеле напорно за да ги импресионираат другите членови на Пало Алто-заснованиот Компјутерски Клуб, локална група на хобисти од областа на електрониката кои биле многу заинтересирани за компјутери, еден од неколкуте клучни центри кои ја создале ерата на домашно [[хоби]], суштински креирајќисоздајќи ја [[микрокомпјутер]]ската индустрија во текот на неколку години.
 
На [[1 април]], [[1976]] година, Џобс и Возњак го формирале [[Apple Computer|Епл Компјутер]]. Возњак се откажал од својата работа во Хјулит Пакард и станал потпретседател задолжен за истражување и развој на Епл. Нивниот прв производ, Епл I компјутер, е сличен на [[Altair 8800|Алтаир 8800]], првиот комерцијално достапен микрокомпјутер, освен што немал можност за внатрешни картички за експанзија. Со додавање на овие картички, Алтаир можел да сеповрзе на компјутерски терминал и може да биде програмиран во BASIC. Епл I бил машина наменета за хобисти, микропроцесор од $ 25 (MOS 6502) на единечно коло со 256 бајти [[ROM меморија]], 4K или 8K бајти на [[RAM меморија]] и дисплеј контролер кој прикажувал 40 карактери по 24 реда. Му недостасувало снабдување со електрична енергија, тастатура, или дисплеј, кои морале да бидат обезбедени од страна на корисникот. Почетната цена на Епл I била $ 666. (Возњак подоцна изјави дека не знае за односот меѓу цената и перформансите на ѕверот, исто така и „Дојдов до таа цена затоа што сакам да повторувам цифри.“) Џобс и Возњак ги продаваle своите први педесет системи на [[Пол Терел]], кој отварал нова компјутерска продавница, наречен Бајт Продавница, во [[Маунтин Вју (Калифорнија)|Маунтин Вју]], [[Калифорнија]].