Почеток (филм): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎За крајот: Правописна исправка, replaced: многу пати → многупати
с →‎Содржина: Јазична исправка, replaced: креиран → создаден
Ред 32:
Каб е ангажиран од господинот Саито ([[Кен Ватанабе]]) за малку поинаков случај: овој пат да вметне идеја во потсвеста на синот наследник на големата компанија што е конкуренција на Саито. Саито му ветува дека доколку успее во задачата, ќе помогне да се избрише обвинувањето против Каб во САД, со што Каб ќе може конечно да ги види децата. Каб го составува тимот за оваа задача: Ејмс, фалсификатор на идентитети, Јусуф, хемичар кој работи со моќни седативи потребни да се воспостават соништата и Аријадна, млада студентка архитект, која е задолжена за градење на [[лавиринт]]ите од соништата. Саито се приклучува кон тимот со цел да се увери дека задачата ќе биде завршена.
 
Задачата започнува во авионскиот лет од [[Сиднеј]] до [[Лос Анџелес]], а тимот се наоѓа во иста кабина со Роберт Фишер, кој го придружува телото на својот умрен татко. Каб става седатив во пијалакот на Роберт, а тимот го внесува Роберт во креиранитесоздадените соништа на три нивоа. На секое ниво е потребно еден од тимот да остане и да ги чува заспаните, додека останатите продолжуваат во придружба на Роберт сè до неговото најдлабоко ниво на потсвест. Начинот на будење од нивоата на соништата е удар, било да е паѓање на колата од мост, паѓање со лифт, зграда која се урива. На тој начин се враќаат назад низ нивоата сè до реалноста.
 
Проблем настанува кога Саито е смртно повреден во последното ниво на соништата, а умирање во сон за него би значело дека ќе остане заробен во заборав, во најдлабокото ниво на својата потсвест, при што ја губи врската со реалноста. Се појавува и мртвата сопруга на Каб, која ги саботира со тоа што го убива Фишер. Каб и Аријадна влегуваат во уште подлабока состојба за да ги најдат Саито и Фишер. Аријадна го наоѓа Фишер и го враќа назад низ нивоата на соништата, а Каб продолжува во потрага по Саито.