Бугаризација: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Правописна исправка, replaced: пред се → пред сè
== Бугаризацијата во XXI век == со наводи
Ред 20:
 
Меѓу најистакнатите борци против бугаризацијата се [[Ѓорѓи Пулевски]] од [[Галичник]], владиката [[Теодосиј Гологанов]] од [[Неврокоп]]ско, [[Крсте Петков Мисирков]] од [[Пела]] и др. Според некои македонски историчари како ревизионистот [[Зоран Тодоровски]], македонските преродбеници, исто како и дејците на ВМРО, се декларирале како Бугари. Според историчарот [[Иван Катарџиев]], периодот меѓу двете светски војни претставува „време на зреење“ на македонската национална свест. За Катарџиев, „дефинитивната афирмација“ на македонскиот национален идентитет е овозможена преку „елиминацијата на активноста на ривалските пропаганди, особено на бугарската дури по Втората светска војна.
 
== Бугаризацијата во XXI век ==
Со влегувањето на [[Република Бугарија]] во [[Европска Унија|Европската Унија]], бугарските власти започнуваат со давање бугарски [[државјанство|државјанства]] и [[пасош]]и на [[Република Македонија|македонски]] граѓани. Најголемиот дел од нив истите ги земаат заради економски причини и работа во странство.<ref>[https://www.dw.com/bg/защо-македонците-стават-българи/a-16431696 Защо македонците стават българи] {{bg}}</ref> Во [[2018]] во Бугарија избива скандал околу издавањето на бугарски пасоши, со обвинение за корупција на високи функционери од Државната агенција за Бугари во туѓина<ref>[https://legalworld.bg/76929.bylgariia-e-raztyrsena-ot-skandal-za-tyrgoviia-s-pasporti.html България е разтърсена от скандал за търговия с паспорти] {{bg}}</ref>, за трговија со пасоши издавани на Македонци, Албанци, Молдавци, Украинци кои плаќале и до 5000 евра.<ref>[https://www.dw.com/mk/секој-може-да-купи-бугарско-државјанство/a-46187450 Секој може да купи бугарско државјанство.] {{mk}}</ref><ref>[https://www.dw.com/mk/за-бугарски-пасош-македонците-плаќале-по-1000-евра/a-46187643 За бугарски пасош Македонците плаќале по 1.000 евра!] {{mk}}</ref><ref>[https://www.dw.com/bg/да-си-купиш-българско-гражданство/a-47184812 Да си купиш българско гражданство] {{bg}}</ref>
 
По потпишувањето на така наречениот ''„Договор за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија“'' на 1 август [[2017]] година од страна на премиерите [[Зоран Заев]] и [[Бојко Борисов]], во септември [[2020]] година Бугарија испрати т.н. „објаснувачки меморандум“ до земјите членки на Европската Унија.<ref>[https://mia.mk/novi-uslovi-od-bugari-a-za-pregovorite-so-eu/ Бугарија испрати т.н. „објаснувачки меморандум“ до земјите членки на Европската Унија] {{mk}}</ref> Меѓу другото, во меморандумот Бугарија на најдиректен начин го негира постоењето на македонскиот етнос, македонската нација и [[Македонски јазик|македонскиот јазик]], како и постоењето [[Пирински_Македонци|македонско малцинство]] на својата територија.<ref>[https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/politika/бугарскиот-меморандум-поставува-нов/ Бугарскиот меморандум поставува нови услови за Македонија во преговорите со ЕУ] {{mk}}</ref><ref>[https://www.dw.com/mk/захариева-признавањето-на-бугарските-корени-го-ставаат-ад-акта-прашањето-за-македонско-малцинство/a-55456500 Захариева: Признавањето на бугарските корени го ставаат ад-акта прашањето за македонско малцинство] {{mk}}</ref>
 
== Поврзано ==