Индекси (економија): Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Индекси на цени: Правописна исправка, replaced: дасе → да се
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{внимание}}
{{викификација}}
'''Индексите''' претставуваат релативни броеви кои се добиваат со споредување на големината на појавата во индексираниот (набљудуваниот период) со нејзината големина во базниот период. Тие се неименувани броеви кои изразуваат колку пати е поголемо или помало нивото или обемот на една појава од нивото на друга појава. Ако притоа ги покажуваат релативните промени само на една појава се нарекуваат индивидуални,а ако ги покажуваат промените на повеќе сродни појави се нарекуваат групни (агрегатни) индекси. Пример за индивидуални индекси: Индекс на цената на лебот, индекс на увозот на егзотични овошја, индекс на производството на електрична енергија во Р. Македонија и сл. а пример за групни индекси е: Индексот на производство на текстилни производи, индекс на промет на прехрамбени производи, индекс на увоз на козметички производи итн.
 
==Видови индекси==
Ред 29:
==Групни индекси==
 
Во статистичката литература групните индекси уште се нарекуваат агрегатни, множествени или синтетички. Тие ја изразуваат динамиката односно релативните промени на повеќе сродни појави. Изнаоѓањето на групниот индекс може да се врши со помош на разни методи и тоа во зависност од податоците со кои се располага. Во практика најкористени методи се: методот на агрегати и методот на просечни односи на индивидуалните индекси.
 
Сите индекси индивидуални и групни се поделени во 3 основни групи:
 
# Индекси на физички обем или квантум
Ред 40:
===Индекси на физичкиот обем===
 
Индексот на физичкиот обем се пресметува релативно лесно како количник помеѓу производството во тековниот период и оствареното производство (или промет) во базичниот период помножено со 100:
 
:<math>Iq=\frac{Q_1}{Q_0}*100</math>
Ред 51:
Резултатот на овој индекс ги покажува релативните промени во физичкиот обем бидејќи непроменетите цени имаат улога на пондер на пооделните количински износи. Бидејќи ваквиот начин на пресметка ги користи цените од базниот период како пондери се нарекува '''Ласперов групен индекс на квантум'''.
 
Групниот индекс на физички обем може да се пресмета така што количествата од базниот и тековниот период ке се помножат со цените од тековниот период:
 
:<math>Iq=\frac{\sum q_1 p_1}{\sum q_0 p_1}*100</math>
Ред 83:
:<math>Ip=\frac{p_1}{p_0}*100</math>
 
Меѓутоа мошне големо значење има следењето на динамиката на општото ниво на цените на пазарот, во прометот на мало и големо. Динамиката на општото ниво на цените се следи со помош на '''групните индекси на цени.''' Овој индекс исто како и индексот на физички обем може да се пресмета со помош на методот на агрегати и методот на просечни односи.
 
'''Метод на агрегати''':
 
На природата на методот на агрегати му одговара пондерирањето на количествата на пооделните производи во прометот. Со тоа е овозможено во структурата на прометот да се појави поголемо влијание на цената на онаа стока чие учество во прометот е поголемо. Ова е групен индекс на цени со базична пондерација, каде што цените од тековниот и базичниот период се множат со количествата од базичниот период , а добиениот резултат ке ги покаже само релативните промени во цените бидејќи непроменетите количества играат улога на пондери на индивидуалните цени:
 
:<math>Ip=\frac{\sum p_1 q_0}{\sum p_0 q_0}*100</math>
Ред 108:
'''Метод на просечни односи:'''
 
За пресметување на групните индекси на цени се користи и методот на просечни односи кој се заснова на индивидуалните индекси на цени. Пондерираната средина на индивидуалните индекси на цени претставува општ групен индекс на цени за сите опфатени производи.
 
:<math>Ip=\frac{\sum\frac{p_1}{p_0}*q_0 p_0}{\sum q_0 p_0}*100</math>