Србизација: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
[[Податотека:Srpski rjecnik s.jpg|мини|десно|Во Речникот на Вук Караџиќ од [[1818]] година се наоѓаат одредниците: ''србити'', ''србитисе'', ''србљење''.]]
'''Србизација''' (или '''посрбување''') се нарекува процесот на наметнување и утврдување на [[Срби|српски]] национален идентитет преку наметнување на [[Српски јазик|српскиот јазик]], [[Срби|српска култура]], обичаи итн. Обиди за србизација во [[Македонија (регион)|Македонија]] започнуваат уште во 19-тиот век, а особено се засилуваат во [[Вардарска Македонија|Вардарскиот дел на Македонија]] којшто после [[Букурешки договор, 1913|Букурешкиот договор]] паѓа под [[Кралство Србија|српска]] власт и подоцна под [[Кралство Југославија|Кралството Југославија]]. Вардарскиот дел и делови на јужна Србија официјално себиле нарекуванаречени [[Вардарска бановина]].
 
Обидите за србизацијата се спроведувале преку [[Српска Православна Црква|српската црква]], како и државните институции. Во [[1920]] година, владата во [[Белград]] донесува уредба за колонизација на Вардарска Македонија и [[Косово]]. На територијата на Вардарска Македонија паралелно со српската колонизација, се спроведува и аграрна реформа. Од целата обработлива земја која потпаѓа под аграрната реформа, македонските селани добиваат само 35%, а останатата е доделена на српските колонисти - жандарми, резервни офицери, четници и др. Поранешни војводи на [[Српски Четнички Покрет|Српскиот Четнички Покрет]] во Македонија добиваат како подарок цели села во [[Тиквеш]]ко и [[Велес|Велешко]]. Покрај колонизацијата, врз македонското население се вриши и физички терор, спроведуван од колонизираните неколку илјади српски жандарми. Поради револуционерната настроеност на македонското население, во тој период, теророт бил особено суров. Според официјални податоци, од [[1920]] до [[1926]] година, од страна на српската власт без никакво судење се убиени над 1.700 [[Македонци]] и [[Албанци]]. Во тој период низ затворите минуваат над 30.000 Македонци, а по [[1927]] година, во затвор остануваат над 8.000 од нив.