Софокле: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Творештво: дополнување
Нема опис на уредувањето
Ред 15:
==Животопис==
Софокле е роден во местото Колон, близу до [[Атина]], а потекнувал од „почитувано семејство“. Татко му бил угледен аристократ и сопственик на работилница за [[оружје]]. Детството го поминал во родното место. Во еден период од својот живот активно учествувал во политичкиот и општествениот живот на Атина, а извесно време бил стратег и учествувал во походот против Самосците. Според зборовите на царот [[Перикле]], Софокле имал малку дарба за воен стратег, па затоа по [[Самоската војна]] ([[441 п.н.е.|441]]-[[439 п.н.е.|439]] година п.н.е.) Перикле му доверил [[Дипломатија|дипломатска]] служба. Во дипломатката мисија бил на островите [[Хиос]] и [[Лезбос]]. Извесен период бил [[свештеник]] на богот Амин (бог на лекарите). Освен што бил пријател на Перикле, одржувал пријателски врски со многу [[поет]]и и [[уметник|уметници]] во тоа време. Животот го поминал, главно, во Колон и во Атина, и му бил исполнет со семејна среќа и незначителни успеси.
Софокле умрел во [[406 п.н.е.|406]] година п.н.е. и бил погребан во семејната [[гроб]]ница. Државникот [[Ликург]] се погрижил за неговата биста заедно со бистите на [[Есхил]] и [[Еврипид]] да биде ставена во [[Атински театар|Атинскиот театар]], а драмите да му се препишат и да се чуваатељифхиегпљехгпљехжаат во државниот архив.<ref>Георги Сталев, „Софоклева Антигона - Или приказна за поразените“, во: Софокле, ''Антигона''. Скопје: Наша книга, 1976, стр. 71-75.</ref>
==Творештво==
Софокле ја почнал кариерата на драмски автор кога имал околу 27 години. Во [[468 п.н.е.|468]] година п.н.е. за првпат се пријавил на натпреварот за најдобро драмско дело (со својата драма „Триптолема“) и, според решението на публиката и на главниот командант на атинската флота, Кимон со десетте полководци, го освоил првото место, пред [[Есхил]], кој тогаш бил познат и признат трагичар. Подоцна, во текот на својот живот, Софокле морал да води поетски натпревари и со својот син, Ијофон, кого го победил и поради тоа имал непријатности со него. Така, со својот син водел судски спорови, а на еден од нив, наместо својата одбрана ја прочитал новата трагедија „Едип во Колон“ и благодарение на неа успешно се одбранил од обвинувањата.<ref name="ReferenceA">Георги Сталев, „Софоклева Антигона - Или приказна за поразените“, во: Софокле, ''Антигона''. Скопје: Наша книга, 1976, стр. 68-69.</ref><ref name="ReferenceB">„Белешка за авторот“ во: Софокле, „Цар Едип“. Скопје: Детска радост, 2013, стр. 129-131.</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Софокле