Лејди Гага: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 45:
 
== ''Born This Way'' (Родена ваква) ==
Во текот на 2010 година Гага објави две песни од нејзиниот нов албум. Првата песна беше [[You and I]](Јас и ти) која ја испеа на [[The Today Show]](Денес шоуто). Втората песна беше [[Living on the radio]] (Живеам во радиото) која ја испеа на нејзината турнеа. Низ текот на 2010 година Гага изјави дека нејзиниот трет албум е најдобриот до сега. Тоа го потврдија и луѓето кои работе со неа како продуцентот [[RedOne]] и [[Elton John]]. На [[2010 MTV Video Music Awards]] (2010-те MTV видео музички награди) кога ја прими наградата за видео на годината, Гага го објави името на новиот албум, [[Born This Way]] (Родена ваква) и испеа дел од рефренот на истоимената песна. На нова година Гага објави на [[Twitter]] дека првиот сингл од новиот албум ќе биде пуштен во продажба на 13ти февруари 2011, додека албумот на 23ти мај 2011 година. Во втората половина на јануари Гага објави ремикс на една од песните од ''Born This Way'', кој беше премирно пуштен на ревијата на модната куќа [[Mugler]]. На крајот од јануари на интернет почнаа да се појавуваат делови од текстот на песната ''Born This Way'', по што Гага на ''Twitter'' им вети на своите ''мали чудовишта'' дека ако зборот ''#bornthiswaylyrics'' стане тренд на ''Twitter'' таа ќе ги објави целиот текст за песната. За неполн час зборот станува тренд број еден на ''Twitter'' и Гага ги објавува текстот. Во текстот на песната се гледа поддршката која Гага им ја дава на неприфатените групи во општеството како со зборовите "Без разлика дали геј, стрејт, бисексуалец, лезбејски или транссексуален живот На добра патека сум, Родена сум да преживеам" со што сака да ја посочи еднаквоста без разлика на сексуалната ориентација. Во другите делови од текстот таа зборува за расната еднаквост, хендикипираните, како и за луѓето кои се малтретирани од други луѓе. Во неколку наврати таа изјави дека текстот е без многу метафори и директен. На 7ми февруари Гага објави на ''Twitter'' дека ќе го објави синглот два дена порано на 11ти февруари 2011 година. Следниот ден таа објави слика од синглот каде можеа да се забележат простетски импланти на лицето и рамената на Гага. Песната ''Born This Way'' беше објавена на 11ти февруари 2011 година и за неколку часа стана број еден песна на [[iTunes]]. Песната сруши многу рекорди и стана 1000тиот број еден сингл на американската топ 100 листа. Во неделата на доделувањето на Греми наградите Гага повторно привлече внимание кога стигна на црвениот ќилим во јајце која таа го нарекува брод. Таа го образложи целиот настап како повторно раѓање на нова раса во самата раса на човештвото, раса која не знае за предрасуди. Наредната недела Гага објави уште неколку наслови на песни од новиот албум, како и името на вториот сингл [[Judas]]. Другите песни од новиот албум според сите шпекулации се: [[Edge of Glory]], [[Hair]],[[Americano]], [[Government Hooker]], [[Bad Kids]], [[Marry the night]], [[You and I]] и [[Living on The Radio]].
 
== Музички стил и влијание ==
Ред 56:
Нејзиниот прв албум The Fame (Славата) се најде на прво место на топ листите во САД и во Велика Британија. Лејди Гага стана исто така и првиот музички изведувач во историјата што имаше четири број еден хитови на деби албум.
Нејзиниот втор албум The Fame Monster (Славата чудовиште) исто така се најде на првите места на неколку топ листи, а хитот Bad Romance (Лоша романса) стана најслушаната песна во последните 17 години, влегувајќи дури и во книгата на Гинесови рекорди со 10.456 пати пуштена само на радио. „[[Bad Romance]]“ (Лоша романса) стана исто така и најгледаното видео на познатата интернет страница YouTube над 150.000.000 пати погледнато, несметајќи колку пати е погледнато на VEVO YouTube страницата затоа што таму не се води евиденција од таков вид.
Видеото за синглот „Paparazzi“ (Папараци) беше вистинско ремек дело и беше едно од најинтересните за 2009 година, со времетраење од над седум минути. Неговото продолжение беше најновиот спот на Гага во придружба со мегапопуларната Beyoncé, кој излезе на 12 март, 2010 година, видеото насловено како „[[Telephone (песна)|Telephone]]“ (Телефон) кое трае точно 9 минути и 32 секунди.
Гага и Beyoncé снимија уште едно видео пред Telephone (Телефон), во октомври 2009, насловено како Video Phone (Видеофон) каде што Гага беше придружник на Beyoncé.
 
Ред 170:
* {{IMDb name|3078932}}
* [http://www.life.com/image/first/in-gallery/53051/year-in-gaga-a-provocative-2010#index/0 Year in Gaga: A Provocative 2010 ]— слајдшоу од ''[[Life magazine]]''
* [http://hken.ibtimes.com/articles/118272/20110303/lady-gaga-fashion-debut-paris-fashion-week-thierry-mugler-fall-winter-2011-2012-stylist-nicola-formi.htm Lady Gaga’s catwalk debut at Paris Fashion Week] слајдшоу од [http://hken.ibtimes.com IBTimes HK]
 
{{Лејди Гага}}