Wi-Fi: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Стандардни уреди: Правописна исправка, replaced: Бежич → Безжич
Нема опис на уредувањето
Ред 13:
Насочувачите со Wi-fi поддршка кои имаат и вграден модем за дигитална претплатничка линија (анг. digital subscriber line modem) или кабловски модем, често се поставени по домовите или други простории и нудат интернет пристап и работење во мрежа на уредите кои се поврзани со нив, преку Wi-Fi или со кабел. Исто така Wi-Fi уредите можат да се поврзат во директна клиент-клиент врска во ad hoc режим на работа без посредство на насочувач. Преку Wi-Fi денес се овозможува интернет пристап и до тоалети, кујни, па дури и дворски шупи, места кои порано биле изоставени од ваквата технологија.
 
===Wi-Fi на ниво на градови===
 
Од 2000та година, многу градови низ светот објавија планови за изградба на Wi-Fi мрежи на ниво на целиот град. Но ваквите проекти се покажаа многу потешки за реализација од колку нивната првична замисла и како резултат на ова многу од нив беа откажани или одложени на неопределен рок.
Ред 19:
===Директна комуникација меѓу два компјутери===
 
Wi-Fi технологијата исто така овозможува директна комуникација меѓу два или повеќе компјутери без посредство на точка на пристап. Ваквото поврзување се вика ad hoc режим на пренос на податоци преку Wi-Fi . Ваквиот ad hoc режим на поврзување се покажа доста популарен кај конзолите за видеоигри кои подржуваат вклучување на повеќе учесници, како на пример Нинтендо ДС.
Слично на ова, Wi-Fi алијансата ја подржува таканаречената Wi-Fi Direct технологија, која е се уште во развој, и која користи нови методи на пронаоѓање и безбедност при пренесување на податоци.
 
Ред 31:
Во САД, Федералната комисија за телекомуникации дозволи слободно користење на дел од фреквентниот спектар, со ново донесените правила на 9-ти мај 1985 година. Многу други земји подоцна го следеа овој пример, со што денес се овозможува употреба на неколку комуникациски технологии низ целиот свет. Дозволата која ја издаде Федералната комуникациска комисија во САД беше заснована на предлогот на Мајкл Маркус, член на оваа комисија, уште од 1980 година и требаше цели 5 години на истата за да стапи во сила. Тој предлог беше дел од поголем предлог за да се дозволи слободна употреба на фреквентниот спектар од страна на граѓаните и истиот тој предлог, во тоа време, беше оспоруван од страна на големите производители на електронска опрема и комуникациските регулатори.
Зачетоците на Wi-Fi технологијата се уште од 1985 г. кога Федералната комисија за телекомуникации на САД, дозволи слободно користење на неколку фреквентни појаси. Во 1991год. NCR корпорацијата и ATиT ( NCR Corporation и AT&T) односно денешните Лусент Технолоџис и Агер Системс (Lucent Technologies и Agere Systems) го создадоа претходникот на денешниот Wi-Fi систем во Нејвеген, Холандија. Овај систем бил создаден за комуникација со системи на фискални каси; Првите безжични уреди се појавија на пазарот под англиското име WaveLAN и развиваа брзина на пренос од 1 Mbit/s до 2 Mbit/s. Вик Хејс, кој беше директор на IEEE 802.11 цели 10 години и подоцна беше именуван како „таткото на Wi-Fi технологијата” беше дел од дизајнерскиот тим кој ги создаде IEEE 802.11b и 802.11a стандардите
Поголем дел од IEEE 802.11стандардите врз кои се базира Wi-Fi технологијата (во својата a, g и варијантите на n генерацијата), според одлуките на судот, биле засновани на патентот 5,487,069 кој бил регистриран во САД во 1993 година, од страна на CSIRO, Австралиско истражувачко тело. Овај патент стана причина за судски спор кој ова тело го поведе против поголемите производители во компјутерската индустрија. Во 2009 година CSIRO потпиша договор под доверливи услови со 14 компании, меѓу кои Hewlett-Packard, Intel, Dell, Toshiba, ASUS, Microsoft и Nintendo. Приходот на оваа групација до октомври 2009 година порасна до 200 милиони австралиски долари, како последица на овие договори.
Европа води во прифаќањето на безжичната телефонија, но САД моментално води употребата на Wi-Fi технологијата, поради тоа што во САД лаптоп компјутерите, кои имаат вграден Wi-Fi адаптер, почесто се користат. Во јули 2005 година имаше 68,643 Wi-Fi локации низ целиот свет, од кои повеќето беа во САД, потоа втори на листата Беа Обединетото Кралство и Германија. Сад и Западна Европа го сочинуваа скоро 80% од сите Wi-Fi корисници во светот. Во изработка се планови за во САД да се обезбеди јавен Wi-Fi пристап како бесплатен јавен сервис. Но и покрај ваквите бројки, кои денес се далеку поголеми, користењето на Wi-Fi технологијата се уште е мала. Тогашната компанија Јупитер Рисерч (Jupiter Research) објави статистички податоци кои покажуваат дека само 15% од луѓето некогаш се поврзале на Wi-Fi сигнал и дека само 6% се поврзале на сигнал на јавно место.
 
Ред 42:
 
Името Wi-Fi е кратенка од англискиот израз Wireless Fidelity (мак. Безжична Веродостојност), кој потсеќа на стариот израз за класификација на аудио опрема, Hi-Fi (кратенка од анг. High Fidelity - мак. Висока Веродостојност) кој се користи од 1950 г. Дури и Wi-Fi алијансата често го користи изразот Wireless Fidelity во своите дописи и документи; истиот термин се среќава и на документите на Американската асоцијација за информатичка технологија. Како и да е, терминот Wi-Fi, според изјавата на Фил Белинџер, никогаш не ни требало да значи нешто.
Терминот Wi-Fi беше искован од страна на фирмата за развој на брендови „Интербренд корпорејшн“, која била најмена од страна на алијансата да направи име кое ќе биде помилозвучно од името на стандардот на IEEE. Белинџер исто така изјави дека фирмата „Интербренд“ го создале името Wi-Fi од Hi-Fi како во игра со зборови и дека го исковале Wi-Fi логото според знакот на Јин и Јанг. Изразот Wireless Fidelity подоцна беше искористен за да се објасни значењето на терминот Wi-Fi.
Првично, Wi-Fi алијансата го користеше слоганот „Стандардот за Безжична Веродостојност“ (анг. The standard for Wireless Fidelity) во своите маркетиншки акции, но подоцна го изостави истиот. Но и покрај тоа, некои документи издадени од алијансата во 2003 и 2004 г. го носеа изразот Wireless Fidelity во себе. Алијансата никогаш официјално не се откажа од овај термин.
Сличноста на логото со знакот на Јин и Јанг ја симболизира кофункционалноста на производот со другите уреди.
Ред 57:
===Ограничувања===
 
Ограничувањата во функционирањето и доделувањето на фрекфенции не се исти низ целиот свет. Поголем дел од Европа дозволува користење на дополнителни 2 канали за 2,4 GHz-от појас, за разлика од САД (1-11 спрема 1-13); А во Јапонија користат еден канал повеќе од Европските (1-14). Европа од 2007 г. е многу хомогена во тој аспект. Многу збунувачки е фактот што Wi-Fi сигналот во суштина зафаќа 5 канали во 2,4 GHz-от појас и во САД има само три канали кои не се преклопуваат со други:1, 6, 11 и три или четири во Европа: 1, 5, 9 и 13 може да биде користен ако се гарантира дека целата опрема во блиската околина воопшто не го користи 802.11b, дури ни како резервна или контролна комуникација. EIRP (анг. Equivalent isotropically radiated power - мак. Ефективна изотропно емитирана моќност) во Европа е ограничен до 20dBm односно 100 mW.
 
===Домет===
Ред 64:
Квалитетот на Wi-Fi сигналот се намалува за околу четири пати со зголемување на далечината, доколку влијанието на другите уреди остане исто.
Поради потребите за поголем домет на Wi-Fi сигналот, Wi-Fi уредите трошат доста повеќе ел. енергија од уредите кои користат други стандарди. Технологиите како Блутут (анг. Bluetooth), дизајнирани за изградба на помали мрежи, имаат домет помал од 10 метри и затоа трошат помалку ел. енергија. Други технологии со мала потрошувачка, како ЗигБи (анг. ZigBee) имаат доста голем домет, но мал проток на податоци. Големата потрошувачка на Wi-Fi технологијата претставува проблем со тоа што го намалува времетраењето на батериите кај мобилните уреди.
Научниците развијаа доста безжични технологии како замена за Wi-Fi, особено во затворени простории каде Wi-Fi сигналот има послаб домет и каде што спроведувањето на кабли е невозможно или неисплатливо . На пример, ITU-T G.hn стандардот за мрежи со големи брзини на пренос на податоци, ги користи постоечките инсталации како коаксиални, телефонски или кабли за струја. Иако овај стандард не ги има истите предности како Wi-Fi (мобилност и користење на отворено), тој е покорисен за употреба во затворени простории каде што квалитетот на сигналот е поважен од мобилноста (достава на IPTV).
Поради сложената природа на радиобрановите при типичните Wi-Fi фрекфенции, особено одбивањето на истите од дрва и градби, јачината на сигналот во одредена област се пресметува со компјутерски програми. Истите ефекти не се јавуваат кај Wi-Fi сигналот со голем домет, поради тоа што истиот се емитира од високи кули над сите овие пречки.
 
Ред 73:
===Безбедност на податоци при трансфер===
 
Најчесто користениот стандард за енкрипција на податоци при безжичен трансфер, WEP (Wired Equivalent Privacy), се покажа дека е лесно пробивлив дури и кога е добро конфигуриран. WPA или WPA2 (Wi-Fi Protected Access) стандардите за енкрипција, кои стапија во употреба во 2003 година , беа создадени за да го решат овај проблем. Wi-Fi мрежите, доколку не се конфигурираат поинаку, не вклучуваат енкрипција на податоците. На корисниците-почетници им одговара да го извадат Wi-Fi адаптерот од кутија и дирекно да го постават, без да прават било какво конфигурирање на истиот, но ваквата фабричка конфигурација не вклучува никаква заштита и му овозможува пристап на секој кој ќе се најде во домет на таа мрежа. Wi-Fi адаптерот треба да се конфигурира преку посебни компјутерски програми за да се активираат заштитните системи во него. Кај незаштитените Wi-Fi мрежи секој корисник има пристап до сите податоците кои се пренесуваат (вклучувајќи ги и личните податоци), но ваквите можат да користат и други начини на заштита како VPN (Virtual private network) или HTTPS (secure Hypertext Transfer Protocol) и TLS (Transport Layer Security) протоколи.
 
===Популација===
Ред 81:
===„Загадување“ на каналите===
 
Побарувањата на пазарот може да поттикнат стандардизација во оваа област. Проблеми во комуникацијата меѓу брендови кои не ја користат Wi-Fi технологијата и брендови кои користат варијанти од истата може да предизвикаат попречување на врските или намалување на брзината на пренос на податоци на сите уреди кои се во нивни домет, вклучувајќи ги и тие со Wi-Fi и брендовите засновани на другите технологии. Освен тоа, користењето на ISM (IP Multimedia Subsystem) во 2,45 GHz-от појас од страна на блутут, WPAN-CSS (Wireless Personal Area Network - Chirp Spread Spectrum), ЗигБи или било кои нови системи, предизвикува дополнителни проблеми.
Загадувањето на Wi-Fi сигналот или поставување на премногу точки на пристап во одредена област, особено на истиот или на соседен канал, може да го попречи поврзувањето или да ја отежни комуникацијата меѓу пристапните точки и корисничките уреди, поради преклопување на канали во спектарот на 802.11g/b технологиите, како и зголемување на количеството на шум во споредба со сигналот. Ова може да биде проблем во густо населените области, како на пример комплекси од станбени згради или канцелариски простории со многу Wi-Fi точки на пристап. Плус тоа, и други уреди го користат 2,4 GHz-от појас, како на пр.: микробранови печки, камери за обезбедување, Блутут уреди и (во некои земји) аматерски радија, видео комуникатори, безжични фиксни телефони и бубици; и истите создаваат пречки во Wi-Fi комуникацијата. Тоа е исто проблем кога цели општини или други просторни единици (на пр. универзитети организирани во кампуси) се обидуваат да покријат поголеми површини со Wi-Fi сигнал. Оваа отвореност е исто така важна за успехот и раширеноста на 2,4 GHz-от Wi-Fi сигнал.
 
Ред 106:
==Безбедност на мрежата==
 
Главниот проблем кај безбедноста на безжичните мрежи е едноставниот начин за поврзување кон истите, за разлика од традиционалните жичени мрежи како ethernet. Кај жичените мрежи за да се поврзете на нив мора или физички да се поврзете на нејзината инфраструктура или да го пробиете надворешниот огнен ѕид. Повеќето компании се обидуваат да ги заштитат своите податоци со тоа што забрануваат пристап до мрежата од надвор. Со ова обезбедувањето пристап до таква мрежа добива димензија на упад, особено ако мрежата не е заштитена со енкрипција или ако упаѓачот ја разбил истата.
Упаѓачите кои обезбедиле пристап до Wi-Fi мрежата со создавање на лажен DNS опслужувач може да ги пресретнат барањата на другите корисници и да одговорат со лажен одговор уште пред вистинскиот DNS опслужувач да го добие нивното барањето.
 
Ред 112:
 
Најкористен, но не и најефикасен, метод на заштита денес е прикривањето на SSID (Service Set IDentifier) името на точката на пристап. Ова е неефективен безбедносен метод затоа што SSID името се испраќа како одговор на секое SSID барање. Уште еден непродуктивен метод е кога му е се доделува пристап само на компјутери со веќе позната MAC (Media Access Control address) адреса. Но најчесто и многу лесно, упаѓачите можат да ја сменат нивната MAC адреса и да добијат пристап до мрежата. Доколку прислушувачите можат да си ја сменат MAC адресата, тогаш тие можат да се поврзат на мрежата со поставување на адреса на која и е дозволен пристап.
WEP енкрипцијата беше развиена за да се заштитат мрежите од упаѓачи, но сега е разбиена. Програмите како AirSnort или Aircrack-ng можат многу лесно да го пронајдат клучот кај WEP енкрипцијата. Кога ќе прегледа од 5 до 10 милиони криптирани пакети на податоци, AirSnort програмата може да го одреди клучот за помалку од секунда; поновите програми како Aircrack-ptw преку користење на таканаречениот Клајнов напад (анг. Klein’s attack) можат да ја разбијат WEP енкрипцијата со 50% успешност по само 40.000 прегледани пакети.
Како контра мерка, во 2002 година Wi-Fi алијансата ја одобри за употреба WPA (Wi-Fi Protected access) енкрипцијата која користи TKIP како повремено решение за новата технологија. Иако е посигурна од WEP, WAP енкрипцијата го надживеа предвидениот рок на користење, има општо познати сигурносни слабости и веќе не се препорачува за користење.
Во 2004 г. IEEE го ратификуваше новиот стандард за енкрипција 802.11i или попознат како WPA2. Овај стандард се уште се смета за безбеден ако се користи на 802.11X опслужувач или со претходна размена на клучот за енкрипција (анг. Pre-shared key mode), употребувајќи добра и невообичаена лозинка.
 
===Ушкање===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Wi-Fi