Остатоци од денот: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
дополнување
Ред 1:
'''Остатоци од денот''' ([[англиски]]: ''Remains of the Day'') е [[британски]] [[филм]] од [[1993]] година, во [[режија]] на [[Џејмс Ајвори]] (James Ivory), според [[сценарио]]то на [[Рут Проер Џабвала]] (Ruth Prawer Jhabvala), засновано врз [[роман]]от на [[Казуо Ишигуро]]. Главните улоги ги толкуваат: [[Ентони Хопкинс]] и(Anthony Hopkins), [[Ема Томпсон]] (Emma Thompson), [[Џејмс Фокс]] (James Fox), [[Кристофер Рив]] (Christopher Reeve), [[Питер Вон]] (Peter Vaughn) итн. Филмот освоил 19 награди и имал вкупно 27 номинации, вклучително и осум номинации за наградата „Оскар“„[[Оскар]]“. Лондонските филмски критичари го прогласиле Ајвори за режисер на годината, а Хопкинс (кој освоил девет награди за неговата улога) за глумец на годината.<ref>[http://www.imdb.com/title/tt0107943/?ref_=nv_sr_1 IMDb, The Remains of the Day (1993) (пристапено на 3.1.2015)]</ref> <ref>[https://raspored.hrt.hr/?raspored=1&mreza=4 HRT, Na kraju dana, britansko-američki film (пристапено на 28.11.2020)]</ref>
 
==Содржина==
Дејството на филмот се одвива во [[Британија]] по [[Втора светска војна|Втората светска војна]], а во него е прикажан животот во дворецот на [[Лорд|лордот]] Дарлингтон (го игра Фокс). Приказната ја раскажува госпоѓата Кентон (ја игра Томпсон), која се присетува на својата служба кај лордот каде работела заедно со главниот батлер, Џејмс Стивенс (го игра Хопкинс). Тој е беспрекорен во извршувањето на работата и слепо верен на својот господар, така што никогаш не ги покажува своите чувства, ниту пак го искажува своето мислење. Лордот често го посетуваат претставници на [[Нацистичка Германија|нацистичката Германија]], како и нивните англиски симпатизери, но Стивенс никогаш не ги коментира нивните разговори. Неговиот стар татко (го игра Вон), поранешен келнер, е болен и поради тоа е преместен на местото чистач, а Стивенс не покажува никакво сочувство кон својот татко, кој е огорчен поради новата понижувачка работа. Неговиот свет и неговите конвенционални критериуми и вредности ќе бидат разнишани со доаѓањето на домаќинката на куќата, госпоѓицата Кентон, која се вљубува во него. И таа е беспрекорна во работата, меѓутоа истовремено е чувствителна и кога ќе умре татко му на Стивенс, таа бдее над него, додека Стивенс е зафатен со послужување на угледните гости. Соочена со бесчувствителноста на Стивенс, Кентон запознава еден маж со кого набргу стапува во [[брак]] и го напушта имотот на лордот. Многу години подоцна, остарениот Стивенс оди во пензија и дури тогаш го преиспитува својто став кон работата и кон животот. Тој се среќава со госпоѓата Кентон, но дури и тогаш нема сила да ги покаже своите чувства кон неа.<ref>''Антена'', број 856, 21.11.2014, стр. 27.</ref> <ref>''Антена'', број 861, 26.12.2014, стр. 23.</ref> ref>[https://raspored.hrt.hr/?raspored=1&mreza=4 HRT, Na kraju dana, britansko-američki film (пристапено на 28.11.2020)]</ref>
Дејството на филмот се одвива во [[Британија]] по [[Втора светска војна|Втората светска војна]]. Светот на главниот батлер и на неговите конвенционални критериуми и вредности ќе бидат разнишани со доаѓањето на домаќинката на куќата, која се вљубува во него. Можноста за романса, од една страна, и врската на неговиот работодавач со [[Нацисти|нацистичкото]] движење, од друга страна, ги става на проба послушноста и услужливоста на батлерот.<ref>''Антена'', број 856, 21.11.2014, стр. 27.</ref> <ref>''Антена'', број 861, 26.12.2014, стр. 23.</ref>
 
== Наводи ==
{{наводи}}
 
 
[[Категорија:Британски филмови]]
Ред 12 ⟶ 11:
[[Категорија:Филмови со Ентони Хопкинс]]
[[Категорија:Филмови со Ема Томпсон]]
[[Категорија:Филмови со Питер Вон]]
[[Категорија:Филмови со Џејмс Фокс]]
[[Категорија:Филмови со Кристофер Рив]]
[[Категорија:Филмови на англиски јазик]]
[[Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Британија]]
[[Категорија:Филмови засновани на романи]]
[[Категорија:Филмови од 1993 година]]