Масакр во Ваташа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
 
Додека ги воделе младинците, на неколку места ги запирале. Веројатно се премислувале каде да ги стрелаат, додека ним им велеле дека ги носат за да ги фотографираат. Најстариот од сите, Васо Хаџиjорданов насетил дека нешто лошо се подготвува, па кај месноста „Чаир“ каде биле запрени, почнал да бега, а по него побегнале и други. Тогаш била издадена наредбата 'оган'. Дванаесетте младинци биле застрелани, иако сите војници не сакале да пукаат. Најмладиот од стреланите имал само 15 години. Еден од стреланите пред да умре, успеал да изусти '''“Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!”'''. Четирите девојки што исто така биле уапсени — [[Мара Хаџи Јорданова]], [[Стева Ампова]], [[Павлина Касапинова]] и [[Ката Ицева]] — ги тргнале настрана.<ref>[https://documents-mk.blogspot.com/2012/06/blog-post_16.html Дарко Јаневски, „Ги лажеа дека ќе ги сликаат за полесно да ги убијат“], „Нова Македонија“.</ref> Полицискиот началник Петко Опреков се спротивставил на поручникот Костов кога сакал да ги убие и девојките, а капетан [[Борис Жеглов]] го поддржувал Опреков па така тие биле спасени.<ref>[http://sande.blog.bg/izkustvo/2011/10/09/makedonski-reportaji-zaplakalo-e-selo-vatasha.832296 Македонски репортажи - Заплакало е село Ваташа.]</ref> Интересно е сведочењето на девојките, кои биле натерани од поручникот Костов да се припојат до младинците, на што се спротивставил Петко Опреков, нагласувајќи дека не е таква наредбата<ref name=":0" />. Ова говори за претходно спремана акција од страна на [[Бугарија за време на Втората светска војна|фашистичките бугарски сили]]. Откако насетиле дека ќе бидат егзекутирани, се дале во бегство, но биле покосени од бугарските војници. За крволочноста на бугарските сили, говори и извештајот на ГШ на НОВ, од септември, 1943 каде пишува: <blockquote>''"Младинците се изрешетани од куршуми од митралези, па потоа се избодени со бајонети. На некои им се исечени рацете и извадени очите и притоа сите биле ограбени“.''</blockquote>Сестрата на Блаже, Ката која била одведена на местото и била сведок на овој грозоморен чин се сеќава дека нејзиниот брат Блаже, сè уште давал знаци на живот после стрелањето, но Бугарите со бајонети ги боделе и сечеле 12 младинци од Ваташа.
[[Податотека:Слика од погребот на погубените младинци од Ваташа..jpg|мини|300п|десно|Слика од третиот погреб на погубените младинци од Ваташа, кога моштите им се пренесени кај споменикот.]]
 
{{Quote|text=''"Кога сестра ми Ката влезе во дворот, изнемоштена падна. Мајка ми ја праша каде е Блаже, а таа со плачење одговори дека е стрелан. По толку години и сега со силна болка се сеќавам на таа слика и на зборовите на Ката дека Блаже по рафалното пукање сѐ уште бил жив, но Бугарите со бајонети го убиле пред нејзини очи извикувајќи: „Гледајте, не седнувајте комунистки, гледајте“. Родителите и другите селани истрчаа во Моклиште, но под силна закана дека ќе го запалат селото можеа само набрзина со гранки и со лисја да ги покријат телата и да ги покријат со земја. Мајка ми не ми дозволи и јас да отидам таму, ми нареди да донесам алишта за Блаже, а јас уплашена, не знаејќи што да земам, избрав голем куп алишта, но, за жал, не успеав да ѝ ги однесам на мајка ми."'' – раскажува Нада.|sign=|source=}}