Масакр во Ваташа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 12:
Во раните утрински часови во селската кафеана во Ваташа биле приведени и сослушани неколкумина младинци и девојки. Тие биле скоевци, кои кришум им помагале на партизаните, но биле накодошени. Според Стева Илиева од Кавадарци: „Кметот нè собираше од куќите со готов список, сите нè имаше по име и презиме.“ Во кафеана тие се испрашувани и тепани, а потоа се терани да признаат дека биле сите заедно со партизаните на [[1 мај]] во месноста [[Моклиште (село)|Моклиште]] и дека биле нивни помошници. На крајот на полицискиот распит се ослободени еден младинец и една девојка. Останатите 12 младинци и 4 девојки остануваат со обвинение за врска со партизаните и претстојно бегство во планината. Откако тие ги поднеле сите тортури и измачувања, полиција и војска ги одвеле пешки во колона кон Моклиште.<ref>{{наведени вести|url=http://www.utrinski.mk/?ItemID=A463375A730BB94DB83E8689C9419D03|title= Годишнина од убиството на ваташките младинци|date= 18 јуни 2007|publisher=Утрински Весник|accessdate=2016-08-17}}</ref>
 
Додека ги воделе младинците, на неколку места ги запирале. Веројатно се премислувале каде да ги стрелаат, додека ним им велеле дека ги носат за да ги фотографираат. Најстариот од сите, Васо Хаџиjорданов насетил дека нешто лошо се подготвува, па кај месноста „Чаир“ каде биле запрени, почнал да бега, а по него побегнале и други. Тогаш била издадена наредбата 'оган'. Дванаесетте младинци биле застрелани, иако сите војници не сакале да пукаат. Најмладиот од стреланите имал само 15 години. Еден од стреланите пред да умре, успеал да изусти '''“Стрелајте кучиња, но нашата идеја нема да умре!”'''. Четирите девојки што исто така биле уапсени — Мара Хаџи Јорданова, Стева Ампова, Павлина Касапинова и Ката Ицева — ги тргнале настрана.<ref>[https://documents-mk.blogspot.com/2012/06/blog-post_16.html Дарко Јаневски, „Ги лажеа дека ќе ги сликаат за полесно да ги убијат“], „Нова Македонија“.</ref> Полицискиот началник Петко Опреков се спротивставил на поручникот Костов кога сакал да ги убие и девојките, а капетан Борис Жеглов го поддржувал Опреков па така тие биле спасени.<ref>[http://sande.blog.bg/izkustvo/2011/10/09/makedonski-reportaji-zaplakalo-e-selo-vatasha.832296 Македонски репортажи - Заплакало е село Ваташа.]</ref> Интересно е сведочењето на девојките, кои биле натерани од поручникот Костов да се припојат до младинците, на што се спротивставил Петко Опреков, нагласувајќи дека не е таква наредбата<ref name=":0" />. Ова говори за претходно спремана акција од страна на фашистичките бугарски сили.Откако насетиле дека ќе бидат егзекутирани, се дале во бегство, но биле покосени од бугарските војници. За крволочноста на бугарските сили, говори и извештајот на ГШ на НОВ, од септември, 1943 каде пишува: <blockquote>''"Младинците се изрешетани од куршуми од митралези, па потоа се избодени со бајонети. На некои им се исечени рацете и извадени очите и притоа сите биле ограбени“.''</blockquote>Сестрата на Блаже, Ката која била одведена на местото и била сведок на овој грозоморен чин се сеќава дека нејзиниот брат Блаже, сè уште давал знаци на живот после стрелањето, но Бугарите со бајонети ги боделе и сечеле 12 младинци од Ваташа. За свирепоста на Бугарските фашисти говори и фактот што не им било дозволено на родителите да ги погребаат своите деца, па тие набрзина нафрлиле земја и ги прекриле со гранки.<ref name=":0" /><ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.youtube.com/watch?v=i1cM-ew5IQA|title=Извадок од документарниот филм за Масакрот во Ваташа - РТС 1979|last=|first=|date=1979|work=www.youtube.com|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>
 
Денес на тоа место постои мал споменик. По војната, бил организиран вистинскиот погреб. Кога семесјтвата сами си ги откопале коските, ги премиле во реката и во мали ковчези ги закопале во Моклиште<ref name=":0" />. А, по третпат, таму каде што денеска има голем споменик, се закопани во [[1963]] година.