Никола I Петровиќ: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
Ознаки: Мобилно уредување Мобилно семрежно уредување
Ред 41:
 
=== Кнез на Црна Гора ===
На 19 години станал кнез на Црна Гора, функција која во првите неколку години ја извршувал заедно со својот татко. Заради ослободувањето на [[Херцеговина]], во 1862 година завојувал против [[ОслманлискоОсманлиско царство|Османлиското царство]]. Војната била тешка за [[Црна Гора]], па идејата за ослободување на [[Херцеговина]] завршила без успех. Во 1868, кнезот Никола отпатувал во [[Русија]], каде се сретнал со императорот [[Александар II (Русија)|Александар II]] и ги продолжил пријателските односи, кои ги започнале неговите предци. По враќањето од Русија, започнал да спроведува реформи и да ја преуредува државата. Најголема грижа му била војската, па најпрвин неа ја преуредил, а потоа формирал судови и отворил училишта низ целата земја.
 
[[Податотека:Princ Nicholas of Montenegro (W Le Queux).jpg|мини|200п|лево|Кнезот Никола во 1906 година]]
Во 1876 година, како сојузник на [[Србија]] завојувал во нова војна против Османлиското царство. Во војната како сојузник против Османлиите влегла и Русија, па по војната Црна Гора ги добила [[Билеча|Билеќа]], [[Бар (Црна Гора)|Бар]], [[Улцињ]] и [[Подгорица]]. За победата на Црногорците се чулиочуло насекаде во светот, а кнезот Никола бил нарекуван «цар на јунаците». По војната Црна Гора ја се проширила, добила излез на море и нејзината независност била признаена од големите сили, кои дотогаш формално не ја признавале.
 
По војната, кнезот Никола ја смирил состојбата и водел мудра политика, овозможувајќи ѝ на својата земја да се развива во сите полиња. Во тоа време, започнал со подобрување на инфраструктурата, проширување на градовите, отворал училишта, донесувал корисни закони, а државната управа ја организирал со формирање на министерства. Сепак, најголема грижа имал и понатаму кон војската, која успеал да ја осовремени и да ја обучи како и сите современи војски во тоа време, благодарение на помошта од Русија. Роднинските врски со странските кралски дворови му овозможиле да ѝ донесе уште поголем углед на Црна Гора.