Социјалистичка Република Македонија: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Одбиена последната промена (од 213.149.144.85) и ја поврати преработката 4331520 на Ehrlich91
Ознака: Рачно отповикување
Нема опис на уредувањето
Ред 95:
Во 1945, ситуацијата во Македонија е тешка поради чекорите кои требале да се преземат за да се создаде економски и социјален напредок. Било потребно да се кодифицира стандардниот македонски јазик, да се напишат речници, да се отворат училишта, да се воспостават медиуми и национална култура, да се изградат фабрики и електрични централи.<ref>{{harvsp|Georgieva|Konechni|1998|p=22}}</ref> Неписменоста кај населението била 64% во 1944 и отварање на училишта е еден од првите цело на новиот режим. Додека постоеле само 843 училишта во 1939, нивниот број се зголемил на 1487 во 1951. Комунистичките закони им дозволиле на децата од малцинствата да добијат пристап до образование на нивниот мајчин јазик, и истата година имало 1148 училишта на македонски јазик, 214 училишта на албански, 112 на турски и 13 на спрски јазик кои заедно броеле 177.579 ученици. Во 1959, овој број достигнал 211.556 и во 1973 330.698<ref>{{harvsp|Georgieva|Konechni|1998|p=98}}</ref>. Неписменоста значително опаднала: во 1953 40.3% од населението сè уште било неписмено додека во 1988, 10.9%. Овој резултат бил незначителен во споредба со тој во богатите републики како [[Словенија]], но е подобар од тој во [[Босна и Херцеговина]] (14.5%) и [[Косово]] (17.6%), во 1988.<ref name="ref-8">{{harvsp|Lampe|2000|p=340-341}}</ref>.
 
Македонскиот јазик се кодифицирал во 1945 година. Дијалектот зборуван во главниот град Скопје се сметале за близок кон [[српски јазик|српскиот јазик]] и поради тоа дијалектите од Битола и Велес биле одбрани како тие за стандардизација на јазикот; македонската азбука била прифатена на 3 мај, а правописот на 7 јуни во истата година.<ref name="ref-9">{{harvsp|Poulton|2000|p=116}}.</ref> Воспоставувањето на македонската црква независна од српскиот патријархат е уште еден голем момент за македонската нација и уште една од ретките соработки помеѓу водичите на верата и тие на социјалистичката држава. Архиепископијата во Охрид, која исчезнала во 18 век, била повторно поставена во 1958 и нејзината [[автокефална црква|автокефалија]] е прогласена во 1967. Српската црква одбива да ја признае независноста. Односите помеѓу македонската црква и македонските власти останале добри, особено поради тоа што двете требале да се соочат со албанскиот национализам и исламизацијата на државата.<ref name="ref-9" /> [[Македонска академија на науките и уметностите|Македонската академија на науките и уметностите]] (МАНУ), уште една голема национална институција била основана во 1967.<ref>{{Наведена мрежна страница|url=http://www.manu.edu.mk/index.htm|title=Вовед во академијата|publisher=[[Македонска академија на науките и уметностите]]|accessdate=18 јуни 2020}}</ref> Државата го добила името '''Република Социјалистичка Република Македонија''' во 1963.
 
=== Криза во 1980-те ===