Јоханес Вермер: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
 
Ред 19:
 
==Животопис==
Бил крстен во протестанската црква во [[Делфт]] во 1632. Неговиот татко со име Рајнер Јанз Вос, работел како угостител, а за себе говорел дека е продавач на свила. Вермер и неговото семејство припаѓале на средната класа и живееле во голема куќа. Неговите родители биле неписмени. Јан се родил како второ дете и прв син. За да стане сликар, Јан морал да работи шест години во атеље на еден мајстор кој бил член на друштвото „Св. Лука“, за да во 1653 година биде примен во друштвото на сликарите и да би можел да потпишува и продава свои дела. Некои истражувачи сметаат дека патувал во [[Амстердам]] и [[Утрехт]] на студиски патувања.
 
Вермер се оженил во 1653 година со Катерина Болнес, кја била од католичка вера. Во бракот имал единаесет деца кои биле од католичка вера. По некое време Јан почнал да слика сцени од реалниот живот. Неговите фигури на сликите се фатени во еден момент што му дава достојност и живот во неговите дела. Вермер во почетокот на својот живот живеел како неговиот татко од продавање на уметнички дела и во просек сликал две платна за една година.