Класицизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
→‎Појава: Поправена правописна грешка
с Правописна исправка, replaced: оргинал → оригинал (4)
Ред 1:
{{внимание|Статијава ја покрива исклучиво темата на класицизмот во '''[[книжевност]]а''' и треба да се дополни со неговата пројава во останатите уметности.}}
[[File:Nicolas Poussin - L'Inspiration du poète (1629).jpg|thumb|250px|''Инспирацијата на поет'', [[Николас Пусин]], 1630]]
'''Класицизам''' — уметнички стил застапен во книжевноста, сликарството, скулптурата, архитектурата, театарот и музиката. Класицизмот се појавил во [[17 век]], а изразот „класицизам“ е изведен од придавката „класичен“ (лат. ''classicus'').
 
== Појава ==
Ред 10:
 
== Класицизмот во Европа ==
На почетокот на [[17 век|XVII век]] настапува нова фаза во развојот на француската книжевност во која постепено се формира нов стил, се изнесува ново сфаќање на книжевната постапка, се применува нова поетика, со еден збор, се формира новата книжевна школа позната како [[класицизам]]. Францускиот класицизам претставува доктрина, збир на елементи кои создаваат нов систем на поими и квалитети кои се заеднички за француските автори од XVII век. Во прв ред, класицизмот е време на хиерархиска потчинетост, кога во сè и пред сè се бара ред. Притоа, во книжевноста се наметнале строго утврдени принципи кои поаѓале од сфаќањето дека уметноста не е ниту фантазија ниту забава, туку таа има дидактичка намена, т.е. треба да служи за поука и воспитување. Проблемите на [[морал]]от со кои се занимавале писателите од XVII век ги одвеле во подробно анализирање на човечката [[душа]] при што на [[разум]]от му се дава централна улога во откривањето на човековиот карактер. Оттука, речиси целата книжевна постапка од ерата на класицизмот се сведува на анализата - драмската анализа на страстите кај [[Пјер Корнеј]], [[Жан Расин]] и [[Молиер]], моралната анализа кај [[Ларошфуко]] и Лабриер, религиозната анализа кај Босие и [[Паскал]] итн. Речиси целата книжевност од ерата на класицизмот го проучува [[човек]]от, кој се смета за единствен објект на [[поезија]]та, додека надворешниот свет е само рамка и декор. Притоа, тогашните писатели сметале дека способноста на разумот е универзална, така што се залагале да ја откријат универзалната вистина која важи за сите народи и за сите времиња. Поради таа универзалност, книжевноста од класицизмот се одликува со извесна здрвеност, изнасиленост и апстрактност. Тоа е псоледица на тогашното сфаќање дека постои универзална [[убавина]], така што сите уметници се стремеле да го достигнат идеалот на совршенството.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 5-7.</ref>
<br />
Стремежот кон совршената убавина резултирала во примена на строги правила што се однесувале на [[форма]]та на уметничкото дело. Тоа особено се однесувало на драмата каде важело правилото за трите единства (времето, местото и дејството), формулирано според погрешно сфатените поставки на поетиката на [[Аристотел]]. Според некои историчари на книжевноста и книжевни критичари, ова правило претставува израз на сервилност и осиромашување на поетската инспирација, додека други сметаат дека тоа е одраз на стремежот кон дисциплина и хармонија, во контекст на потрагата по совршената убавина.<ref>Ѓорѓи Шоптрајанов, „Пјер Корнеј“, во: Пјер Корнеј, ''Сид''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 7-8.</ref>
<br />
Како правец и книжевен период, класицизмот го одбележуваат делата од 17 век, и тоа: [[Корнеј]], [[Декарт]], [[Паскал]], [[Молиер]], [[Ла Фонтен]], [[Расин]], [[Ла Бриер]] и многу други. Во останатите книжевности класицизмот (доколку постои) е помалку значаен како период, а француското влијание е многу нагласено, можеби и пресудно. Надвор од [[Франција]], највисок степен на уметничка вредност класицизмот достигнал во [[Англија]], во првата половина на [[18 век]], по [[Драјден]], во времето на [[Поп]] и [[Адисон]]. Во Германија, во 18 век во делата на [[Готшед]] и [[Бодмер]] класицизмот бил блед и малку оргиналеноригинален, додека класицизмот кај [[Клопшток]], [[Лесинг]], [[Виланд]], [[Хердер]], [[Гете]] и [[Шилер]] е појава сама за себе, непосредно врзана за античкото минато и современото романтичарско тежнеење.
Тоа е класичен пример за класичната литература и класичната уметност.
 
Ред 32:
'''Природа''' – односот на уметникот и стварноста. Уметникот е должен да создава според природата, но делото никогаш не е копија, туку специфично преобразување на стварноста. Уметноста не смее и не може да биде просто подражавање, таа мора да биде создавање на автономен свет на една фиктицна стварност. Класицистот во природа најмногу го интересира човекот и неговата судбина, и тоа не човекот кој е исклучителен по својата настраност и необичен начин на живот, туку оној во кој се истакнува длабоката човечност која е заедничка за многумина. Според тоа, целта е силно да се изрази поединечната вистина, но да биде ослободена од непотребните поединости и во неа да се побара јадрото на општата вистина; да се слика личноста, потполно издвоена и длабоко зафатена единка, но во неа да се види и дел од човештвото, да се биде привлечен од тие услови, случувања, судбини, личности, во кои се допираат спротивностите, во кои се остварува синтеза на поединечното и универзалното, конкретното и апстрактното, современото и вечното.
 
'''Култ кон антиката''' – подражавање и оргиналносторигиналност. Големото воодушевување кон Старите, подражавање на нивните примери вредат само до тогаш кога значат творечки натпревар со нив, поттик за создавање оргиналниоригинални дела. Строгото забранување на непосредно изразување на своето Јас и личните исповеди воопшто не го исклучува скриеното присуство на авторовата индивидуалност и неговиот внатрешен свет. Без таа присутност не би можела да се замисли преобразбата на еден оргиналоригинал во друг; подражавањето на природата би било голо пресликување, а не создавање, додека воодушевувањето кон антиката би останало празно и стерилно.
 
'''Целите на уметноста''' – односот на корисното и убавото. Во основа на овие сфаќања преовладува тврдењето на Хорациј дека треба да се спои корисното со убавото (docere et delectare). Во тој спој делото дава морална корисност без која за ниту еден класицист не би имало уметност, тоа се подредува на убавото, тоа е услов на неговата длабочина, неговата вредност, го оплеменува: корисното и служи на уметноста, но не и обратно. Уталитаризмот во поетиката на класицизмот со основа на уверувањето дека уметноста на корисното е неодвоива од убавото. Моралноста на делото не смее да се сведе на некоја негова поучност, бидејќи книжевникот не е воспитувач кој препорачува каков човек треба да се биде и како треба да се живее, туку уметник кој во повисоки и општочовечки категории размислува на човекот и неговата судбина.