Карл Маркс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
→‎Брисел: 1845-1848: Смена од неможејќи во не можејќи, не може се пишува одделно
Ред 62:
 
=== Брисел: 1845-1848 ===
НеможејќиНе можејќи да престојува во Франција или да се пресели во Германија, Маркс решил да емигрира во Брисел во февруари 1845 година. Сепак, за да остане во Белгија, тој морал да гарантира дека нема да објавува ништо на теми од современата политика. Во Брисел, Маркс се поврзал со други протерани социјалисти од цела Европа, вклучувајќи ги Мозес Хес, Карл Хајнцен и Јосиф Вејдемејер. Во април 1845 година, Енгелс се преселил од Бармен, Германија во Брисел за да се приклучи на Маркс и растечкиот кадар на членови на Сојузот на Праведните кои сега барале дом во Брисел. Подоцна, Мери Брнс, долгогодишна придружничка на Енгелс, го напуштила Манчестер, Англија за да се приклучи на Енгелс во Брисел.
 
Во средината на јули 1845 година, Маркс и Енгелс го напуштиле Брисел за Англија за да ги посетат водачите на чартистите, социјалистичко движење во Велика Британија. Ова било прво патување на Маркс во Англија и Енгелс бил идеален водич за патувањето. Енгелс веќе поминал две години во Манчестер од ноември 1842 до август 1844 година. Не само што Енгелс веќе го знаел англискиот јазик, тој исто така развил блиски односи со многу чартистички водачи. Навистина, Енгелс служел како известувач за многу чартистички и социјалистички англиски весници. Маркс го искористил патувањето како можност да ги испита економските ресурси што биле достапни за студирање во разни библиотеки во Лондон и Манчестер.