Економија на Обединетото Кралство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 2:
==Надворешнотрговска размена==
Во [[2014]] година, вкупниот [[извоз]] на стоки и услуги на [[Обединетото Кралство]] изнесувал 515 милијарди [[Британска фунта|фунти]]. Притоа, 44% од извозот бил наменет за [[Европската Унија]], 21% одел во Северна и [[Јужна Америка]], учеството на [[Азија]] во извозот на Обединетото Кралство изнесувало 19%, а 16% од извозот бил насочен кон остатокот на светот. Од друга страна, вкупниот [[увоз]] на стоки и услуги на Обединетото Кралство во 2014 година достигнал 550 милијарди фунти, а во структурата на увозот најголемо учество имале: Европската Унија (53%), Азија (20%), Јужна и [[Северна Америка]] (13%), додека 15% од вкупниот увоз доаѓал од остатокот на светот.<ref>Зоран Јовановски, „Обединетото Кралство и ЕУ, кому чиј пазар повеќе му треба?“, ''Економија и бизнис'', година 18, број 217/218, јули/август 2016, стр. 7.</ref>
 
==Финансиски сектор==
===Пазар на капитал===
[[Лондонска берза|Лондонската берза]] (''London Stock Exchange'') е една од најстарите во светот, формирана во 1571 година. Во 2019 година, пазарната капитализација на фирмите кои котираат на берзата надминала 5 трилиони [[долар]]и. На берзата котираат 2 600 компании од 60 различни земји. На берзата постои примарен пазар и секундарниот пазар кој се дели на главен секундарен пазар и алтернативен инвестициски пазар.
 
== Наводи ==