Диего Марадона: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 85:
На Тринаесеттото светско првенство во Мексико ([[1986]]), Марадона бил двоен стрелец на натпреварите на Аргентина со [[Англија]]. И двата негови голови на тој натпревар останале запаметени во историјата на фудбалот; првиот гол, Диего подоцна го нарекол „Божја рака“, а вториот бил ремек-дело кое во повеќе избори се смета за најдобар гол на сите светски првенства. Тогаш, Марадона сам ја продриблал половината од англискиот тим и голманот Шилтон и постигнал гол. Англискиот коментатор рекол дека првиот гол со сигурност е нерегуларен бидејќи е постигнат со рака, но затоа вториот вреди за десет. На тоа првенство, Марадона ја довел Аргентина до титулата Првак на светот во драматичен двобој со репрезентацијата на [[Фудбалска репрезентација на Западна Германија|Западна Германија]] (3:2). Три години подоцна, два месеци провел во Аргентина и не се појавил на почетокот на италијанското првенство. Побарал исписница од ФК Наполи поради трансфер, но неговото барање било одбиено. На Светското првенство во Италија ([[1990]]) аргентиската репрезентација, предводена од Марадона дошла до финалето, но била поразена од [[Фудбалска репрезентација на СР Германија|СР Германија]] со 1:0.
 
Својата играчка кариера Марадона ја завршил во клубот „Newell's Old Boys“.<ref>[https://www.goal.com/en-bh/news/diego-maradona-dies-at-60-following-heart-attack/1ib9vk5chgbiv1ldnhx2uonjxh Daniel Edwards, „Football icon Diego Maradona dies at 60 following heart attack“ (пристапено на 25.11.2020)]</ref>
 
==Тренерска кариера==