Диего Марадона: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 80:
 
==Фудбалска кариера==
=== Почеток на кариерата ===
На [[20 октомври]] [[1976]] година (10 дена пред неговиот 16-ти роденден), Диего го одиграл својот прв натпревар за сениорите на [[Аргентинос Јуниорс]]. Тогаш, тој станал најмладиот прволигашки фудбалер во историјата на аргентинскиот фудбал. Следната година го одиграл првиот натпревар за сениорската [[Фудбалска репрезентација на Аргентина|репрезентација на Аргентина]]. Сепак, во [[1978]] селекторот [[Луис Цесар Меноти]] не го зел во националната селекција на Аргентина за [[Светско првенство во фудбал 1978|Светското првенство]] со образложение дека бил премлад за да го издржи притисокот. Во [[1979]] година, тој бил капитен на репрезентацијата на Аргентина која во [[Јапонија]] ја освоила титулата јуниорски првак на светот. Во тоа време, во [[Јувентус]] и [[ФК Барселона]] почнале да се распрашуваат за „малиот зелен“, како што го нарекувале, но, тие не биле единствени - во игра биле и [[Арсенал]] и [[Шефилд Јунајтед]]. Тие веднаш се повлекле откако ја слушнале почетната цена од 800 000 [[Фунта|фунти]], која во тоа време била прилично голема. Диего останал во Аргентина и во [[1981]] со клубот [[Боца Јуниорс]] ја освоил шампионската титулата на Аргентина. Една година подоцна, тој настапил на [[Светско првенство во фудбал 1982|Светското првенство во Шпанија]] и потпишал за [[ФК Барселона]]. Во [[1984]] година, Марадона преминал во италијанскиот клуб [[ФК Наполи]] со кој освоил две титули првак на [[Италија]] ([[1987]] и [[1990]]), а во [[1989]] го освоил и [[Куп на УЕФА|Купот на УЕФА]] - првата европска титула на Наполи.
 
=== Врв на кариерата ===
На Тринаесеттото светско првенство во Мексико ([[1986]]), Марадона бил двоен стрелец на натпреварите на Аргентина со [[Англија]]. И двата негови голови на тој натпревар останале запаметени во историјата на фудбалот; првиот гол, Диего подоцна го нарекол „Божја рака“, а вториот бил ремек-дело кое во повеќе избори се смета за најдобар гол на сите светски првенства. Тогаш, Марадона сам ја продриблал половината од англискиот тим и голманот Шилтон и постигнал гол. Англискиот коментатор рекол дека првиот гол со сигурност е нерегуларен бидејќи е постигнат со рака, но затоа вториот вреди за десет. На тоа првенство, Марадона ја довел Аргентина до титулата Првак на светот во драматичен двобој со репрезентацијата на [[Фудбалска репрезентација на Западна Германија|Западна Германија]] (3:2). Три години подоцна, два месеци провел во Аргентина и не се појавил на почетокот на италијанското првенство. Побарал исписница од ФК Наполи поради трансфер, но неговото барање било одбиено. На Светското првенство во Италија ([[1990]]) аргентиската репрезентација, предводена од Марадона дошла до финалето, но била поразена од [[Фудбалска репрезентација на СР Германија|СР Германија]] со 1:0.
 
Својата играчка кариера Марадона ја завршил во клубот „Newell's Old Boys“.
 
==Тренерска кариера==