Диего Марадона: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 69:
 
'''Диего Армандо Марадона''' ([[шпан.]] ''Diego Armando Maradona'', роден {{роден на|30|октомври|1960}}, [[Вила Фиорито]], {{роден во|Буенос Аирес}} - {{починал на|25|ноември|2020}}, Тигре, Буенос Аирес) — поранешен [[Фудбалска репрезентација на Аргентина|аргентински]] фудбалер и фудбалски тренер, [[Светско првенство во фудбал|светски првак]] од [[1986 ФИФА Светско Првенство|Мексико 1986]] и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња.
 
== Приватен живот ==
===Семејство===
Негови родители се Диего Марадона Постариот и Далма Салвадоре Франко. Неговиот прадедо од мајчина страна, Матео Кариолиќ, бил роден на [[Корчула]], [[Далмација]] (денес во [[Хрватска]] и емигрирал во Аргентина, каде била родена неговата баба Салвадора. Салвадора ја крстила својата ќерка Далма по хрватскиот регион (Далмација), по кого Марадона ја крстил неговата најстара ќерка. Марадона се оженил со неговата долгогодишна свршеница Клаудија Вилафане на [[7 ноември]] [[1989]] во Буенос Аирес, и тоа по раѓањето на нивните ќерки, Далма Нереа и Џианина Динора. Во својата автобиографија, Марадона признава дека не ѝ бил секогаш верен на Клаудија, иако неа ја опишува како љубовта на неговиот живот.
 
Марадона умрел утрото, на 25 ноември 2020 година, како последица на [[срцев удар]]. На почетокот на ноември, тој бил примен во [[болница]], каде бил опериран поради излив на [[крв]] во [[мозок]]от. По излегувањето од болницата, тој закрепнувал во својот дом во Тигре, во близината на [[Буенос Аирес]].<ref>[https://www.goal.com/en-bh/news/diego-maradona-dies-at-60-following-heart-attack/1ib9vk5chgbiv1ldnhx2uonjxh Daniel Edwards, „Football icon Diego Maradona dies at 60 following heart attack“ (пристапено на 25.11.2020)]</ref>
 
===Зависност од дрогата===
Во Барселона, Марадона за првпат пробал [[кокаин]]. Тоа подоцна го образложил на следниот начин:
{{Цитатник|Ништо посебно. Сакав да се чувствувам поживо.}}
Во клубот сите се сомневале, но молчеле, бидејќи Марадона бил преголема инвестиција. Потоа, тој настапувал во ТВ реклами против [[дрога]]та, за што бил добро платен.
 
==Фудбалска кариера==