Масакр во Ваташа: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
с Правописна исправка, replaced: сеуште → сè уште
Ред 12:
Во раните утрински часови во селската кафеана во Ваташа биле приведени и сослушани неколкумина младинци и девојки. Тие биле скоевци, кои кришум им помагале на партизаните, но биле накодошени. Според Стева Илиева од Кавадарци: „Кметот нè собираше од куќите со готов список, сите нè имаше по име и презиме.“ Во кафеана тие се испрашувани и тепани, а потоа се терани да признаат дека биле сите заедно со партизаните на [[1 мај]] во месноста [[Моклиште (село)|Моклиште]] и дека биле нивни помошници. На крајот на полицискиот распит се ослободени еден младинец и една девојка. Останатите 12 младинци и 4 девојки остануваат со обвинение за врска со партизаните и претстојно бегство во планината. Откако тие ги поднеле сите тортури и измачувања, полиција и војска ги одвеле пешки во колона кон Моклиште.<ref>{{наведени вести|url=http://www.utrinski.mk/?ItemID=A463375A730BB94DB83E8689C9419D03|title= Годишнина од убиството на ваташките младинци|date= 18 јуни 2007|publisher=Утрински Весник|accessdate=2016-08-17}}</ref>
 
Додека ги воделе младинците, на неколку места ги запирале. Веројатно се премислувале каде да ги стрелаат, додека ним им велеле дека ги носат за да ги фотографираат. Најстариот од сите, Васо Хаџиjорданов насетил дека нешто лошо се подготвува, па кај месноста „Чаир“ каде биле запрени, почнал да бега, а по него побегнале и други. Тогаш била издадена наредбата 'оган'. Дванаесетте младинци биле застрелани, иако сите војници не сакале да пукаат. Четирите девојки што исто така биле уапсени — Мара Хаџи Јорданова, Стева Ампова, Павлина Касапинова и Ката Ицева — ги тргнале настрана.<ref>[https://documents-mk.blogspot.com/2012/06/blog-post_16.html Дарко Јаневски, „Ги лажеа дека ќе ги сликаат за полесно да ги убијат“], „Нова Македонија“.</ref> Полицискиот началник Петко Опреков се спротивставил на поручникот Костов кога сакал да ги убие и девојките, а капетан Борис Жеглов го поддржувал Опреков па така тие биле спасени.<ref>[http://sande.blog.bg/izkustvo/2011/10/09/makedonski-reportaji-zaplakalo-e-selo-vatasha.832296 Македонски репортажи - Заплакало е село Ваташа.]</ref> Интересно е сведочењето на девојките, кои биле натерани од поручникот Костов да се припојат до младинците, на што се спротивставил Петко Опреков, нагласувајќи дека не е таква наредбата<ref name=":0" />. Ова говори за претходно спремана акција од страна на фашистичките бугарски сили.Откако насетиле дека ќе бидат егзекутирани, се дале во бегство, но биле покосени од бугарските војници. За крволочноста на бугарските сили, говори и извештајот на ГШ на НОВ, од септември, 1943 каде пишува: <blockquote>''"Младинците се изрешетани од куршуми од митралези, па потоа се избодени со бајонети. На некои им се исечени рацете и извадени очите и притоа сите биле ограбени“.''</blockquote>Сестрата на Блаже, Ката која била одведена на местото и била сведок на овој грозоморен чин се сеќава дека нејзиниот брат Блаже, сеуштесè уште давал знаци на живот после стрелањето, но Бугарите со бајонети ги боделе и сечеле 12 младинци од Ваташа. За свирепоста на Бугарските фашисти говори и фактот што не им било дозволено на родителите да ги погребаат своите деца, па тие набрзина нафрлиле земја и ги прекриле со гранки.<ref name=":0" /> <ref>{{Наведена мрежна страница|url=https://www.youtube.com/watch?v=i1cM-ew5IQA|title=Извадок од документарниот филм за Масакрот во Ваташа - РТС 1979|last=|first=|date=1979|work=www.youtube.com|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>
 
Денес на тоа место постои мал споменик. По војната, бил организиран вистинскиот погреб. Кога семесјтвата сами си ги откопале коските, ги премиле во реката и во мали ковчези ги закопале во Моклиште<ref name=":0" />. А, по третпат, таму каде што денеска има голем споменик, се закопани во [[1963]] година.
Ред 54:
== Судење ==
[[Податотека:Ljuben_Apostolov.jpg|мини|252x252пкс|Љубен Апостолов]]
Овие бугарски злосторници, по една година и ја добиваат заслужената казна. Имено во с. Страмашево на 13 јули 1944 година дошло до судир со два батаљона на Втората македонска ударна бригада. 40тина Бугарски војници биле убиени, а другите се дале во бегство.<ref name=":1" />
 
Полковникот Љубен Апостолов на 3 ноември 1944 година бил откриен од македонските емигранти во Софија и го привеле во штабот на македонската народноослободителна бригада “Гоце Делчев“. Од Софија е екстрадиран во Кавадарци. По две години Народниот суд во НР Македонија ги осудил на смрт главните раководители и учесници во оваа акција: полковник Љубен Апостолов, капетан Борис Жеглов, поручник Костов и подофицер Петко Опреков. Пред тоа сите тие се предадени од новата влада на Бугарија на југословенските власти за судење како фашисти. Апостолов, кој бил командант на војската и ја издал наредбата за стрелање, тврдел дека не е виновен за ваташкиот масакр. Тој бил суден за повеќе злодела и сите ги признал, но за ваташкиот масакр кажал дека добил листа со имиња, а на неа стоело дека младинците се партизани уапсени во шумата, а не собрани од нивните куќи.<ref>Меѓу другото во упатствата, кој се издадени од командантот на Петтата армија, генерал-мајор Васил Бојдев и кои се испратени на 6 октомври 1941 година до бугарскиот воен контингент во Македонија се вели: „Партизаните треба да бидат уништувани со користење на сите средства на располагање... Во борбата против нив да не се применува Женевската конвенција. Таа останува во сила само во случај на фаќање на сојузнички падобранци. Партизаните да се ликвидираат на место, а заробеници да не се земаат.“</ref> Раскажал и за улогата во настанот на четворица ваташанци-предавници, тројца мажи и една жена. Ова злодело извршено од бугарските фашисти, останува срамен белег кој вечно ќе биде поврзан со шестиот роденден на бугарскиот престолонаследник [[Симеон ІІ|Симеон II]].
 
Истата судбина ги снашла и полицискиот инспектор Димитар Раев и агентот учесник во овие настани, Борис Жуглов. Двајцата се осудени на смрт во Скопје и стрелани.<ref name=":1">{{Наведена мрежна страница|url=https://www.fakulteti.mk/news/16062019/77-godini-od-strelanjeto-na-12-te-vatashki-mladinci|title=77 години од стрелањето на 12-те ваташки младинци|last=Камчевски|first=Петре|date=16.06.2019|work=https://www.fakulteti.mk/|archive-url=|archive-date=|dead-url=|accessdate=}}</ref>