Пере Тошев: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: подржа → поддржа (5)
ситна поправка
Ред 340:
Во однос на таквите обвинувања, во писмото било истакнато дека тоа се клевети со умисла да се попречи револуционерното дело, точно е дека некои од членовите на Организацијата покажувале самоволие во тој поглед, но дека егзархиските претставници се однесувале непријателски кон ослободителното дело, односно кон Организацијата. Затоа Централниот комитет побарал ваквите лица да се придружуваат да егзархискиот устав и правилник, во спротивно Организацијата со нив ''ќе постапи, така, како што постапува со сите, што пречат на ослободителното дело и се стремат да го клеветат и компромитираат со умисла''<ref name="MAKED" />. Централниот комитет испратил писмо со слична содржина и до трговските агентстав во Македонија и Одринско. Во писмото, се негодувало за некорекните извештаии на агентствата до бугарската влада со што се компромитирала Организацијата и се предизвикувала недоверба кај бугарските граѓани во однос на самата Организација. Агентствата во своите извештаии до владата ја обвинувале Организцијата дека таа:''... систематски ги проследува Бугарската егзархија, чиновниците од бугарските трговски агентства и воопшто негува недоверба и омраза кон се што е бугарско''<ref name="MAKED" />. Централниот комитет истакнал дека таквите обвинувања можат да произлезат само од непријатели на ослободителното дело, одделни духовници, крајно амбициозни чиновници, разни шарлатани или луѓе од лагерот на генерал Цончев. Затоа ЦК испратил предупредување дека таквите лица Организацијата ќе ги смета за злосторници и ќе ги гони и казни согласно својот правилник <ref name="MAKED" />. Од агентствата било побарано својата активност да ја ограничат согласност своите овластувања и добро да ги проучат фактите што ги испраќаат во своите извештаии за Организацијата <ref name="MAKED" />.
 
Во летото 1906 година Даме се нашол во [[Софија]]. Таму се сметил во хотелот ''Македонија'' и во јуни и август имал неколку средби со [[Петар Поп Арсов]], [[Димитар Стефанов]], [[Милан Матов]], [[Христо Матов]], [[Владимир Руменов]], [[Павел Христов]] и Пере Тошев. Додека престојувал во Софија, Даме го избегнувал [[Ѓорче Петров]] поради неговите контакти со [[Борис Сарафов]]. На овие средби присуствувал и [[Ефтим Спространов]], како соработник на Централниот комитет. На овие средби станало збор за повеќе прашања, а посебно внимание било посветено на Петар Лигушев и неговото предавство. По ова прашање дошло до спор. Даме сакал заедно со [[Павел Христов]] да замине за [[Битола]] и да го казнат Лигушев, но тоа било протолкувано како обид на Даме да го засили своето влијание во Битолскиот револуционерен округ <ref name="Eftim" />. Димитар Стефанов и Поп Арсов биле против заминувањето на [[Павел Христов]] во [[Битола]] поради што дошло до расправија, а тоа влијалело да не се донесе конкретно решенијерешение за предавството извршено од страна на Лигушев, а наместо Даме за Битола заминал [[Милан Матов]] кој требало да постапи во согласност со правилникот на Организацијата <ref name="Eftim" />. Оваа расправија покажала дека дејците на Внатрешната организација неможеле да ги усогласат своите ставови за голем број на прашања, а со тоа било доведено во прашање и функционирањето на самата Организација.
[[File:Пере Тошев во Радовиш.jpg|thumb|мини|десно|Пере Тошев снимен во [[Радовиш]]]]
Постепено на дневен ред дошло и прашањето за одржување на нов општ конгрес, кој според правилникот требало да се одржи на годишнината од [[Рилскиот конгрес]]. Секое одлагање на новиот општ когрес значело и престанок на мандатот на Централниот комитет и Претставничкото тело, со што се доведувало впод знак прашање функционирањето на Организацијата. По оваа прашање дошло до полемика меѓу Пере Тошев, кој во август се нашол во [[Софија]], и Даме. Пере Тошев побарал, врз основа на правилникот, да се одржи конгрес во предвидениот рок дури и без присусутво на делегати од Битолскиот и Солунскиот револуционерен округ, на што Даме се спротивставил и побарал одлагање на конгресот за 1-2 месеци, за да можат овие окрузи да изберат свои делегати за предвидениот општ конгрес. За да ја зацврсти својата позиција, Даме одбил да потпише покана за конгресот со што дошло до остара полимика меѓу него и Пере Тошев <ref>Гане Тодоровски, Неколку нови документи од активноста на Внатрешната организација..., 216</ref>.