Нако Ташков: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: '''Доц. д-р Нако Ташков''' e роден на 30 јануари 1952 година во с. Брусник, Неготинско...
 
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
Богато работно искуство, кое започнува во ЗИК „Црвена ѕвезда” и непрекинато од [[1977]] до [[2002]] година, во МК „Астибо” - ООЗТ „Стандард”. Во меѓувреме од [[1979]] година, па сѐ до [[1994]] година работи како хонорарен наставник во СОУ „М.М. Брицо” во [[Делчево]] со дисперзирани паралелки во [[Македонска Каменица]]. Во истиот временски период учествува на повеќе сојузни и републички натпревари во областа на гастрономијата и послужувањето каде има освоено повеќе од 30 медали. Како иницијатор за отворање на угостителски паралелки во СОУ „Коле Нехтенин” од [[2002]] до [[2008]] година работи во истото училиште каде што учествува на републички угостителски натпревари и има освоено пет медали. Во учебната [[2007]]/[[2008]] година хонорарно е ангажиран на Високата медицинска школа при [[Универзитет „Гоце Делчев“|Универзитетот „Гоце Делчев“]] - [[Штип]]<ref>[http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/fakulteti/ftb/za-ftb/nastavnici Официјална веб-страница на Факултет за туризам и бизнис логистика - „Наставници“]</ref>.
Од [[2008]] година па сѐ до денес, д-р Нако Ташков работи како доцент на [[Факултет за туризам и бизнис логистика - Гевгелија|Факултетот за туризам и бизнис логистика]] при [[Универзитет „Гоце Делчев“|Универзитетот „Гоце Делчев“]] - [[Штип]], а истовремено ја извршува и функцијата декан<ref>[http://www.ugd.edu.mk/index.php/mk/fakulteti/ftb/za-ftb Официјална веб страница на Факултет за туризам и бизнис логистика - „За факултетот“]</ref> на Факултетот. Ташков зема активно учество во наставно-образовна дејност преку: подготвување на интерни и рецензирани скрипти за предавања; изработка на презентации за предавањата; подготвување на интерни и рецензирани практикуми за вежби; одржување на предавања на прв и втор циклус студии; организирање на теренска настава и посета на објекти кои се во интерес на студентите; организирање и следење на практичната настава на студентите во земјата и странство ([[Грција]], [[Германија]] и [[Шпанија]]); ментор на дипломски трудови; ментор на магистерски трудови; рецензент на наставници и соработници и др. Во научноистражувачката дејност се афирмира преку учество и презентација на стручни трудови на конгреси, конференции, симпозиуми, семинари и отворени трибини во земјава и во странство.