Географија на Македонија: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 46:
'''Источната граница''' кон [[Република Бугарија]] се протега во меридијански правец, со мал лачен облик. Границата е долга 177 км и низ својата должина таа пресекува 4 гранични премини, 5 планини, 1 котлина и една поголема река ([[Струмица (река)|Струмица]]). Од врвот Коприва границата се спушта до граничниот премин [[Деве Баир]] (1.160 м), односно на сообраќајниот пат [[Крива Паланка]]-[[Ќустендил]]. Од тука, таа почнува да се искачува на [[Осоговски Планини]], на врвот [[Руен]] (2.225 м), од каде што постепено се спушта и го пресекува планинското било. Пред да почне да го расекува целото било на планината [[Влаина]], границата ја сече и сообраќајницата [[Делчево]]-[[Благоевград]], со граничниот премин [[Делчево]]. Од планината [[Влаина]], границата се искачува на [[Малешевски Планини]], на нивниот највисок врв [[Ченгино Кале]] (1.745 м), од каде што се спушта кон граничниот премин [[Клепало (граничен премин)|Клепало]] ([[Црна Скала]], 1.290 м). Преку овој висок планински преслап, границата се искачува на планината [[Огражден]], која ја пресекува и потоа се спушта во Струмичката Котлина пресекувајќи ја заедно со автомобилскиот патен правец [[Струмица]]-[[Петрич]], односно граничниот премин [[Ново Село]] и реката Струмица. Источната граница завршува искачувајќи се по планината [[Беласица]], доаѓајќи на врвот [[Тумба]] (1.881), кој претставува тромеѓе помеѓу [[Република Македонија]], [[Република Грција]] и [[Република Бугарија]].<ref>Национална географија за втора година реформирано гимназиско образование - стр. 15</ref>
 
'''Јужната граница''' кон соседна [[Република Грција]] се протега во напореднички правец [[исток]]-[[запад]] во должина од 262 км. Низ нејзината должина таа пресекува 3 гранични премини, 5 планини, 4 котлини, 2 езера и најголемата македонска река [[Вардар]]. од врвот [[Тумба]], во напореднички правец границата минува по сртот на планината [[Беласица]], од каде се спушта и ги сече [[Дојранско Езеро]], автомобилскиот пат [[Стар Дојран]]-[[Кукуш]] и граничниот премин [[Дојран]]. Границата продолжува и ја пресекува Гевгелиско-валандовската котлина, меќународниот патен правец Е-75 и реката [[Вардар]], како и меѓународната железничка линија [[Гевгелија]]-[[Сехово]] (Идомени)-[[Солун]], како и автомобилскиот граничен премин [[Богородица]]. Движејќи се кон запад границата се искачува на на планината [[Кожуф]] и минува преку високите планински врвови [[Зелен Брег]] (2.171 м) и [[Дудица]] (2.132 м), а потоа се спушта на пониската планина [[Козјак]], и од тука се искачува на планината [[Ниџе]], која ја пресекува заедно со највискиот врв [[Кајмакчалан]] (2.520 м). Оваа граница ја пресекува и најголемата македонска котлина, [[Пелагонија]], заедно со автомобилскиот пат [[Битола]]-[[Лерин]] и граничниот премин [[Меџитлија]], како и железничката пруга, заедно со граничниот премин [[Кременица]] (кој веќе не е во фонкцуја неколку години). Од пелагониското рамниште границата се искачува на [[Баба Планина]] пресекувајќи ја заедно со врвот ’[[Ржана]] (2.334 м). Оттука границата повторно се спушта, но сега во Преспанската Котлина, односно го пресекува [[Преспанско Езеро]] во напореднички правец сè до тромеѓето помеѓу [[Република Македонија]], [[Република Грција]] и [[Република Албанија]].
[[Податотека:Border Bllatë Bllato.jpg|мини|250px|лево|Граничниот премин Блато]]
[[Податотека:St. Naum Monastery 9.JPG|мини|250px|лево|Граничниот премин Св. Наум]]
Ред 208:
'''[[Повардарие]]''' или '''[[Ниска Македонија]]''' ја опфаќа речиси целата долина на реката [[Вардар]] од Дервенската Клисура на [[север]] до македонско-грчката граница на [[југ]].
 
Во далечното минато Вардарската долина или Повардарието било изложено на силни тектонски движења на спуштање, при што се создале големи пукнатини и се формирал тектонски ров. Подоцна, овој ров бил исполнет со вод од [[Палеогено Море]], а потоа се создале посебни езера кои биле поврзано со отоки. Во подоцнежните времиња на местото на езерата останале и денес да постојат котлини, а на местата каде што се наоѓале отоките со дејство на реката [[Вардар]] се создале денешните клисури. Со појавувањето на котлините и на клисурите, низ цело [[Повардарие]] се создала денешната композитна долина на [[Вардар]]. Денес, по долината на реката [[Вардар]], односно по целото [[Повардарие]] се наоѓаат големи наслаги од варовници, флишни седименти, песок, глина итн.<ref>Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр.36</ref>
 
Во [[Ниска Македонија]], карактеристични релјефни облици се котлините, клисурите и неколкуте ниски планини.
Ред 284:
Нејзината должина изнесува 80 км, а широчината од 10 до 25 км. Пространото планинско [[било]] го сочинуваат две големи и пространи [[Висорамнина|висорамнини]] - [[Враца]] и [[Рудока]].
 
Шар Планина се наоѓа во северозападниот дел на Република Македонија. Шарпланинскиот масив се протега во правец североисток - запад – југозапад во должина од 76 км. Започнува од реката Лепенец и Качаничката Клисура на североисток, на исток границата е определена со Полошката Котлина, на југозапад Штировичката Река и изворите на Радика, на југ изворот на реката Вардар – Вруток, а на запад - надвор од територијата на Македонија, со Сириничката Жупа, реката Призренска Бистрица и нејзината долина, и жупите [[Гора (област)|Гора]] и [[Ополе (Косово)|Ополе]] во Косово; додека пак, во Албанија се простира од планината Калабак до Шерупа. Вкупната ширина изнесува од 10 до 25 км, а вкупната површина што ја зафаќа шарпланинската област изнесува 1600 км<sup>2</sup>.<ref>Географија за VI одделение за основно образование - стр.19</ref>
[[Податотека:Galichitsa.jpg|мини|лево|Поглед кон Галичица]]
Шарпланинското било е благо наведнато, заокружено, добар дел рамно, а понекаде и слегнато. Гледано од рамнината, Шар Планина има изглед на питома, лесно браносана планина, со средна висина. Меѓутоа, сепак, таа е релативно висока планина, која освен со чудесните богатства кои ги поседува, таа привлекува и со грамадноста на својата маса. Општиот изглед на Шара најсилно е изразен од југоисточната страна, каде што над тетовската котлина планината се издига до релативна височина од 2.125 м. Врвот Љуботен зазема најистакната положба на целото шарпланинско било, а највисок е врвот Титов Врв – 2.748 м.
Ред 328:
[[Податотека:Jablanica Gorna Belica.jpg|мини|десно|Јабланица, гледана од селото [[Горна Белица]]]]
 
'''Јабланица''' е планина во југозападниот дел на [[Македонија]], помеѓу Охридско-струшката и Дебарската Котлина, западно од Црн Дрим и брегот на Охридското Езеро. Еден дел од планината лежи во [[Албанија]]. Планинскиот гребен е повисок од 2.000 метри за приближно 50 км, а највисокиот дел, сместен во самото средиште на планината, е висок 2.257 метри. До планината може да се стигне преку Вевчани што се наоѓа на подножјето на планината. Таа е 14 километри оддалечена од [[Охридско Езеро|Охридското Езеро]] и градот [[Струга]]. На Р. Македонија и припаѓаат источните планински страни, а западните на Албанија. Се протега во меридијански правец (35 км), а најголемата широчина во нашата држава изнесува 7,5 км. На нашата страна зафаќа површина од 255 км<sup>2</sup>. Највисок врв е Црн Камен 2.257 м. Млада венечна планина која е формирана со тектонските олигомиоценски движења. Геолошкиот состав е претставен со палеозојски шкрилци кои се во падината, а преку нив лежат тријаски варовници. Во релјефот доминираат високи врвови, пространи површини, длабоки речни долини, карстни и фосилни глацијални облици. Врвови повисоки од 2.000 м се: Стрижак 2.233, Крстец 2.186 и Чумин Врв 2.125 м. За време на плеистоцен-ледениот период, високите делови биле зафатени cо интензивна глацијација. Трагите од глацијацијата се претставени со пет фосилни циркови во кои се наоѓаат четири глацијални езера. Богата е со вода, а меѓу изворите најпознати се вевчанските. Од рудно богатство има јаглен кај село [[Пискупштина]].
 
Природно-етнографски целини-области се: Полог, Маврово, Дебрца, Кичевија, Копачка, Преспа, Крчин, Дримкол, Жупа, Река, Малесија и др.<ref>Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр.42</ref>
Ред 343:
==== Абразивен релјеф ====
[[Податотека:Dojransko Ezero - MAKEDONIJA.JPG|мини|десно|Дојранското Езеро во Дојранската Котлина]]
Абразивниот релјеф претставува стар и фосилен релјеф, создаден за време на плиоцентот, кога голем дел од територијата на [[Република Македонија]] бил покриен со водите од старото [[Егејско Езеро]], кое ја исполнувало цела [[Јужна Македонија]], а Скопската и Полошката Котлина биле негови заливи. Во текот на неогенот, како резултат на раседнувањето на земјиштето, езерото започнало да се повлекува, кон местото каде денеска се наоѓа [[Егејско Море]]. Откаку нивото на езерото се спуштило на помалку од 670 м, тоа почнало да се разделува на одделни езера и на езерски водни врски како истеки во клисурите. Со понатамошното истекување повеќето котлини во [[Македонија]], останале суви исполнети со езерски наноси,а во други како Охридската, Преспанската и Дојранската Котлина и до денес останале езерата. Од абаразивните облици денес во котлините има езерски тераси, [[спила|спили]], езерски седименти на крајбрежен нанос на [[песок]] и [[чакал]]. Денес абразивните тераси се утврдени на височина од 900 м, потоа на 780 до 740 м и од 600 метри надморска височина.
 
==== леднички релјеф ====
Ред 353:
==== Карстен релјеф ====
[[Податотека:Babuna vo klisurata Pesti.jpg|мини|лево|Река Бабуна во клисурата Пешти]]
Во [[Република Македонија]] [[карстен релјеф]] се појавува во подрачјата кои се составени од [[варовник]]. Карстниот релјеф зафаќа површина од 4.400 км<sup>2</sup>. Варовничките маси се застапени најмногу на планините [[Сува Гора]], [[Жеден]], [[Јакупица]], [[Галичица]], [[Бистра]] на повисоките делови на [[Шар Планина]] и [[Кораб]], а во помала мера и на други планини. Речиси на сите терени се застапени површински и подземни карстни форми. Од површинските карстни релјефни облици се јавуваат шкрапи, вртачи, ували и карстни полиња, а од подземните - пештери [[јами]]. Има во поголем број вртачи и ували, Повеќето од нив се распоредени на карстните планински рамништа на [[Јакупица]], [[Галичица]] и [[Бистра]]. Има вкупно 24 карстни полиња и сите се со мала површина. Повеќето од нив се наоѓаат на [[Бистра]] и тоа дуеи 13, додека на [[Јакупица]] имаме 5, на [[Галичица]] - 4 и на [[Сува Планина]] - 2. Најголемо карстно поле е церското поле. Тоа се наоѓа помеѓу Кичевската Котлина и демирхисарскиот крај, на надморска височина помеѓу 930 и 1.000 метри, зафаќа површина од 9,4 км<sup>2</sup> со вкупна должина од 7,5 км и широчина од 3,7 км. Низ оваа поле тече [[Церска Река]], која понира во забележлив [[понор]], а најверојатно избива во изворите на [[Црна Река]], кај с. [[Железнец]] , [[Демирхисарско]].
 
Од подземните облици досега се откриени и испитани 196 пештери и пропасти — јами. Од подземните облици најбројни се пештерите - 163, а има 33 јами. Научните работници (географи, геолози и спелеолози) претпоставуваат дека бројот на подземни облици во [[Република Македонија]] е значително поголем, од 300 максимум до 500. Пештерите се разликуваат по големината и карактеристичните богати пештерски накити: сталактити, сталагмити, столбови, завеси и сл. Најинтересни и најпознати пештери се: [[Ѓоновица]] или [[Убавица]] на планината [[Буковиќ (планина)|Буковиќ]], [[Бела Вода]] во [[Демиркаписката Клисура]], [[Понор]], [[Макароец]] и [[Маркова Црква]] во клисурата [[Пешти]] на река [[Бабуна]], пештерата [[Дамјаница]] на планината [[Јабланица]], [[Дона Дука]] на [[Жеден]], [[Самоска Дупка]] на [[Галичица]], [[Алилица]] и [[Калина Дупка]] на [[Бистра]], [[Селска Велинска Дупка]] на [[Кожуф]], [[Змејовица]], [[Пешна]] и [[Златински Извор]] на [[Порече]], [[Драчевска Пештера]], [[Врело]], [[Убава]] во Скопската Котлина и други. На варовничките терени се забележуваат и реки понорници (реката [[Крапа]], [[Тони Вода]], [[Тресонечка Река]] и др.), како и повеќе карстни долини и суводолници.<ref>Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование = стр. 44</ref>
Ред 416:
Температурата на воздухот во [[Република Македонија]] се намалува и спроед зголемувањето на надморската височина и тоа на секои 100 м за 0,39°С. Така, просечната годишна температура на воздухот во Полошката котлина изнесува 11,3°С, а во Мариовската котлина таа вредност е за 4°С пониска и изнесува само 7,3°С.
 
Зимно време доаѓа и до инверзија на температурата во [[Република Македонија]], т.е. во колтините имаме помали температурни вредности, додека на високите планини имаме поголеми температурни вредности. [[Температурна инверзија]] настанува тогаш кога студениот воздух од планините , како потежок ќе се спушти во котлините и од нив ќе го потисне топлиот воздух воздух, кој како полесен ќе се искачи на планините. Ваквиот студен воздух може да се задржи подолго време во котлините, при што покрај екстремно ниските температури може да формира и густи [[Магла|магли]] - [[сињаци]], додека, пак, на височините на околните планини се огреани од [[сонце]] и [[топлина]]. Така, при [[температурна инверзија]] во Полошката котлина, во [[Тетово]] е постудено отколку на [[Попова Шапка]], или, пак во [[Пелагонија]], во [[Битола]] е постудено отколку на [[Пелистер]] и разликата на температурата е повеќе од 20-30°С односно од екстремно негативна во котлините до позитивна на планините.<ref>Национална географија - втора година реформирано гиманзиско образование - стр.49</ref>
 
Во врска со температурата на воздухот карактеристично е да се спомене и траењето на мразните денови, односно денови кога температурата на воздухот е помала од 0°С. Најмалку мразни денови ќе имаме во Охридската, Преспанската и Дојранската котлина а најмногу во посеверните делови. Така на пр. најмалку мразни денови имаме во [[Дојран]] и тоа само 32 мразни денови, додека таа бројка во [[Лазарополе]] изнесува 134 мразни денови.<ref>Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр.48</ref>
Ред 734:
[[Податотека:Crno Ezero.jpg|мини|десно|Црно Езеро на Шар Планина]]
 
Вакви езера најмногу има на [[Шар Планина]]. Во [[Македонија]] - 27 леднички езера на [[Шар Планина]], од кои 12 се псотојани, а 9 се привремени. Позначајни се [[Боговинско езеро]], [[Црно Езеро]], [[Бело Езеро]], [[Голем Ѓол]], [[Мал Ѓол]], [[Караниколичко Езеро]] и др.
Најпознато е Боговинското Езеро со водна површина од околу 67.000 м<sup>2</sup>. Се наоѓа на 1.960 метри надморска височина, долго е 452 метри, широко 225 метри и длабоко 2,2 метри.
 
Ред 797:
 
==== Кафеави почви ====
'''Кафеавите почви''' во кои спаѓаат гањачите, подзолот и кафеавите кисели почви, во целина се недоволно плодни почви за култивираните растенија. Овие почви се образуваат под влијание на шумската ([[даб]], [[бука]] и други ниски и високи шуми) и тревната вегетација. Тие се јавуаат на 700 - 2000 метри надморска височина. Во ниските делови се користат за одгледување на [['рж]] и [[компир]], а од овошјето: [[јаболка]], [[круши]], [[сливи]], [[винова лоза]] и друго. [[Гањачи]]те најмногу се распространети во [[Средно Повардарие]], потоа во Овчеполието, [[Пелагонија]], [[Кумановско]] и [[Славиште]]. [[Подзол]]от и киселите (силикатни и некисели) кафеави почви најмногу ги има на: [[Осогово]], [[Малешевски Планини]], [[Скопска Црна Гора]], [[Шар Планина]], [[Баба Планина]], [[Селечка Планина]] итн.<ref name="ReferenceJ"/>
 
==== Солени почви ====
Ред 1.062:
Населението во [[Македонија]] се групира во 3 групи: [[активно население]], [[изджувано население]] и [[лица со лични приходи]].
 
Активно население е она кое е вработено и кое врши неко занимање, со цел да се здобие со средства за живот. Издржуваното население е она кое не е во работен однос, а во него спаѓаат децата, учениците, студентите, домаќинките и другите лица коишто ги издружваат активното населени или лицата асо лични примања. Лица со лични примања се оние кои имаат свој пригод со кој се издржуваат, но тие не се во работен однос.<ref>Географија за VI одделение за основно образование стр.49</ref>
 
Во [[1953]] [[година]], во вкупното население учествувало со 40,8% активното население, а во [[2002]] [[година]] учествувало со 39%. Во вкупното население во [[1953]] [[година]], издржуваното население изнесувало 57,9%, а во [[2002]] [[година]] со 45%. Во вкупното население на државата, учеството на населението со лични примања покажува тенденција на постојан пораст, од 1,3% во [[1953]] [[година]] на 13% во [[2002]] [[година]].
Ред 1.071:
 
==== Образовна структура ====
Образовната структура на населението е исклучително важен елемент, не само поради развојот на стопанството, туку и заради сеопфатниот напредок на [[Република Македонија]]. Според податоците од пописите во [[1953]] и во [[2002]] [[година]] можеме да констатираме дека населението во [[Република Македонија]] има постигнато висок степен во развојот на образованието. Тоа го потврдуваат следниве показатели: учеството на лицата без школска подготовка е намалено од 50,2% во [[1953]] [[година]] на само 5% во [[2002]] [[година]], намалување има регистрирано и кај лицата со непотполно основно образование од 4,35% на 15,4% во [[2002]] [[година]]. Наспроти, тоа многу е зголемено учеството на населението со [[основно образование]], од 3,5% во [[1953]] [[година]] на 38,2% во [[2002]] [[година]]; додека пак, учеството на населението со [[средно образование]] е зголемено од 3,8% во [[1953]] [[година]] на 39,1% во [[2002]] [[година]], а бројот на населението со више и [[високо образование]] е зголемено од 0,1% во [[1953]] [[година]] на 11,2% во [[2002]] [[година]].
 
[[Податотека:Ss. Cyril and Methodius University of Skopje.jpg|мини|Универзитет Св. Кирил и Методил во Скопје (УКИМ)]]
Ред 1.130:
[[Податотека:Tetovo.jpg|мини|десно|Албанци во Тетово]]
 
Населувањето на нивните предци, од кои потекнува денешното Албанско население во [[Република Македонија]] почнало пред околу 220 години, односно кон крајот на [[XVIII век]]. Во почетокот со релативно мал број на доселеници. Во текот на [[XIX век]], зпаочнува нов бран на доселување на [[Албанци]] во [[Македонија]], всушност, тогаш се доселил и поголемиот број на албанско население. Во текот на [[XX век]] се одвивала третата фаза на нивно доселување, која особено се интензивирала по Втората светска војна, поточно во последните триесетина години во [[Македонија]] кога се наслило значително албанско население, но сега не од [[Албанија]], туку од [[Косово]]. Населувањето на нови [[Албанци]] не е завршен процес и тој трае сè уште на територијата на [[Македедонија]].<ref>Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр.98/99</ref>
 
[[Албанци]]те населени во [[Република Македонија]] им припаѓаат на две групи - [[Геги]] и [[Тоски]]. [[Геги]]те се застапени со 90% и тие потекнуваат од [[Северна Албанија]] и од [[Средна Албанија]], а [[Тоски]]те во мал број, околу 10% се доселени од [[Јужна Албанија]].
Ред 1.210:
Надворешните миграциони движења ги опфаќаат преслбите на населението преку нашите граници, односно доселувањето и иселувањето од [[Република Македонија]].
===== Доселување =====
Доселувањето на населението во [[Македонија]] особено било изразено во историското минато, но тоа е карактеристично и за денешно време. Низ историските периоди, во просторот на Македонија се доселувало и се отселувало најразлично населениет. Прво поголемо населување во [[Македонија]] го спровеле [[Словени]]те, со што во текот на [[VI век]] и [[VII век]] извршиле значителни етнички промени врз старото македонско население.
 
Македонското население многу страдало во текот на [[XI век]], кога на териториајта на [[Македонија]] навлегле: [[Нормани]]те, [[Срби]]те, [[Печенези]]те, [[Кумани]]те, [[Крстоносци]]те и други. Во текот на [[XIII век]], во источните краеви на [[Македонија]] се доселиле [[Саси]]те како рудари, при што силно го развиле рударството.
Ред 1.390:
Според територијалната поделба од [[2004]] [[година]], [[Република Македонија]] е поделена на 84 општини и [[Град Скопје]] како посебна единица на [[локална самоуправа]], со вкупно 1,795 населби. Наспроти претходните 123 општини [[1996]]-[[2004]] и 34 општини пред [[1996]] [[година]], денес се создадени 84 нови општини.
 
Наспроти поранешната поделба, во градот [[Скопје]], сега има 17 општини, од кои 10 општини му припаѓаат на градот [[Скопје]], како посебна единица на [[локална самоуправа]], и тоа: [[Аеродром]], [[Бутел]], [[Гази Баба]], [[Ѓорче Петров]], [[Карпош]], [[Кисела Вода]], [[Сарај]], [[Центар]], [[Чаир]] и [[Шуто Оризари]], со вкупно 506,926 жители или 25,1% од вкупниот број жители во [[Република Македонија]]. Другите општини се без статус на градски општини, односно се рурални општини, и тоа: [[Арачиново]], [[Студеничани]], [[Зелениково]], [[Петровец]], [[Илинден]], [[Сопиште]] и [[Чучер-Сандево]].
 
Општините во [[Република Македонија]] се разликуваат според површината, бројот на населените места, бројот на населението, полот, возраста, густина на населеност, изјаснувањето за национална припадност, потоа според бројот на домаќинствата, образовната структура, активноста и сл.
Ред 1.944:
|[[македонски]]
|-
| [[File:Coat of arms of Ohrid Municipality (2014).svg|30px|врска=Special:FilePath/Coat_of_arms_of_Ohrid_Municipality_(2014).svg]]
|[[Општина Охрид|Охрид]]
| MK.OD
Ред 2.420:
==== Индустриски култури ====
{{Главна| Индустриски култури во Македонија}}
Од големиот број [[индустриски растенија]] во [[Република Македонија]] се одгледуваат околу 15. Тоа се: [[тутун]], [[сончоглед]], [[шеќерна репка]], [[индустриска пиперка]], [[афион]], [[памук]], [[соја]], [[сусам]], [[кикиритки]], [[маслодајна репка]], [[коноп]], [[рицинус]], [[анасон]], [[хмељ]] и [[индустриски домат]]. Меѓу нив, позастапени и со поголемо стопанско значење се: [[тутун]], [[сончоглед]] и [[шеќерна репка]]. Според намената и застапеноста на индустриските растенија тие се делат на: Маслодајни ([[сончоглед]], [[афион]], [[тутун]], [[сусам]], [[соја]], [[маслодајна репка]], [[кикиритки]], [[рицинус]] и [[анасон]]), текстилни([[памук]] и [[коноп]]), и други растенија([[тутун]], [[шеќерна репка]], [[индустриска пиперка]], [[индустриски домат]] и [[хмељ]]). Во [[2004]] [[година]] биле засеани вкупно 27.000 хектари со [[индустриски растенија]] или нивното учеството во [[полјоделство]]то било само 5,8%.<ref>Национална географија - втора година реформирано гимназиско образование - стр.132</ref>
 
[[Податотека:Susenje tutun.jpg|мини|десно|Сушење тутун во Прилеп]]
Ред 2.472:
Во [[2004]] [[година]] со [[домат]]и биле засеани 6,267 хектари површина, при што се добиле 114,490 тони [[домат]]и или по околу 18,3 тони по хектар. Најголемо производство се остварува во Струмичката Котлина, потоа во Гевгелиско-валандовската, Скопската, Пелагониската итн.
 
[[Податотека:Zelena piperka6.jpg|мини|десно|Зелена пиперка|врска=Special:FilePath/Zelena_piperka6.jpg]]
===== Пиперка =====
{{Главна| Пиперки во Македонија}}