Разлика помеѓу преработките на „Киевски Рус“

Одземени 4 бајти ,  пред 1 година
нема опис на уредувањето
== Киевска Русија во време на Олга ==
 
Кнегињата Олга ја превземала власта по смрта на нејзиниот сопруг кнезот Игор. Владеела од 945-964. Таа владеела во име на нејзиниот малолетен син Свјетослав. Таа го задушила востанието на Древјаните и го убила нивниот кнез Мала и некои древјански благородници, го запалила главниот град на Древјаните и други населени места а голем број од населението ги продала како робови. Древјаните биле принудени да им плаќаат данок на Русите. Потоа тргнала во поход кон Дуљебите кои живееле во горниот тек на Западен Буг каде што навлегувале Пољаците. Во 957 година Олга заминала за Цариград . Таму го примила христијанството и го променила своето име во Елена. Исто така го обновила договорот што го склучил кнезот Игор. Ова нејзино покрстување бил нејзин личен чин но сепак ја потикнал мисионерската дејност на византиската црква во Киевска Русија. Меѓутоа меѓу Русија и Византија сè уште владеела недоверба.„Констан Порфирогенит му давал упатство на својот син Роман во кое го советувал да ги одржува добрите односи со Печенезите, степските соседи на Русите, бидејќи само со поддржување на притисокот на Печенезите на Русија може да се спречи тој народ да ги загрози интересите на Цариград“. Од друга страна и Олга сметала дека црковното влијание од Цариград претставува опасност за нејзина та држава и побарала од Отон I да помогне во ширењето на христијанството. Меѓутоа пред да дојдат германските мисионери во Киевска Русија се подобриле односите меѓу Киевска Русија и Византија. Било обновено ширењето на христијанството преку Цариград. Новиот византиски император Роман I побарал од кнегињата Олга да испрати воена помош во борба со Арапите. Таа му испратила помош а со тоа дошло до подобрување на односите меѓу Византија и Киевска Русија.
 
== Киевска Русија во време на Владимир ==
== Киевска Русија во време на Јарослав Мудриот ==
 
Од 1019 до 1054 година киевски кнез бил Јарослав I Владимирович, познат како [[Јарослав Мудриот]]. Тој бил син на големиот киевски кнез Владимир, кој ги покрстил Русите во 988 година, а негов брат бил [[Мстислав Владимирович Велики]] (умрел во 1036&nbsp;г.), кнез тмуторокањски и черниговски. Јарослав бил наречен Стари за да се разликува од другите кнезови кои живееле подоцна (на пример, Јарослав Всеволодович Черниговски). Јарослав Мудриот бил оженет со византиската кнегиња Ана, синот Свјатополк го оженил со ќерката на полскиот крал Болеслав, ќерката Ана ја омажил со францускиот крал [[Анри I]], другата ќерка Елисавета со норвешкиот крал Харалд,<ref>„Коментари“, во: ''Слово за походор Игорев''. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 48-49.</ref> сестрата Марија ја омажил за полскиот кнез, а синот Всеволод го оженил со ќерката на [[Византиски император|византискиот цар]] [[Константин IX Мономах]]. Јарослав бил погребан во киевската црква Св. Софија, во [[мрамор]]ен [[саркофаг]].<ref>„Коментари“, во: ''Слово за походор Игорев''. Скопје: Наша книга, 2002, стр. 49.</ref>
 
Во неговото време продолжило издигањето на Киевска Русија која станала една од најнапредните држави во [[Европа]]. Тој водел борба против одредени феудалци кои сакале да се осамостојат. Таков бил случај со неговиот брат Свјатополк. Тој исто така се плашел од барањето на [[Новгород]] за автономија. Тој постигнал договор со собранието на Новгород со кој тој ја осигурал приврзаноста кон централната власт. Но сепак, со посебна повелба ја гарантирал автономијата на Новгород. „Кнезовите на Новгород при стапувањето на должноста морале да му се заколнат на повелбата на кнезот Јарослав“<ref>Ова стои во повелбата во која се дефинираат односите меѓу кнезовите на Новгород и кнезот Јаросалав</ref>. Потоа влегол во конфликт со својот внук Брајчаслав. По неуспешниот обид да го порази со оружје тој направил спогодба со него во која тој ја признал врховната власт на Киев но ја сочувал внатрешната самоуправа. Јарослав ја зајакнал позицијата на Руската црква. Во 1037 година, по повод победата над [[Печенези]]те, Јарослав Мудриот ја подигнал катедралната [[Црква (објект)|црква]] [[Св. Софија (Киев)|Св. Софија]]. Исто така, бил основан и [[манастир]] наречен „Киевската лавра“ кој станал културно жариште. Во 1051 година, кнезот Јарослав, без да побара дозвола од цариградскиот патријарх, за митрополит го поставил рускиот свештеник Иларион. Тоа било прв обид за осамостојување на руската црква од врховната власт на [[Цариградска патријаршија|Цариградската Патријаршија]]. Со јакнењето на [[христијанство]]то се зајакнувал и културниот живот на Киевска Русија. Биле преведувани книги донесени [[Македонија]] и [[Бугарија]]. Биле преведувани книги од грчки на старословенски јазик. Се создала руска црковна книжевност. Се развило и пишување на летописни записи во [[Киев]] и Новгород. Се појавиле првите житија како: биографија на убиените Свјатополкови браќа, Борис и Гилеб. Во 1036 година излегол првиот дел од списанието „Руска правда“.
 
== Киевска Русија во време на Владимир Мономах ==
Анонимен корисник