Пазар на капитал: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 15:
 
* ''Пазари преку шалтери'' — Пазарот преку шалтер ([[англиски]]: ''over-the-counter market'')<ref>[http://www.otcmarkets.com/home OTC market]</ref> претставува алтернативен облик на пазар на хартии од вредност. Името го добил од неговиот дамнешен облик, кога клиентите доаѓале директно на шалтерите на банките и таму купувале или продавале хартии од вредност. Ваквиот облик одамна е исчезнат, но името останало и тоа денес се однесува за тргувањето во самите [[Брокерска куќа|брокерски куќи]], во кои денес се одвива огромен дел од прометот со хартии од вредност, посебно во западните земји. Имено, еден дел од куповните и продажните налози што ги добиваат брокерските куќи, можат според своите карактеристики (вид, количина, цена) да се реализираат во самата куќа, без да се излегува на берзата со нив. Така се избегнува плаќањето провизија на берзата и се поедноставува работата на брокерите.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'',Економски Факултет - Скопје, 2008, стр.182.</ref> Друг вид на вонберзанско тргување денес е [[НАСДАК]] (''National Association of Securities Dealers Automated Quotations System''). Истиот, е пазар кој постои помеѓу овластените дилери во [[САД]] и кој претставува мрежа на меѓусебно електронско тргување. Тргувањето со хартии од вредност преку овој пазар се одвива така што инвеститорите контактираат директно со дилерите, кои, пак, тргуваат помеѓу себе без да ги напуштаат своите канцеларии, преку следење на понудата и побарувачката на хартиите од вредност на своите [[компјутер]]ски екрани. Денес, преку NASDAQ, се одвива огромен дел од прометот со хартии од вредност во САД, често надминувајќи го и оној на Њујоршката берза.<ref>Сашо Арсов, ''Финансиски менаџмент'',Економски Факултет - Скопје, 2008, стр. 182.</ref>
 
=== Неорганизиран пазар на капитал ===
 
Неорганизираниот пазар на капитал, обично, се одвива крај берзите, и за него не важат берзанските правила и прописи. На него, по правило , учествуваат помали [[претпријатија]] кои не ги исполнуваат условите да можат да тргуваат на берзите, или на други организирани пазари.<ref>Љупчо Трпески, ''Банкарство и банкарско работење'' (прво издание),Економски Факултет - Скопје, 2009, стр.199.</ref>
 
== Посредници на пазарот на капитал ==