нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето |
|||
[[File:Vasnetsov Bapt Vladimir fresco in Kiev.jpg|thumb|''Крштение на кнезот Владимир'', од [[Виктор Васнецов]].]]
Во 964 година, синот на Игор и Олга Свјетослав станал полнолетен и ја презел власта, а владеел до 972 година. Тој бил многу воинствен и ги проширил територите на руската држава. Загинал во борба со [[Печенези]]те, во 972 година. По неговата смрт дошло до борба за власт меѓу неговите синови Јарополк, Олег и Владимир. На крајот власта ја земал Владимир (980-1015). [[Владимир I Свјатославич]] ја продолжил политиката на татко му. Војувал против [[Полска]] и успеал да ги обедини сите источни Словени во една држава. Во остварувањето на овие планови му помогнало примањето на христијанството. [[Христијанство]]то го примил од [[Византија]]. Византискиот император [[Василиј II]] побарал помош од Русија за борба против узурпаторите Варда Фока и Варда Скилир. Кнезот Владимир му испратил 6.000 војници. Kако награда Василиј II му ја ветил неговата сестра Ана за сопруга но под услов да го прими Христијанството. Тој го прифатил барањето. Била формирана руска црква на чело со руски митрополит кој бил потчинет на рускиот патријарх. Самиот кнез се пoкрстил во 988 г. и наредил сите поданици во државата да се покрстат. Покрстувањето на Киевска Русија му помогнало на кнезот Владимир да го зацврсти единството во државата. Исто така му помогнало и да ја централизира власта како и во борбата со неговите браќа. Тој во почетокот сакал да создаде единствен [[Паганизам|пагански]] пантеон од сите словенски и несловенски племенски божества. Подигнал пагански пантеон во [[Киев]] и [[Перун]] бил поставен за врховен бог. Меѓутоа и покрај тоа се задржал племенскиот партикуларизам. Но сепак Христијанството со својата црковна хиерархија му овозможило на кнезот Владимир да ги обедини сите поданици во царството. Од друга страна покрстувањето на Киевска Русија било од големо значење на Византија. Со тоа се проширила нејзината
== Киевска Русија во време на Јарослав Мудриот ==
|