Кинеска книжевност: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎top: Форматна исправка, replaced: 0 год. → 0 г.
с double space->single space
Ред 1:
{{Ист-лит}}
'''Кинеската литература''' е многу стара - уште од пред 2000 г. п.н.е. таа имала разни верски песни и записи, но правата литература започнува од [[6 век|VI]] век п.н.е., кога [[Лао-це]] ја реформирал старата вера и проповедал [[таоизам]] (вид на мистичниот [[пантеизам]]),а [[Конфучиј]] ја систематизирал целата верска и литературна оставнина во 5 канонски книги (зборници): „[[Ше-џинг]]“, „[[Шу-џинг]]“, „[[И-ѓинг]]“, „[[Ли-џи]]“ и „[[Чун-циу]]“. Ше-џинг е „книгата на песните“ (305 песни од 1050 до 700 п.н.е.), една од најубавите збирки на [[поезија]],
воопшто. Како што самиот Конфучиј е целосна спротивност на мистичниот и занесен Лао-це, така и нивните сфаќања често се разликувале: Конфучиевиот внук [[Цесе]] и другите писатели залудно се обидувале да ги усогласат. Тоа го навело [[Менг-це]] (372-289 п.н.е.) да го изгради првиот поголем филозофски систем, но брзо по неговата смрт филозофијата опаѓа, а се развива песништвото. Притоа се истакнуваат [[Киих-Јиан]] (332-295 п.н.е.) и [[Сунг-Ји]] (290?-222? п.н.е.) и со нив се завршува класичниот период.
 
[[Податотека:LiBai-Kalligraphie.jpg|right|360px|thumb|Калиграфско писмо на [[Ли Баи]] од [[8 век|XVIII]] век.]]
Ред 56:
== Литературните школи ==
 
Голема улога во создавањето на литературни школи имале литературните друштва организирани во почетокот на [[1920|20]]-тите години: "[[Друштво за литературни студии]]" (1919) се залагало за реалистичка литература која е одраз на општествената стварност. Во ова движење припаѓале и [[Лу Син]] (1881-1936), [[Џу Цо-јен]] и [[Мао Це Тунг]], а тоа придонело за популаризирање на делата на [[Толстој]], [[Тургењев]], [[Максим Горки|Горки]], [[Хенрик Ибзен|Ибзен]] и [[Ги де Мопасан|Мопасан]]. Друго друштво било "[[Создавање]]" (1922), кое го основале книжевници школувани во [[Јапонија]]. Тие се залагале за артистичка и естетска литература, а биле против сите револуционерни сфаќања. Развојот на внатрешните ситуации во Кина и интервенцијата на јапонските империјалисти влијаеле на оваа група, со што таа идејно еволуирала, па двете спомнати групи го создале "[[Сојуз на левичарските писатели|Сојузот на левичарските писатели]]", во кој влегле и Лу Син и [[Мао Тун]], како и многу народни книжевници кои се бореле за социјалната и [[Комунизам|комунистичка]] литература. Главната цел на "Сојузот" била да се создаде антифеудална, антикапиталистичка и вистинска пролетерска литература. Најугледниот модерен писател е Лу Син, автор на романот „[[Вистинска приказна за А-Кеј]]“. Покрај него, меѓу најнапредните спаѓа [[Куо Мо-жо]]. Од друштвото "Создавање" произлегол [[Ју Та-фу]] ([[1896]]-[[1945]]), кој студирал во Јапонија и сосема солидно ги познавал делата на Тургењев, [[Фјодор Достоевски|Достоевски]], Горки и [[Антон Чехов|Чехов]]. Еден од најславните романописеци е Мао Тун, кој во [[1930]] се придружил на "Сојузот". Со напредни позиции пишува и [[па Кин]]. Тој го опишува судирот на старото општество со новите генерации и нивните сфаќања. Се истакнуваат и [[Лао Ше]] - романописец и драмски писател, [[Џао Шу-Ли]] - приповедник и [[Ај Цин]] - поет. Од жените доста се познати [[Лу-јин]], [[Пинг-Син]] и [[Тинг-Линг]].
 
== Состојба по Втората светска војна ==