Штип: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 554:
*''Црквата св. [[Богородица]]'' се наоѓа во [[Ново Село]] и претставува едно од ремек-делата на познатиот македонски мајстор [[Андреја Дамјанов]] и, според кажувањата, таа била градена 31 година. Според знакот што се наоѓа над влезот од јужната страна, црквата била реновирана во [[1850]] година. Црквата има голем иконостас со 90 икони.<ref name="ReferenceC"/> Во рамките на црквата, во [[1972]] година била отворена галерија на икони која содржи дури 132 дела, изработени меѓу [[1861]] и [[1866]] година од сликарот [[Станислав Деспотоски]] од [[Самоков]].<ref>Општина Штип, ''ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот''. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 34.</ref>
*Еднокорабната ''црква [[св. Архангел Михаил]]'' се наоѓа на патот што води кон [[Исар]]от. Подигната е во првата половина на [[14 век]] од протосевастот Хрелја, а во [[1334]] година била приложена кон [[Хиландар]] од страна на [[цар Душан|царот Душан]].<ref name="ReferenceD">Општина Штип, ''ШТИП - ТУРИСТИЧКИ ИНФОРМАТОР, Со мапа на градот''. Штип: Општина Штип, 2011, стр. 35.</ref>
*[[Податотека:Света Петка - Штип.jpg|алт=Црквата „Света Петка“ - Штип|мини|313x313пкс|Црквата „Света Петка“ - Штип]]''Црквата [[св. Јован Крстител]]'' се наоѓа на десната страна на реката [[Отиња]], на јужната страна на [[Исар]]от, а изградена е во [[1350]] година со поддршка на [[Јован Пробиштиповиќ]], во времето кога сопственик на земјиштето бил [[деспот Оливер|деспотот Оливер]]. Од оригиналниот фрескопис, денес се видливи само фрагменти, како што е [[фреска]]та на царот [[цар Константин|Константин]] и [[царица Елена|царицата Елена]] на јужниот ѕид на црквата.<ref name="ReferenceD"/>
*''Црквата [[Свети Илија|св. Пророк Илија]]'' се наоѓа на јужната страна на реката [[Отиња]], изградена е во [[1381]] од [[Константин Дејановиќ]] и приложена на манастирот Хиландер. Во 1822 година била срушена, односно од истата црква е адаптирана џамија, наречена Хуса Медин Пашина џамија. Во историските извори оваа црква се спомнува како црква на поп Старие. На празникот Св.Пророк Илија на 2. Август во црквата се одржува богослужба.<ref name="епархија"/><ref>[http://www.kanal5.com.mk/default.aspx?egId=13&eventId=63381&mId=37&tip=video&AspxAutoDetectCookieSupport=1 Канал 5 телевизија]</ref>
*[[Црква „Св. Константин и Елена“ - Штип|Св. Константин и Елена]] - на 2 јуни 2013 година поставен камен темелник. Се наоѓа во населбата Балканска веднаш до споменикот на протераните македонци од Егејскиот дел на Македонија.<ref>[http://www.sitel.com.mk/mk/postaven-kamen-temelnik-za-nova-crkva-vo-shtip-0 ''Поставен камен темелник за нова црква во Штип'']</ref>
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Штип