Разлика помеѓу преработките на „Страдањата на младиот Вертер“

→‎За романот: дополнување
(ситна поправка)
(→‎За романот: дополнување)
 
Како одговор на критичарите, Гете истакнувал дека уметничкото дело не може да биде штетно. Така, обраќајќи му се на еден англиски [[бискуп]], наведен во разговорот со Екерман од [[17 март]] [[1830]] година, Гете истакнал: „Кога веќе така зборувате за мојот кутар „Вертер“, тогаш како би требало да се зборува против насилниците кои со едне потег на перото испраќаат во [[војна]] сто илјади луѓе од кои ќе погинат осумдесет илјади и кои меѓусебно се поттикнуваат на убиство, палење и грабеж. Вие го фалите [[бог]]а по таквите настани и ја пеете Tedeum!... А барате писателот да ви поднесе сметка и сакате да фрлите проклетство на неговото дело само затоа што тоа, погрешно сфатено од неколку ограничени умови, во најлош случај го ослободил светот од малкумина глупаци и никаквеци!... Тоа е значи злостроство, а што си дозволувате вие, свештениците и владетелите!... Зло би било ако една книга може да делува како нешто што е понеморално од самиот живот...“<ref>Milan V. Dimić, „Beleška o piscu“, во: J. V. Gete, ''Jadi mladoga Vertera''. Beograd: Rad, 1959, стр. 137-138.</ref>
 
Според сведоштвото на самиот Гете, Вертер е суштество кое како [[пеликан]] го хранел од своето срце и во него има толку [[Чувство|чувства]] и [[Мисла|мисли]] земени од неговите гради, што од нив може да се напише роман од десет такви книги. Притоа, откако го напишал ова дело, Гете го прочитал само еднаш и секогаш внимавал да не го повтори повеќе, зашто зборовите во романот се „запаливи ракети“ и тој се плашел од помислата повторно да ја доживее [[Патологија|патолошката]] состојба од која настанал романот. Според Гете, „Вертеровото време“ за кое толку многу се зборувало, воопшто не му припаѓа на текот на светската [[култура]], туку на текот на животот на секој поединец кој треба да се снајде во тесните облици на застарениот Свет и да му се приспособи. Неостварената среќа, осуетената работа, незадовоените желби не се недостатоци на некое посебно време, туку на секој поединечен човек, па затоа на секој човек му изгледа дека „Вертер“ е напишан само за него.<ref>J. P. Ekerman, ''Razgovori sa Geteom: Poslednjih godina njegova života''. Beograd: Rad, 1960, стр. 3-4.</ref>
 
Сепак, под притисок на критичарите, во [[1787]] година Гете го подготвил изменетото второ издание на „Страдањата на младиот Вертер“ во кое направил одредени измени: ги засилил некои болни црти во карактерот на Вертер, го прикажал Алберт во подобра светлина, вметнал паралелно дејство со теми од селскиот живот, а во поговорот јасно ги опоменал читателите да не го следат примерот на Вертер.<ref name="Milan V. Dimić 1959"/>