Томас Хобс: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с clean up, replaced: ==Биографија== → ==Животопис== using AWB
с смао->само
Ред 27:
Притоа, постојат различни видови акциденции: некои, како просторноста и обликот, се заеднички за сите тела, кои не можат да постојат без нив; другите акциденции, како мирувањето, [[движење]]то, бојата не се заеднички за сите тела, така што може да исчезнат, а телото да продолжи да постои. Акциденцијата поради која на некое тело му даваме одредено име се нарекува суштина или „есенција“. Доколку есенцијата е произведена, таа се нарекува „форма“. Во однос на која и да било акциденција, телото се нарекува „субјект“, а во однос на формата - „материја“. Според Хобс, [[материја]]та којашто им е заедничка на сите тела и која, според Аристотел, се нарекува ''materia prima'', не е некое посебно тело, туку претставува само корисно име кое „ја означува претставата за телото без оглед на формата и акциденцијата, исклучувајќи ја само големината или пространоста и способноста да прима форми и акциденции“.
 
Според Хобс, [[простор]]от и [[време]]то не се ниту акциденции на телата, туку тие се само фантазми, т.е. само наши претстави за акциденциите на телата. Така, просторот само означува дека нештата постојат независно од нас, додека времето е „фантазма на порано или подоцна во движењето“. Значи, во основата на просторот лежат две акциденции (просторноста и движењето), но просторот и времето се само наши субјективни претстави за овие две објективни акциденции на телата. И не смаосамо просторот и времето, туку и сите фантазми и човечката свест, воопшто, имаат објективна основа, односно телата и нивните акциденции постојат независно од нашата свест, но свеста не може да постои независно од материјалните тела.
 
Оттука, во основата на сите психички процеси лежат осетите, кои се извор на нашето целокупно знаење за материјалниот свет. Но, осетите не се нешто нематеријално, туку тие претставуваат промена на телото кое осеќа. Причина на осетите се материјалните тела, кои непосредно (вкус, допир) или посредно (мирис, вид) вршат притисок врз некој сетилен орган. Тој притисок се пренесува врз [[мозок]]от и [[срце]]то, кадешто предизвикува отпор и противпритисок, кој, бидејќи е насочен кон надвор, изгледа дека е надвор од човекот. Според тоа, различните сетилни квалитети се само различни видови движење на материјата, а осетите се само фантазми на внатрешните движења кои настануваат во нас како последица на делувањето на надворешните предмети врз сетилните органи.