Френсис Бејкон: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: пред се → пред сè
с смао->само
Ред 4:
==Животопис==
[[Податотека:18-year old Francis Bacon.jpg|мини|лево|Портрет на Бејкон на возраст од 18 години, Национална галерија на портрети, Лондон.]]
Бејкон е роден на [[22 јануари]] [[1561]] година, во Јорк Хаус, во [[Лондон]], како син на Николас Бекон и на неговата втора жена, Ана (Кук) Бејкон.<ref>„Sir Francis Bacon's Journals“. стр. 191. iUniverse, 2007.</ref> Биографите сметаат дека во детството Бекон бил школуван дома, поради лошата здравствена состојба (која го следела во текот на целиот живот), со подучување од страна на Џон Волсал, дипломец на [[Универзитет Оксфорд|Оксфорд]] , со цврста насоченост кон [[пуританство]]то. На 5 април 1573 година, на возраст од дванаесет години, се запишал на [[Тринити колеџ|колеџот „Тринити“]] при [[Универзитет Кембриџ|Универзитетот Кембриџ]].<ref>{{acad|id = BCN573F|name = Bacon, Francis}}</ref> Три години живеел заедно со неговиот постар брат, Ентони Бејкон, а под лично туторство на д-р [[Џон Витгифт]], иден [[Кентербери]]ски [[архиепископ]]. Образованието на Бејкон во голема мера било на [[Латински јазик|латински]] и по средновековната наставна програма. Исто така, тој се образувал и на [[Универзитет во Поатје|Универзитетот во Поатје]]. Во Кембриџ, Бејкон ја запознал кралицата [[Елизабета I|Елизабета]], која била воодушевена од неговиот прерано созреан интелект и го нарекла и „младиот лорд чувар“.<ref>{{Наведена книга|last = Collins|first = Arthur|title = The English Baronetage: Containing a Genealogical and Historical Account of All the English Baronets, Now Existing: Their Descents, Marriages, and Issues; Memorable Actions, Both in War, and Peace; Religious and Charitable Donations; Deaths, Places of Burial and Monumental Inscriptions {{sic}}|publisher = Printed for Tho. Wotton at the Three Daggers and Queen's Head|year = 1741|page = 5}}</ref> На [[27 јуни]], [[1576]] година, Френсис и брат му Ентони влегле во ''societate magistrorum'', во Грејс Ин, а неколку месеци подоцна Френсис заминал во странство, во друштво на сер Амиас Палет, англискиот [[амбасадор]] во [[Париз]], додека Ентони ги продолжил своите студии дома. Во следните три години, Френсис Бејкон ги посетил Блоа, Поатје, Турс, а патувал и во [[Италија]] и во [[Шпанија]]. За време на неговите патувања, Бејкон ги изучувал јазиците, [[дипломатија]]та и [[Граѓанско право|граѓанското право]], при извршувањето на рутинските дипломатски задачи.
 
Во 1580 година, со помош на неговиот вујко, лорд Бургхли, тој се пријавил за работа на суд, но бил одбиен. Во текот на следните две години, тој продолжил да работи во Грејс Ин, додека не станал признат како надворешен адвокат во 1582 година. Во 1584 година го зазел своето место во парламентот за Мелкомб во Дорсет, а подоцна и за Таунтон (во 1586 година). Во тој период, Бејкон почнал да покажува знаци на симпатија кон пуританство, присуствувајки на проповедите на пуританскиот старешина на Грејс Ин и придружувајки ја неговата мајка во Храмовата купола, каде го слушал Валтер Траверс. Во 1586 година, тој отворено го поттикнал погубувањето на шкотската кралица Мери. За ова време, тој повторно побарал помош од неговиот моќен чичко, на што веројатно се должи неговиот брз напредок во адвокатурата. Така, Бејкон станал член на адвокатската комора во 1586 година, следната година бил избран за предавач. Во 1589 година бил наименуван за помошник-судија, иако формално ја добил канцеларијата во 1608 година, при што ова работно место му носело приход од 16.000 [[Фунта|фунти]], годишно.
Ред 64:
# Табела на отстапувањето или отсутноста во блиското (''Tabula declinationis sive absentis in proximo''), т.е. табела на предметите и појавите во кои таа природа ја нема, иако се многу слични на предметите и појавите од првата табела, во кои таквата природа постои.
# Табела на степените и споредбите (''Tabula graduum sive comparativae''), кадешто се наведуваат примери во кои природата се наоѓа во помала или во поголема мера.
Врз основа на овие табели можеме да поставиме хипотеза, т.е. произволно да ја одредиме бараната форма. Ова прво одредување на формата, кое не е дефинитивно, Бејкон го нарекува „олеснување на разумот“ (''permissio intellectus'') или „прва берба“ (''vindeminatio prima''). Така, во „Новиот органон“ Бејкон ја истражувал формата на топлината како пример при што дошол до првиот резултат според кој топлината е вид движење во кое телото тежнее: 1) да се прошири и 2) да се поктрене, 3) а неговиот носител се ситните честички на телото, 4) кои се движат многу брзо. Меѓутоа, на овој начин се доаѓа смаосамо до првиот заклучок во истражувањето, а за тој да биде конечно потврден, истражувањето треба да помине уште низ девет фази, од кои Бејкон стигнал да ја обработи само првата фаза, и тоа многу опширно. Станува збор за проучувањето на „прерогативните инстанции“, т.е повластените примери кои ја откриваат врската меѓу формата и природата појасно од другите примери. Бејкон наведува 27 видови такви прерогативни инстанции, како на пример, „инстанциите на крстот“ (''Instantiae crucis''), кои ги нарекува одлучувачки и пресудни, а кои ги претставуваат примерите кои лесно го решаваат проблемот во случаите кога се колебаме меѓу неколку веројатни претпоставки. Иако останало недовршено, Бејконовото учење за индуктивниот метод извршило големо влијание врз натамошниот развој на логиката. На пример, [[Џон Стјуарт Мил]], кој ги поставил четирите методи на индукција, само ги усовршил идеите на Бејкон дадени во неговите табели. Оттука, иако Бејкон не е творец на индуктивниот метод, тој го поставил него во обликот во кој денес се употребува во научното истражување. Сепак, во разработката на индуктивниот метод, Бејкон не го зел значењето на [[Дедукција|дедуктивниот]] метод кој, исто така, има улога во поставувањето на хипотезите и во проверувањето на експерименталните резултати.<ref name="Francis Bacon 1955"/>
 
=== Значењето на Бејконовата филозофија===