Кичево: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 169:
Кичево и [[Кичевско]] престанува да биде под турска власт во [[1912]] година по завршувањето на [[Првата балканска војна]]. Во овој период се случува [[Охридско востание|Охридско-дебарското востание]] во кое страдањето на населението било уште поголемо, особено во [[Втората балканска војна]] кога населението било поделено на две страни па не се знаело на која страна и за чии интереси се гине.
Во [[1919]] година со Версајската конференција овој регион му припаѓа на [[Кралство на Србите, Хрватите и Словенците|Кралството на Србите, Хрватите и Словенците]] коe водело политика на асимилација на населението. За време на Кралството СХС во чаршијата се градат убави згради (зградата на денешниот музеј, хотел Солун, кафеана „Велика Жупа“...). Трговијата повторно заживува. Се гради и теснолинејката која ќе го поврзе Кичево со Охрид. Зградата на поранешната железничка станица сè уште постои и се наоѓа на 100 метри од чаршијата, а остатоци од шините до неодамна се познаваа. Подем добива и спортскиот живот. Овој период може да се окарактеризира некаков своевиден подем, но во основа зацрнет поради големосрпската пропаганда над населението. Во овој период од почетокот на векот до 1940 година чаршијата има над 200 дуќани и занаетчиски работилници, хотели, пекари...
[[Податотека:Владимир Полежиноски.jpg|алт=Владимир Полежиноски|лево|мини|[[Владимир Полежиноски]]|233x233пкс]]
Во неверојатно тешки услови, овој регион ја дочекува фашистичката окупација во [[1941]] година. Кичевско потпаѓа под италијанска окупација. Но Кичево нема да ги изневери старите револуционерни обичаи. Од градот и околината се произлезени многу [[партизани]]. Во октомври [[1941]] година, [[Кузман Јосифовски - Питу]] го формира месниот комитет на [[Комунистичка партија на Македонија|Комунистичката партија]], во кој подоцна станува член и еден од најистакнатите кичевчани на сите времиња, д-р [[Владимир Полежиноски|Владимир Полежина (Полежиноски)]]. Во почетокот Кузман Јосифовски не се сложил Полежина да влезе како член на [[КПМ]], бидејќи сметал дека партијата е на работничката класа, а интелектуалците како него, доктор на правни науки, не може да бидат членови. Сите кичевски првоборци се залагале за Полежина да биде член. По заедничката средба, Кузман Јосифовски сфатил дека Полежина како убеден демократ и антифашист треба да биде член на [[КПМ]]. На 15 декември 1941 година е формирана првата партиска организација во село [[Карбуница]].
=== 11 септември – ден на ослободувањето на Кичево ===
[[Податотека:Mirko Milevski-Kicevo.jpg|алт=Спомен-бистра на Мирко Милески|мини|193x193пкс|Спомен-бистра на [[Мирко Милески]]]]
На [[11 септември]] [[1943]] година, непосредно по капитулацијата на [[Италија]], партизанските единици по жестоки борби го ослободуваат градот Кичево.<ref>[http://kicevo.mk/11-septemvri-den-na-osloboduvanjeto-na-kicevo/ „11 септември – Ден на ослободувањето на Кичево“]</ref> Со тоа Кичево стана '''првиот слободен град''' и слободна територија заедно со [[Дебрца]] во [[Македонија]]. Ова е првото ослободување на Кичево кое во наредните месеци уште неколкупати ќе биде окупирано и ослободувано. Во градот била формирана народна власт во која учество зеле претставници од сите националности кои живееле во градот. За првпат на дело се почувствувала заедничката слобода. На [[26 септември]] е одржан голем народен митинг. На балистичките водачи им била простена соработката со италијанските и германските фашисти и дури им било доверено чување на границата кон тогашна [[Бугарија|фашистичка Бугарија]] во околината на [[Бигор Доленци]]. Лојалноста на овие единици била многу кратка. За помалку од еден месец од правец на [[Гостивар]] започнува масовен германски напад кон слободната територија која е бранета на планината [[Буковиќ (планина)|Буковиќ]] од малубројната, но силно мотивирана чета на чело со [[Мирко Милески]] која во таа прилика е збришана. Предадени и изневерени од балистите и со поддршка на бугарската авијација, партизаните биле принудени да се повлечат кон [[Копачка (област)|Копачка]] и на [[2 октомври]] [[1943]] година Кичево е повторно окупирано. Накратко, од 1 до [[6 ноември]] 1943 Кичево повторно било ослободено,<ref>„Кичево и Кичевско во НОВ: документи“, Кичево, 1985, 193 стр.</ref> а конечно било ослободено на [[15 ноември]] [[1944]] година.
 
Со историскиот референдум на [[8 септември]] [[1991]] година, [[Македонија]] станува независна држава, со изградба на повеќепартиски систем и пазарно стопанство, а Кичево влегува во системот на транзиција.
Ред 518 ⟶ 519:
 
==== Средновековни остатоци ====
[[Податотека:Китино Кале1.jpg|алт=Китино Кале во есен|мини|Китино Кале во есен]]
Градот Кичава бил изграден врз постарите остатоци, на површината од околу 150 х 100 м. Во турско време покрај тврдината постоела и голема цивилна населба, која прераснала во денешниот град. На просторот на старата крепост денес е уреден градскиот парк. Археолошки ископувања тука не се вршени. Во 1929 г. најдени се 302 сребрени монети од 14 век (српски и венецијански; во Народниот музеј, [[Белград]]). Калето е видливо од цел град. Се наоѓа во источниот дел од котлината во подножјето на планината Илиница. Од неа го дели Зајашка Река. Издигнато е на дваесетина метри над останатиот град и со надморска висина од околу 650 метри.
Тврдината која постоела во антиката веројатно ја задржала конфигурацијата и подоцна, со мали измени. На површина се распознаваат барем 5 или 6 кули (+2 на влезната порта). Должината на обѕидието е околу 440 метри, простор од околу 1,5 хектари. Веројатно низ времето била доградувана. Изградена е од кршен камен носен од подножјето на Илиница и малтер. Стариот каменолом се гледа и денес. Особено забележлива е западната кула која се одвојува, како по својата зачуваност, така и по својата масивност. Останатите, за жал, се во очајна состојба. На места се забележуваат делови од бедемите, особено од север. Тврдината постоела пред 150-170 години кога била изгорена и запустена по ликвидацијата на власта на озлогласениот Хамза-паша со османлиските власти. Во тоа време тој живеел тука, а се спомнува дека го служеле дури 400 луѓе. По разорувањето на тврдината луѓето почнале нејзиниот камен да го користат како градежен материјал. Така тврдината уште повеќе се уништила. Пред половина век, при уредувањето на просторот користена е механизација и еден дел од ова археолошко наоѓалиште неповратно е збришан и уништен. Денес таа одвај се гледа, па не е чудно што некои и не знаат дека постоела.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кичево