Кичево: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 517:
Непосредно крај западното подножје на калето поминувал прастариот пат од [[Скопје]] и Полозите кон [[Охрид]] на југ и [[Прилеп]] на исток (античкиот пат [[Скупи]] — [[Лихнид]]). Веројатно во римско време на калето бил изграден крајпатен кастел за контрола на патот. Оваа тврдина постоела на крајот од антиката; најдени се монети — една остава закопана по средината на 3 век, потоа единични парчиња од 4 и 6 век (во Археолошкиот музеј - [[Скопје]]).
 
==== '''Средновековни остатоци''' ====
Градот Кичава бил изграден врз постарите остатоци, на површината од околу 150 х 100 м. Во турско време покрај тврдината постоела и голема цивилна населба, која прераснала во денешниот град. На просторот на старата крепост денес е уреден градскиот парк. Археолошки ископувања тука не се вршени. Во 1929 г. најдени се 302 сребрени монети од 14 век (српски и венецијански; во Народниот музеј, [[Белград]]). Калето е видливо од цел град. Се наоѓа во источниот дел од котлината во подножјето на планината Илиница. Од неа го дели Зајашка Река. Издигнато е на дваесетина метри над останатиот град и со надморска висина од околу 650 метри.
Тврдината која постоела во антиката веројатно ја задржала конфигурацијата и подоцна, со мали измени. На површина се распознаваат барем 5 или 6 кули (+2 на влезната порта). Должината на обѕидието е околу 440 метри, простор од околу 1,5 хектари. Веројатно низ времето била доградувана. Изградена е од кршен камен носен од подножјето на Илиница и малтер. Стариот каменолом се гледа и денес. Особено забележлива е западната кула која се одвојува, како по својата зачуваност, така и по својата масивност. Останатите, за жал, се во очајна состојба. На места се забележуваат делови од бедемите, особено од север. Тврдината постоела пред 150-170 години кога била изгорена и запустена по ликвидацијата на власта на озлогласениот Хамза-паша со османлиските власти. Во тоа време тој живеел тука, а се спомнува дека го служеле дури 400 луѓе. По разорувањето на тврдината луѓето почнале нејзиниот камен да го користат како градежен материјал. Така тврдината уште повеќе се уништила. Пред половина век, при уредувањето на просторот користена е механизација и еден дел од ова археолошко наоѓалиште неповратно е збришан и уништен. Денес таа одвај се гледа, па не е чудно што некои и не знаат дека постоела.
Ред 527:
[[Податотека:Спомен-костурница во Кичево.jpg|алт=Релјефот на спомен-костурницата во Кичево|мини|228x228пкс|Релјефот на спомен-костурницата во Кичево]]
 
==== '''Спомен-костурница''' ====
Во 1968 година на Китино Кале изградена е спомен-костурница за околу 500 паднати борци во НОБ (1941-1945) од Кичево и Кичевско. Костурницата и релјефот се изработени од македонскиот вајар [[Јордан Грабулоски]], сопруг на Искра Грабулоска, кичевчанка и ќерка на Борис Спиров, лекар од [[Брждани]] и втор претседател на македонското Собрание. На местото каде што е изградена костурницата постоела убава цитадела која конечно е разрушена околу 1850 година во еден бунт на кичевскиот бег кој се одметнал од [[Отоманско Царство|Османлиското Царство]]. Во таа цитадела во средновековието и антиката живееле управниците на градот заедно со војската која го контролирала патот и околината. Легендарната Кита, сестрата на Крал Марко живеела токму тука и веројатно била последната христијанска владетелка на кичевските простори. На местото на денешната спомен-костурница во минатото имало три споменици, изградени од срушени од различни власти. Во 1920-тите години на калето бил подигнат споменик на српскиот крал [[Петар I Караѓорѓевиќ]]. За време на Втората светска војна, тогашните привремени власти го отстраниле претходниот споменик и на негово место го поставиле споменикот на [[Скендербег]]. Не смениле ништо друго. Овој споменик останал кратко и по ослободувањето во 1945 година. Иако Скендербег има традиција на почитување кај сите луѓе на овие простори, тој подоцна сепак бил тргнат. Подоцна, на истото место е поставен грандиозен с[[Олга Мицеска (споменик)|поменик на народниот херој - кичевчанката Олга Мицеска]]. Овој споменик во тоа време бил еден од најголемите во Македонија. Олга Мицеска на само 17 години загинала во четата заедно со Мирко Милески во одбрана на единствената слободна територија на Буковиќ во 1943 година. Споменот кај кичевчани за оваа девојка секогаш останал силен. Овој споменик бил во форма на хероина која ја најавува слободата. Но во 1960-тите години овој споменик срушен бидејќи тогашните градски власти оцениле дека е неморален поради разголеноста на девојката што било спротивно од комунистичкиот режим. Иако оваа постапка наишла на неодобрување кај населението, споменикот бил урнат и до ден денес негови остатоци можат да се најдат расфрлани низ калето.<ref>https://kicevo.mk/spomenicite-od-kitino-kale/</ref>
 
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кичево