Награди Греми: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с беила -> била
сНема опис на уредувањето
Ред 20:
Во [[февруари]] [[2015]] година, во центарот „Стејплс“ во [[Лос Ангелес]] било одржано 57. издание на наградите „Греми“. Севкупен победник на церемонијата бил британскиот пејач Сем Смит, кој освоил четири награди, меѓу кои и: песна на годината, за хитот „Остани со мене (''Stay With Me'')“; за најдобар дебитант; и за [[Поп-музика|поп]]-албум на годината (''In the Lonely Hour''). Музичарот [[Бек]] ја добил наградата за албум на годината, за неговото оставрување „Morning Phase“, а [[Бијонсе]] и [[Фарел Вилијамс]] освоиле по три награди.
 
Инаку, на церемонијата прво настапила групата „[[АЦ ДЦ]] (AC /DC)]]“ со хитот „Highway to Hell“, а потоа настапиле и раперот „[[Ел Ел Кул Џеј]] (LL Kool J)“, Фарел, Сиа и [[Мадона]], а [[Ријана]] им се придружила на [[Канје Вест]] и [[Пол Макартни]] и заедно ја исполниле песната „Four Five Seconds“. Исто така, настапиле и повеќе дуети, како: [[Џеси Џеј]] и [[Том Џонс]], [[Ени Ленокс]] и Хозиер, [[Лејди Гага]] и [[Тони Бенет]], како и [[Гвен Стефани]] и Адам Левин. Вечерта завршила со настапите на Бијонсе, придружувана од [[госпел]]-хор и на Џон Леџенд и Комон, кои заедно ја испеале песната „Glory“ од [[филм]]от „Селма“.<ref>„Во знакот на длабоките деколтеа и триумфот на Сем Смит“, ''Дневник'', година XIX, број 5688, вторник, 10 февруари 2015, стр. 21.</ref>
 
== Надворешни врски ==