Кичево: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 526:
Тврдината имала воена посада по доаѓањето на Османлиите на овие простори во 1385 година. Нејзината улога особено пораснала за време на востанието на [[Скендербег]] кога големи воени единици биле сместени на овој простор за дејствување против востаниците. По освојувањето на тврдината во Светиград (денешен Коџаџик), значењето на кичевската тврдина се намалило и станала помалку значајна.[[Податотека:Spomen-kosturnica u Kičevu.JPG|мини|Спомен-костурницата на паднатите борци во НОБ од Кичевско|226x226пкс]]
[[Податотека:Спомен-костурница во Кичево.jpg|алт=Релјефот на спомен-костурницата во Кичево|мини|228x228пкс|Релјефот на спомен-костурницата во Кичево]]
'''Спомен-костурница'''
 
==== '''Спомен-костурница''' ====
Во 1968 година на Китино Кале изградена е спомен-костурница за околу 500 паднати борци во НОБ (1941-1945) од Кичево и Кичевско. Костурницата и релјефот се изработени од македонскиот вајар [[Јордан Грабулоски]], сопруг на Искра Грабулоска, кичевчанка и ќерка на Борис Спиров, лекар од [[Брждани]] и втор претседател на македонското Собрание. На местото каде што е изградена костурницата постоела убава цитадела која конечно е разрушена околу 1850 година во еден бунт на кичевскиот бег кој се одметнал од [[Отоманско Царство|Османлиското Царство]]. Во таа цитадела во средновековието и антиката живееле управниците на градот заедно со војската која го контролирала патот и околината. Легендарната Кита, сестрата на Крал Марко живеела токму тука и веројатно била последната христијанска владетелка на кичевските простори. На местото на денешната спомен-костурница во минатото имало три споменици, изградени од срушени од различни власти. Во 1920-тите години на калето бил подигнат споменик на српскиот крал [[Петар I Караѓорѓевиќ]]. За време на Втората светска војна, тогашните привремени власти го отстраниле претходниот споменик и на негово место го поставиле споменикот на [[Скендербег]]. Не смениле ништо друго. Овој споменик останал кратко и по ослободувањето во 1945 година. Иако Скендербег има традиција на почитување кај сите луѓе на овие простори, тој подоцна сепак бил тргнат. Подоцна, на истото место е поставен грандиозен с[[Олга Мицеска (споменик)|поменик на народниот херој - кичевчанката Олга Мицеска]]. Овој споменик во тоа време бил еден од најголемите во Македонија. Олга Мицеска на само 17 години загинала во четата заедно со Мирко Милески во одбрана на единствената слободна територија на Буковиќ во 1943 година. Споменот кај кичевчани за оваа девојка секогаш останал силен. Овој споменик бил во форма на хероина која ја најавува слободата. Но во 1960-тите години овој споменик срушен бидејќи тогашните градски власти оцениле дека е неморален поради разголеноста на девојката што било спротивно од комунистичкиот режим. Иако оваа постапка наишла на неодобрување кај населението, споменикот бил урнат и до ден денес негови остатоци можат да се најдат расфрлани низ калето.<nowiki><ref></nowiki>https://kicevo.mk/spomenicite-od-kitino-kale/<ref />
 
[[Податотека:Muzej na Zapadna Makedonija-Kicevo.jpg|мини|лево|Музејот во Кичево]]
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Кичево