Стар Дојран: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 146:
Потоа доаѓа времето кога на Балканот се населуваат Словените. На почетокот на деветиот век Тауријан важел за град кој благодарение на местопожбата и развојот завзема значајно место во поглед на историските, културните и економските случувања. Иако нема пишани и документирани податоци кои прецизно ќе го одликуваат Тауријан во овој век сепак, најверојатна е претпоставката дека токму во некоја од годините на IX век заради епидемија на колера и последиците од неа градот е поместен малку подолу - на југ. Новиот град добива ново име Полин.
И новиот град покрај езерото ги прифаќа навиките на веке стариот Тауријан. Основни животни радости остануваат да бидат: добриот риболов, успешниот лов, родната градина и здравиот пород на стоката. Сепак наоѓајки се на крстопатот каде што се судирале интересите на [[Византијци]]те и [[Бугари]]те, каде што се ширела или стеснувала македонската држава на Самоил (период од 969 до 1018 година) и од каде поминале освојувачките војски на српските кралеви (Милутин 1282 година и Душан 1331 - 1355 година) Полин морал да се соочува и со не така пријатните нешта на тогашноста. Неговите жители освен војните морале да ги плаќаат и разните даноци кон Византиската држава. Во периодот на 1026 и од 1037 до 1039 година жителите на Полин се соочиле и со земјотреси, суши, поплави и со епидемии што следуваат по нив.
[[Податотека:Саат Кулата во Стар Дојран.jpg|мини|Саат кулата во Стар Дојран]]
=== За време на Османлиското Царство ===
[[Податотека:Саат Кулата во Стар Дојран.jpg|мини|Саат кулата во Стар Дојран]]
Живеејки во времето на сето тоа, тие во својот Полин покрај езерото ги "дочекале" и сосема новите и најдолготрајни гости - господари, [[Турци]]те - Османлии. Турците го дале третото име на градот - ДОЈРАН. Во втората половина на XV век Дојран бил нахија - центар на неколку селски општини. Речиси во истиот период (1519 година) или 148 години по доаѓањето на Tурците во Дојран, некои документи велат дека во него живееле 232 семејства. Од нив само три биле муслимански, а сите останати 229 семејства биле христијански. Помасовно колонизирање на Дојран со турско население се случува во првата половина на XVII век. Тогаш во околината на Дојран настанале и селата во кои и денес живее исклучиво турско население: [[Ѓопчели]], [[Чаушли]], [[Севендекли]], [[Дедели]], [[Куртамзали]], [[Органџали]] и други кои денес се раселени. Заради блискоста и влијанието на актуелните општествени и политички процеси, Дојран бил град со амфитеатрален изглед од два дела: долен - каде што живеело месното население и горен во кој се лоцирало турското население. Градот бил изграден во стилот на Цариградската и Солунската архитектура. Имал калдрмисани улици, чиста вода за пиење каптирана од изворите над градот и спроведена до повеќе градски чешми преку канали со керамички цефки, градска бања - амам кој и служел на сите жители, мажи и жени, христијани и муслимани, три цркви и три џамии, неколку училишта (повеќе основни и една гимназија) и една заедничка саат кула. На Дојран во тоа време припаѓале и околу 79 села при што имало околу 30.000 жители, од кои над 18.000 [[Турци]], повеќе од 9.500 [[Македонци]], околу 160 [[Евреи]] и 1.000 [[Роми]].
[[Податотека:Doyran.PNG|лево|мини|211x211пкс|Улица во Дојран во почетокот на XX век]]
Градот бил изграден во стилот на Цариградската и Солунската архитектура. Имал калдрмисани улици, чиста вода за пиење каптирана од изворите над градот и спроведена до повеќе градски чешми преку канали со керамички цефки, градска бања - амам кој и служел на сите жители, мажи и жени, христијани и муслимани, три цркви и три џамии, неколку училишта (повеќе основни и една гимназија) и една заедничка саат кула. На Дојран во тоа време припаѓале и околу 79 села при што имало околу 30.000 жители, од кои над 18.000 [[Турци]], повеќе од 9.500 [[Македонци]], околу 160 [[Евреи]] и 1.000 [[Роми]].
 
=== Современа историја ===