Стар Дојран: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 142:
Во V век п.н.е. долината на Празијас (сегашното Дојранско Езеро) ја населувале [[Пајонци|Пеонци]]. Тие живееле „на“ Езерото. Во дрвени колиби заградени со трска и поставени на скели кои се потпирале на долги дрвени колци. Со копното ги поврзувале единствено корабите со кои управувале многу вешто заради што најчесто и обидите на освојувачите (Персијците) биле безуспешни. Се женеле по многупати, а се занимавале со лов, риболов, земјоделство и сточарство. Биле многу добри пливачи и нуркачи. Секој од нив во својата колиба имал отвор кон езерото (на дното на колибниот под) преку кој ловеле риба во изобилство и со неа ги хране дури и коњите и говедата. Регионот околу езерото Презијас во тој период територијално припаѓал на Македонската држава чиј крал бил Аминта, па на неговиот син Александар И по него, па [[Пердика II]] (454 - 413 година п.н.е.) па [[Архелај I]] (418 - 399 година п.н.е.). Во првиот и вториот век п.н.е. за времето на [[Филип II Македонски|Филип II]] и [[Александар III Македонски]] и во периодот кога Римјаните почнале да навлегуваат на Балканот ( II век п.н.е.) на западниот брег на Празијас (денес, месност Топлец) на површина од 30 - тина хектари веќе бил распространет антички град — тврдина со најстарото познато име Тауријан. Во 395 година при делењето на Римското Царство на Западно и Источно чиј центар бил Визит (Цариград), Тауријан станал дел од Источното Римско Царство односно [[Византија]].
=== Среден век ===
[[Податотека:Фонтана со споменик на Дојрана, девојката по која според легендата, градот добил името.jpg|алт=Фонтана со споменик на Дојрана, девојката по која според легендата, градот го добил името|мини|Фонтана со споменик на Дојрана, девојката по која според легендата, градот го добил името]]
Потоа доаѓа времето кога на Балканот се населуваат Словените. На почетокот на деветиот век Тауријан важел за град кој благодарение на местопожбата и развојот завзема значајно место во поглед на историските, културните и економските случувања. Иако нема пишани и документирани податоци кои прецизно ќе го одликуваат Тауријан во овој век сепак, најверојатна е претпоставката дека токму во некоја од годините на IX век заради епидемија на колера и последиците од неа градот е поместен малку подолу - на југ. Новиот град добива ново име Полин.
И новиот град покрај езерото ги прифаќа навиките на веке стариот Тауријан. Основни животни радости остануваат да бидат: добриот риболов, успешниот лов, родната градина и здравиот пород на стоката. Сепак наоѓајки се на крстопатот каде што се судирале интересите на [[Византијци]]те и [[Бугари]]те, каде што се ширела или стеснувала македонската држава на Самоил (период од 969 до 1018 година) и од каде поминале освојувачките војски на српските кралеви (Милутин 1282 година и Душан 1331 - 1355 година) Полин морал да се соочува и со не така пријатните нешта на тогашноста. Неговите жители освен војните морале да ги плаќаат и разните даноци кон Византиската држава. Во периодот на 1026 и од 1037 до 1039 година жителите на Полин се соочиле и со земјотреси, суши, поплави и со епидемии што следуваат по нив.