Тартиф: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 64:
 
==Постанокот на делото==
Во мај 1664 година, во [[Версај]] биле поставени трите чина на „Тартиф“. До денес останува отворено прашањето, дали се работи за трите чина на комедијата што Молиер веќе претходно започнал да ја пишува или пак станува збор за целосно нова верзија на ова дело. Во секој случај, кралицата-мајка и благородниците издејствувале забрана на „Тартиф“.<ref>N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962, стр. 205.</ref> Новата верзија на „Тартиф“, овојпат во пет чина, била прикажана во [[август]] [[1667]] година, откако претходно била читана и играна на приватни средби. Искористувајќи го отсуството на кралот, цензурата го забранила делото веднаш по првата претстава. Забраната била тргната во [[февруари]] [[1669]] година и само во таа година, „Тартиф“ бил прикажан 45 пати во [[театар]]от и петпати приватно.<ref>N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962, стр. 206.</ref> Во молбата упатена до кралот во врска со прикажувањето на „Тартиф“, Молиер напишал: „Бидејќи комедијата има за цел да ги поправа луѓето забавувајќи ги, сметав дека како комедиограф најдобро ќе сторам ако ги нападнам, сликајќи го смешното, пороците на мојот век.“ Сепак, поуките застапени во неговите дела никогаш не се претвораат во морализирање. Напротив, токму поуката и комичното, поврзани со реалистичниот приказ на луѓето, им даваат карактер на неговите комедии и им даваат долговечност.<ref>Божидар Настев, „Поговор“, во: Молиер, ''Тартиф''. Скопје: Македонска книга, 1970, стр. 114-115.</ref>
 
==Критички осврт кон делото==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тартиф