Тартиф: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 62:
 
Како и бројни други големи дела, „Тартиф“ може да биде сфатен на повеќе начини. Уште со првобитниот наслов „Тартиф или лажливец“ Молиер сакал да се одбрани од нападите на католиците, нагласувајќи дека ги исмејува само лицемерите, а не и вистинските верници. И во самото дело има [[стих]]ови што ја потврдуваат таа теза. Сепак, постојат и мислења дека на тој начин авторот само сакал вешто да се одбрани од потенцијалните напади на непријателите. Навистина, членовите на моќната [[организација]] „Света причеста“ истакнувале дека неговата критика се однесува на сите побожни луѓе. Во секој случај, личноста на Тартиф е толку силно прикажана што на [[режисер]]ите и на глумците им дозволува широки можности за интерпретација. Исто така, темата воопшто не е локална, туку универзална бидејќи, покрај луѓето кои цврсто веруваат во одредени идеи, секогаш ќе постојат и лицемери. Вештината на Молиер во ова дело се состои не само во прикажувањето на главниот лик, туку и во извонредната постепеност на дејството која што делумно е расипана со брзоплетиот и неверојатен расплет.<ref>N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962, стр. 206.</ref>
 
==Постанокот на делото==
Во мај 1664 година, во [[Версај]] биле поставени трите чина на „Тартиф“. До денес останува отворено прашањето, дали се работи за трите чина на комедијата што Молиер веќе претходно започнал да ја пишува или пак станува збор за целосно нова верзија на ова дело. Во секој случај, кралицата-мајка и благородниците издејствувале забрана на „Тартиф“.<ref>N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962, стр. 205.</ref> Новата верзија на „Тартиф“, овојпат во пет чина, била прикажана во [[август]] [[1667]] година, откако претходно била читана и играна на приватни средби. Искористувајќи го отсуството на кралот, цензурата го забранила делото веднаш по првата претстава. Забраната била тргната во [[февруари]] [[1669]] година и само во таа година, „Тартиф“ бил прикажан 45 пати во [[театар]]от и петпати приватно.<ref>N. Banašević, „Pogovor“, во: Molijer, ''Tartif – Don Žuan''. Beograd: Rad, 1962, стр. 206.</ref>
 
==Критички осврт кон делото==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Тартиф