Зоран Китанов: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox officeholder|name=Зоран Китанов|office=Јавно претпријатие за Државни патишта|primeminister=|term_s...
(нема разлика)

Преработка од 14:09, 31 октомври 2020

Зоран Китанов (11 јуни 1963, Струмица) – политичар и поранешен директор на ЈП за Државни патишта.

Зоран Китанов
Јавно претпријатие за Државни патишта
ЈП Струмица гас
Лични податоци
Роден(а) 11 јуни 1963(1963-06-11)(60 г.)
Струмица, Југославија
Партија СДСМ
Професија Правник

Образование

Дипломира на Правниот факултет, отсек правосудство, при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Кариера

По дипломирањето, започнува со работа во меѓународна шпедиција, каде и како Менаџер успешно работи до 1997 год. Потоа продолжува со работа во АД Македонски Телеком како Менаџер за правни работи, каде останува до 2005 год.

Во 2011 год. започнува со работа како Директор во ЈП „Струмица-Гас“ и со успех спроведува проект за гасификација на град Струмица.

Следните шест години продолжува со реализација на проектот гасификација на Струмица и реализира 35,000 метри гасоводна мрежа, декомпресиска станица со капацитет од 2500 м3/час, преку 30 мерно регулаторни станици и др. Во текот на целиот овој период се направени и првите гасни приклучоци на домаќинства во РМ, а во понатамошниот период и на стопански субјекти и отпочната е реализација на гасификација на земјоделски парцели со цел да се прекине со користење на дрвото како загревен елемент на оранжерии како би се спречило сечењето на шумите и зголеменото загадување на животната средина.

Китанов е добитник на општествени признанија и награди за овој проект, а учествува и на многу дебати и конгресни гостувања, вклучително и како демонстратор на симпозиуми, организирани од страна на амбасадите на САД И ЕУ.

Во изминатите години учествува и на симпозиуми на Енергетската заедница со седиште во Виена, каде ЈП „Струмица-Гас“ е прва институција од РМ примена во оваа заедница.