Арбер Адеми: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{Infobox officeholder|name=Арбер Адеми|term_end2=|profession=Правник|alma_mater=|party=ДУИ|birth_p...
(нема разлика)

Преработка од 13:00, 31 октомври 2020

Арбер Адеми (25 септември 1985, Липково) е поранешен министер за образование и наука на Република Северна Македонија и пратеник во Собранието.

Арбер Адеми
Пратеник во Собрание на Република Северна Македонија
Министер за образование и наука Република Северна Македонија
Лични податоци
Роден(а) 25 септември 1985(1985-09-25)(38 г.)
Липково, Југославија
Партија ДУИ
Професија Правник

Живот и образование

Адеми е роден во 1985 во селото Опае, Липково, и е доктор по правни науки.

Докторски студии завршил на Правниот факултет на Универзитет во ТиранаАлбанија, со дисертацијата „Решавање на трговски спорови пред меѓународна трговска арбитража“. Дипломирал и магистрирал на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово.

Има положено правосуден и нотарски испит.

Кариера

Од 2010 година е професор на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово, а од 2016 до 2017 бил заменик претседател на Владата на Република Македонија за европски прашања.

Во 2010 бил консултант на министерот за труд и социјална политика, а претходно работи како асистент на Правниот факултет на Универзитетот во Тетово и Факултетот за бизнис администрација, каде одреден период бил и продекан за наставни прашања.