Разлика помеѓу преработките на „Охридска штипалка“

дополнување текст
с (отстранета Категорија:Охридско Езеро користејќи го HotCat)
(дополнување текст)
 
Нејзините природни живеалишта се [[Охридско Езеро|Охридското езеро]] и [[Скадарско Езеро|Скадарското Езеро]], и соседните сливови на реката [[Дрим]] и реката Морача. Тој е обилен вид во својот опсег и не се смета за загрозен.<ref name = iucnredlist />
 
==Опис и распространетост==
Штипалката припаѓа на фамилијата на Cobitidae. Штипалката има издолжено тело, од страните сплескано и покриено со многу ситни лушпи. И главата е странично сплескана со очикои се поставени високо на главата. Карактеристично за штипалката е што под секое око има еден трновиден
израсток со два израстока. Штипалката има долна уста со дебели, меснати усни. Има три парана мустаќи, два се на врвот на рилото и еден во аглите на устата. Предните ноздрви се издолжени во вид на куси цевчиња. Бојата на телото е од темо жолта на грбот, до светло жолта на страните и стомачниот дел. Телото странично има низа од 10 до 20 крупни, темносиви до црнобраон флеки кои се често континуирани поредени па се добива впечаток дека се во вид на широка лента. Над нив се наоѓаат поситни, неправилни пеги, што исто така формираат надолжна линија. Грбната, опашната и аналната перка се право засечени и на истите има темни пеги во повеќе редови. Охридската штипалка живее во [[Охридско Езеро]] како и во реката [[Црн Дрим]] со притоките.<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година]</ref>
 
==Основни биолошки карактеристики==
Полова зрелост кај охридската штипалката настапува во втората, односно третата година од животот, при должина од 5 до 8 см. Се мрести во пролет и лето, од април до јули. Икрата ја положува на растенија, корени или на песок. Плодноста е релативно голема и
изнесува 100.000 до 150.000 јајца. Штипалката е риба со мали димензии. Достигнува максимална должина до 15 см. обично е долга 6 до 8 см. Животниот век и е до 10 години. Живее во чисти и мирни води, истечни или во крајбержниот регион на езерата. Лесно и често се вкопува во песокта а понекогаш се завлекува помеѓу водните растенија. Ларвите на штипалката се хранат со ситни ракчиња, а возрасните со нив и со разни
други мали животни од дното, односно со органски одпадоци. Во потрага по нив зема песок во устата, од него ги изолира органските честички, а песокот го исфрла низ жабрите. Овој вид има „санитарна” функција во екосистемите во кои живее во смисла подобрување на квалитетот на водата преку консумирање на органскиот отпад како нејзина храна.<ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година]</ref>
 
==Значење==
Нема никакво значење од аспект на рекреативен и стопански риболов. <ref>[http://www.slvesnik.com.mk/Issues/634836914B1C2C48A528E23A94A0CD4B.pdf/ Службен весник на Р.М. бр.145 2011 година]</ref>
 
==Наводи==