Раде Јовчевски - Корчагин: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Активизам: Правописна исправка, replaced: се со цел → сè со цел
вметната слика од убиството и корекција на година
Ред 27:
Челниците и раководителите на КПЈ имале голема доверба во Раде Јовчевски. Така, во 1940 година тој станал професионален полтички работник. Интересот на властите за Раде уште повеќе се зголемил и бил квалификуван како „опасен комунист“, „човек против кралот“ и со жар се барало истиот да биде затворен. Кога бил приведен од началникот на полицијата, Раде Јовчевски бил подолго време мачен сè со цел да се извади од него некоја информација. Сепак, Раде бил одлучен и верен на својата партија и не предал никакви информации. Сепак, тој бил притворен уште најмалку двапати после тоа мачење.<ref name="херои"/>
 
Низ Белград и Скопје делел пропагандни материјали за партијата, организирал и помогнал при организирање на партиски настани, а неколкупати имал средби и со [[Јосип Броз - Тито]]. По налог на партијата, тој бил испратен во [[Скопка Црна Гора]] за да помогне при формирањето на еден [[Прв скопски партизански одред|партизански одред]]. Многи набрзо по формирањето на одредот истиот бил откриен од властите и неговата работа намалена. Поради безбедносни причини заминал за Софија со останатите блиски соработници, и од таму делувале врз настаните во Скопје. Паралелно бил и осудуван во отсуство со казна смрт. Во Скопска Црна Гора се враќа под името „Јанко“ и така учествува во формирањето на [[Втор скопски партизански одред|нов партизански одред]], каде бил заменик-политички комесар. За тие цели, меѓу другото, лично со останатите содејци пренесувале оружје преку [[Радуша]] до Скопска Црна Гора. Полицијата разбрала за некој си „Јанко“ кој организирал такво формирање на одред и објавила потерница и награда за неговата глава. Раде Јовчевски бил предаден од страна на некој си селанец во [[Побожје]], од кој требало да земе пушки. Тој се спасил така што фрлил бомба кон едната група полицајци. Наградата за главата на Корчагин била 150.000 лева. Одредот кој бил формиран во Скопска Црна Гора тргнал за [[Косово]] и [[Јужна Србија]] да се спои со косовскиот одред. Патувал со неговито соборец и добар другар [[Санде Урдаревски]]. Походот на одредот бил во јнауари 1943 година. Сепак, движењето на одредот бил заприметен од лица кои биле жедни за наградата за главата на Корчагин. Така, некаде во близина на [[Липљан]], одредот бил нападнат. Целиот одред бил разбиен во близина на [[Бинач]].<ref name="херои"/>
[[Податотека:Rade_Jovcevski_-_Korcagin.jpg|лево|мини|251x251пкс|Убиството на Раде Јовчевски - Корчагин од страна на Бугарските сили]]
[[File:Раде Јовчевски Корчагин (Споменик).jpg|thumb|mini|десно|Споменик на Раде Јовчевски - Корчагин во дворот на истоимената скопска гимназија]]
 
Во Скопје во куќата на Ганко Петковски одредот и соборците на Раде ги прибирале последните сили за обновување на нивните дејства и акции. Вечерта на 20 февруари 1931943 година, Раде заедно со останатите активисти сакале да се префрлат во куќата на Јорда Нешевска, денес во Маџир-маало. Без нивно знаење, тие биле предадени и куќата била опколена од бугарската полиција. Полицијата почнала да ги гони активистите. Во тие бркотници Раде бил ранет од страна на бугарската полиција. Така ранет немилосрдно бил убиен од бугарската полиција со неколку куршуми и со избикот „Еве ти ја слободата“.<ref name="херои"/>
 
=== Постхумно одликување и чест ===