Британска Империја: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Правописна исправка, replaced: Белизе → Белиз (3)
с →‎“Првата Британска Империја” (1583-1783 година): Исправка на име, replaced: Валтер Рајли → Волтер Рајли
Ред 29:
==“Првата Британска Империја” (1583-1783 година)==
 
Во 1578 година, кралицата Елизабета II го наградила Хемфри Гилберт со патент поради откритие и прекуморски истражувања. Истата година,Гилберт испловил кон Зпадна Индија со цел да се вклучи во пиратска операција и да основа колонија во Северна Америка, но експедицијата била прекината уште пред да го преминат Атлантикот. Во 1583 година тој повторно се обидел, овој пат на островите на Њуфаундленд, чие пристаниште формално го барал за Англија, иако немало жители. Гилберт не доживеал да се врати во Англија и бил наследен од страна на неговиот полубрат ВалтерВолтер Рајли кому му кралицата Елизабета, во 1584 година му доделила сопствен патент. Истата година подоцна Рајли ја пронашол колонијата Роанок на брегот на денешна [[Северна Каролина]], но недостатокот од залихи го предизвикал пропаѓањето на колонијата.
 
Во 1603 година, кралот Џејмс VI од Шкотска го зазел престолот на Англија и во 1604 година го склучил Лондонскиот Договор, со што им ставил крај на лошите односи со Шпанија. Сега кога Англија била во мир со својот најголем ривал, нејзиното внимание се пренасочило од потпирање на инфраструктурата на туѓите колонии, кон основање свои прекуморски колонии.