Фанула Папазоглу: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Животопис: Јазична исправка, replaced: == Биографија == → == Животопис ==
сНема опис на уредувањето
Ред 47:
 
== Животопис ==
Родена е во {{родена на|3|февруари|1917}} г. во {{родена во|Битола}} во [[грчка пропаганда во Македонија|погрчено]] [[македонски Власи|влашко]] семејство, каде што го завршува средното образование. Студира на Филозофскиот факултет во Белград класична филологија со историја на стариот век и археологија (1936-1941 г). За време на Втората светска војна, како член на студентската организација учествува во Народноослободителното движење од самиот почеток. Од октомвиоктомври 1942 до април 1943 г. е затворена во логорот на Бањица, а во септември 1944 г. преминува илегално во [[Срем]].
 
Од мај 1945 г. живее во Белград, работи во Министерството за информации. Во 1946 г. диломира на Филозофскиот факултет. Во 1947 е избрана за асистент, а во 1949 за предавач на Катедрата за историја на стариот век. Докторирала 1955 г.и е избрана за доцент, а во 1960 г. за вонреден професор и шеф на Катедрата. За редовен професор е избрана во 1965 г. а подоцно и за академик. Целиот свој работен век д-р Фанула Папазоглу го поминува во Белград како професор по античка историја на [[Грција]] и [[Рим]], грчка и латинска епиграфија и нумизматика, но таа е тесно поврзана и со Македонија, а особено активно соработува со списанието „Жива Антика“ од неговиот прв број (1951). Предметот на нејзиниот научен интерес е историјата на Стара Грција и Рим од најстариот период до византиско време, потесно – историјата на старобалканските племиња, а особено политичката, културната и економската историја на античка Македонија, и тоа строго врз основа на критичко проверени книжевни, археолошки, епиграфски и нумизматички извори. Проф. Фанула Папазоглу има објавено опширни и мошне квалитетни студии за сите, доскоро малку познати палеобалкански племиња, но во центарот на нејзините научно-истражувачки преокупации е Македонија од периодот на римската доминација, во текот на околу 700 години.