Парфем: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Историја: Правописна исправка, replaced: неколку пати → неколкупати
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
{{внимание}}
[[File:Flacon Manifesto.jpg|thumb|]]
'''Парфем''' ([[англиски јазик|англиски]]: ''perfume'', [[француски јазик|француски]]: ''parfum'') е мешавина од миризливи [[етерично масло|етерични масла]] и ароматични соедниненија, фиксативи и растворувачи, кои се користат за да им дадат на луѓето, животните, објектите и животните простори пријатна миризба. Ароматичните соедниненија во парфемот можат да бидат добиени синтетички, да потекнуваат од растение или да имаат животинско потекло.
 
За постоењето на парфемите уште од времето на првите цивилизации се дознало од некои стари текстови или од археолошки ископини. Модерното производство на парфеми започнало во доцниот XIX век со комерцијалната синтеза на ароматичните соединенија како [[ванилин]] и [[кумарин]], кои овозможиле создавање на парфеми со претходно недостижни мириси единствено од природни ароматични соединенија.
Ред 11:
Иако парфемот и производството на парфеми постоело и во [[Индија]], повеќето од мирисите биле претставени со миризливи стапчиња. Првата дестилација на парфем од Итар се споменува во индиската ајур веда Charaka Samhita. Во биографската книга за индискиот император Харша, Harshacharita, напишана во VII век во Северна Индија, се споменува употребата на етеричното масло од агар дрвото.
 
Првиот хемичар запишан во историјата се смета дека е жена наречена Етрускан, произведувач на парфеми, чие име било напишано со клинесто писмо на плоча, уште од II милениум п.н.е. во Месопотамија. Таа дестилирала цветови, масла и каламус растение со други ароматични соединенија, и потоа ги филтрирала и ги враќала назад во казанот неколкупати.
 
Во 2005 година, археолози пронашле парфеми во Пиргос, Кипар, кои се сметаат за најстарите парфеми во светот. Овие парфеми датираат од пред повеќе од 4000 години. Парфемите биле пронајдени во прастара парфимерија. Во парфимерија од 4000 м² биле пронајдени најмалку 60 казани, садови за мешање, инки и шишиња од парфеми. Во древната историја, луѓето користеле билки и мирудии како бадем, коријандер, мирта, смола од зимзелено дрво, бергамот, како и разни цветови.
Ред 17:
Арапскиот хемичар Ал-Кинди (Alkindus), во IX век напишал книга за парфеми која ја нарекол ''Книга за хемијата на парфемите и дестилациите''. Книгата содржела повеќе од сто рецепти за миризливи масла, мевлеми, ароматични води и замени или имитации на скапи дроги. Книгата исто така ги опишувала 107те методи и рецепти за произведување на парфем и опремата која е потребна за тоа, како на пример алембикот (кој сè уште го носи своето арапско име).
 
Персискиот хемичар Ибн Сина (уште познат како Авиценна) го вовел процесот на екстракција на масло од цветовите со дестилација, денес најчесто употребуван метод. Тој најпрво експериментирал со [[трендафил]]. Пред неговото откритие, течните парфеми биле мешавина од масло и здробени билки или ливчиња од цвет, што претставувало силна смеса. Водата од трендафилите била понежна и веднаш станала популарна. Двете суровински состојки и технологијата на дестилирање значително влијаеле врз производството на парфеми и научните достигнувања на Запад, особено во хемијата.
 
Уметноста на создавањето на парфеми се практикувала во Западна Европа уште од 1221 година, доколку се земат во предвид рецептите на монасите од Санта Марија деле Виње или Санта Марија Новела во Фиренца, Италија. На Истокот, во 1370 година Унгарите произвеле парфем направен од миризливи масла помешани во алкохолен раствор, по наредба на Кралицата Елизабета од Унгарија, познат како Унгарска вода. Уметноста на создавање на парфеми напредувала во Ренесансната Италија, а во XVI век италијанската префинетост била одведена во Франција од страна на личниот произведувач на парфеми на кралицата Катарина Де Медичи, Рене од Фиренца (Renato il fiorentino). Неговата лабораторија била поврзана со собите на кралицата преку таен премин, за да се избегне ризикот од можна кражба на формулите. Благодарение на Рене, Франција брзо станала еден од европските центри за производство на парфеми и козметика. Култивирањето на цветови поради нивниот мирис, што започнало во XIV век, прераснало во огромна индустрија во Западна Франција. Во периодот помеѓу XVI и XVII век, парфеми користеле главно богатите за да го прикријат лошиот мирис на телото, кој бил резултат на нередовното капење. Делумно поради ова и била создадена индустријата за производство на парфеми. Во Германија, италијанскиот бербер Џовани Паоло Феминис создал парфимирана вода наречена Aqua Admirabilis, денес позната како колоњска вода (eau de cologne), а неговиот внук Џовани Марија Фарина во 1732 година го преземал бизнисот. До XVIII век, ароматични растенија биле одгледувани во регионот Грас во Франција, на Сицилија и во Калабрија, Италија, за снабдување на растечката индустрија на парфеми со суровини. Дури и денес, Италија и Франција се центри на европскиот дизајн и трговија со парфеми.
Ред 37:
Јачината и трајноста на парфемот зависи од концентрацијата, јачината и трајноста на ароматичните соединенија (природните етерични масла/ миризливи масла) кои се користат: како што се зголемува процентот на ароматични соединенија, така се зголемува и јачината и трајноста на добиениот парфем. Различни парфимерии ставаат различна количина на масла во своите парфеми. Според тоа, иако концентрацијата на маслото кај разреден ''Eau de Parfum'' (EdP) е секако поголема од онаа кај тоалетна вода (''Eau de Toilette'' (EdT)) до одредена граница, количината може да варира од парфимерија до парфимерија. Тоалетна вода од една парфимерија може да биде појака од тоалетна вода од друга парфимерија.
 
На пазарот ретко се наоѓаат машки парфеми како EdP или екстракти од парфем; исто како што ретко се продаваат женски парфеми како EdC. Иако овој карактеристичен начин на именување на парфемот според тоа кој го користи е општо познат во назначувањето на мирисната концентрација, тој нема директна врска со тоа дали парфемот е наменет за мажи или за жени. Покрај тоа, некои парфеми со истото ''име на производ'' но со различна ''назнака за концентрација'' може да се разликуваат не само во разредувањето, туку и да се направени со сосема различна смеса од миризливи масла. На пример, со цел EdT верзијата на парфемот да се направи полесна и посвежа од EdP верзијата, можно е EdT маслото да биде модифицирано така што ќе содржи повеќе горни ноти или помалку основни ноти. Во некои случаи, зборови какви што ''extrême'', ''intense'', или ''concentrée'' и кои може да ја прикажат ароматичната концентрација се всушност сосема различни мириси, поврзани само поради сличнa ''цртa'' на парфемот. Пример за ова се парфемите на Шанел ''Pour Monsieur'' и ''Pour Monsieur Concentrée''.
 
Уште од 1706 година, во Келн, Германија, Eau de Cologne (EdC) е првобитно карактеристичен мирис и бренд. Сепак, надвор од Германија овој термин стана поим за кипарски цитрон парфеми (без основна нота).
Ред 45:
Точните формули на парфемите пуштени во продажба се чуваат во тајна. Дури и кога тие би биле јавно откриени, во нивната формула би доминирале така сложени состојки и мирисни компоненти, така што не би биле од голема помош на обичниот потрошувач во описот за ''доживувањето'' на мирисот. Сепак, добрите познавачи на парфеми можат да станат многу успешни во одредувањето на состојките и потеклата на мирисите исто како и експертите за вино.
 
Најдобар начин да се започне со опис на парфемот е да се земат во предвид елементите на ''мирисните ноти'' на парфемот или “фамилијата” на која тој й припаѓа, кои влијаат на општиот впечаток за парфемот уште од првото нанесување па сè до последниот задржан тон.
 
=== Мирисни ноти ===
 
За парфемот се користи музичка метафора, односно се вели дека секој парфем има три групи на ''ноти'', кои ja даваат хармоничната мирисен ''акорд''. Со време, нотите се откриваат, со моментално чувство за горната нота, која води до подлабоката средна нота, а основните ноти се појавуваат постепено како последна фаза. Овие ноти се создадени внимателно, со познавање на процесот на ветреење на парфемот.
 
• '''Горни ноти''': мирисот кој се чувствува веднаш по ставањето на парфемот. Горните ноти се составени од мали, лесни молекули кои ветреат брзо. Тие го формираат првиот впечаток на човекот за парфемот, поради што се многу значајни за продажба на парфемот. Тие исто така се нарекуваат и ''водечки ноти''.
Ред 73:
• '''Од цветови од повеќе растенија''': Комбинација на мириси од цветови од повеќе растенија во ароматичното соединение. Тука спаѓа парфемот ''Quelques Fleurs'' од Хубигант и ''Joy'' од Жан Пату.
 
• '''Килибарска или “Ориентална”''': Широка мирисна класа која ги вклучува слатките и по малку анимални мириси на амбергрис и лабданум, најчесто мешани со ванила, тонка грав, цветови и дрва. Може да биде зајакната со камфорни масла и смолови мирисни стапчиња, која наликува на сликата од Викторијанската ера за Средниот и Далечен Исток. Типични примероци од овој вид на мирисна класа се ''Shalimar'' на француската куќа на парфеми Герлајн и ''Opium'' на Ив Сент Лорен.
 
• '''Со мирис на дрво''': Парфеми чија арома доминира на мириси од дрво, најчесто од агар дрво, сандаловина и кедровина. Растението пачули, со својот камфорен мирис, често е дел од составот на овој тип парфеми. Типични примери за ваквите парфеми се ''Maderas De Oriente'' на Мирургија или ''Bois-des-Îles'' на Шанел. Модерен парфем од овој тип е парфемот ''Rumba'' на шпанскиот дизајнер Кристобал Баленсијага.
Ред 79:
• '''Со мирис на кожа''': Фамилија на парфеми која ги вклучува мирисите на мед, тутун, дрво и дрвен катран во средните или основните ноти, мирис кој потсетува на кожа. Типични примероци за овој тип парфеми се парфемите ''Bandit'' на Роберт Пигет и ''Jolie Madame'' на францускиот дизајнер Пјер Балман.
 
• '''Со мирис на кипарски цитрус''': парфеми врз база на бергамот, дабов мов, пачули и лабданум. Оваа фамилија на парфеми е именувана по парфем на Франсоа Коти, а еден од најпознатите примероци е ''Mitsouko'' на Герлен.
 
• '''Fougère''': што на француски значи ''папрат''; создадени врз база на лавандер, кумарин и дабов мов. Прв парфем со ваква основа е парфемот ''Fougère Royale'' на Жан-Франсоа Убиган. Многу машки парфеми припаѓаат на оваа фамилија на парфеми, карактеристична по јакиот мирис на билки и дрва. Некои познати модерни парфеми од оваа фамилија се ''Brut'' на Фаберже и ''Drakkar Noir'' на Ги Ларош.
Ред 89:
• '''Цветни''': комбинација на традиционалните класификации на парфеми со мирис на цвет од едно растение и цветови на повеќе растенија. Добар пример за овој тип парфеми е парфемот ''Beautiful'' од Есте Лаудер.
 
• '''Зелени''': Полесно и помодерно толкување на парфеми со мирис на кипарски цитруси, со изразена миризба на искосена трева, здробени зелени листови од дрва и мирис на краставица. Два примероци од овој тип на парфеми се ''Aliage'' на Есте Лаудер или ''Eau de Campagne'' на Сисли.
 
• '''Водни, океански или озонски''': најнова категорија на парфеми во историјата на парфемите, која постои од појавата на парфемот ''Dune'' на Кристијан Диор. Многу чист и модерен мирис кој наликува на многу од модерните унисекс парфеми. Главно оваа категорија парфеми содржи калон, синтетички добиена мирисна компонента откриена во 1966 година. Исто така се користи за нагласување на цветните мириси, ориенталните мириси и мирисите на дрво.
Ред 97:
• '''Овошни''': тука спаѓаат парфемите со арома на овошје (освен аромата на цитруси), како [[праска]], [[црна рибизла]], [[манго]], [[маракуја]] и други. Модерен пример за овј тип парфеми е парфемот ''Botrytis'' на Гинестет.
 
• '''Гурмански''': “јадливи” парфеми или парфеми со мирис на некој десерт. Овие парфеми често содржат ноти на ванила, тонка грав и кумарин, како и синтетички соединенија добиени со цел да оддаваат мирис на храна. Парфем од овој тип со сладок мирис е парфемот ''Angel'' на Тиери Маглер. Парфем со мирис на чубрика е парфемот ''Dinner'' на БоБо, кој содржи нота на кумин и кари.
 
==== Мирисен круг ====
Ред 113:
• '''Кора''': најчесто употребувани кори се кората од цимет и кората од каскарилја. Исто така, се употребува и миризливото масло од кората на дрвото сасафрас, директно или прочистена поради главниот дел, safrole, кој се користи во синтезата на други ароматични соединенија.
 
• '''Цвеќиња и цветови''': без сомнение најголемиот извор на ароматични соединенија. Овој извор вклучува неколку видови трендафили и јасмин, потоа османтус (osmanthus), плумериа (plumeria), мимоза, тубероза (tuberose), нарцис, миризлив здравец, cassie, ambrette, како и цветовите на цитрусите и ylang-ylang дрвата. Иако обично не се смета за цвет, неотворените пупки на каранфилот исто така често се користат како ароматични соединенија. Повеќето цветови на орхидејата не се користат во продажбата за произведување на етерични масла или апсолути, освен во случајот на ванила, орхидеја која најпрво мора да биде опрашена и преработена во мешунки пред да биде употребена за произведување на парфем.
 
• '''Овошја''': Свежи овошја како јаболка, јагоди, цреши и слично, за жал не го даваат посакуваниот мирис при екстракција; доколку овие мирисни ноти се сетат во парфемот, се работи за синтетички добиени мирисни ноти. Исклучоци од ова правило се Litsea cubeba, [[ванила]] и [[смрекинка|смрекинки]]. Најчесто употребуваните овошја ги добиваат своите ароматични соединенија од кората; тоа се цитрусите: портокалите, лимоните и зелените лимони. Иако кората на грејпфрутот сè уште се користи како ароматик, во продажбата грејпфрут ароматичните соединенија се сè повеќе вештачки синтетизирани бидејќи природниот ароматик содржи сулфур, а производот од неговото деградирање има прилично непријатен мирис.
Ред 121:
• '''Смола''': Ценета уште од старите времиња, смолата била нашироко користена за добивањето на миризливи стапчиња и во производството на парфеми. Многу култури ја употребувале високо ароматичната и антисептична смола како и парфемите кои содржеле смола како лекови за голем број болести. Најчесто употребувани смоли во производството на парфеми се labdanum, frankincense/olibanum, myrrh, Peru balsam, gum benzoin. Смолата на дабот и елата е особено ценет извор на терпени, кои се користат во органската синтеза на многу други синтетички или природно добиени ароматични соединенија. [[Килибар]]от и копалот се всушност секрет на смолата од иглолисните растенија.
 
• '''Корења, ризоми и луковици''': денес често користени земјени зеленчуци или делови на зеленчуци во производството на парфеми се ризоми на перуника, корени од трева од родот Chrysopogon и разни ризоми од фамилијата на ѓумбирот.
 
• '''Семиња''': Често користени семиња се тонка грав, семе од морков, коријандер, ким, кокос, морско оревче, cardamom и анасон.
Ред 178:
!|Варирање
|Варираат во зависност од времето и локацијата на собирањето, како и начинот на кој производот бил екстрахиран од суровината. Многу потешко е да се произведе постојан производ со еднаков мирис по години на берба и произведување. Како таков, произведувачот на парфеми мора “рачно” да ги балансира природните промени на состојките, со цел да го задржи квалитетот на парфемот. Покрај тоа, некои бескрупулозни произведувачи може да го променат ''изворот'' на суровините (ставајќи индиски јасмин наместо јасмин со потекло од Грас) или да ги променат ''состојките'' (ставајќи линалол наместо трендафил) за да го зголемат профитот.
|Попостојани од природните ароматици. Сепак, разликите во органската синтеза може да резултираат со минутни разлики во концентрација на примеси во парфемот. Доколку овие примеси имаат слаб мирисен праг, тогаш разликите во мирисот на синтетичките ароматици се големи.
|-
!|Состојки
Ред 193:
|-
!|Цена
|Парфеми составени од многу природни состојки обично се многу поскапи. Цените ги одредуваат произведувачите и тоа според тежината на правилното екстрахирање на секој одделен дел на природните соединенија, како и
според квалитетот
|Парфемите составени од многу синтетички ароматици се достапни по доста поволни цени. Не секогаш синтетичките ароматици се поевтини од природните, некои синтетички ароматици имаат повисоки цени од многу природни состојки поради разни фактори, како сложеноста на процесот на синтеза или екстракција. Сепак, поради нивниот слаб мирисен праг, употребата на овие состојки за произведување на парфем не е неопходна.
Ред 205:
Сите овие техники до одредена мера го менуваат мирисот на ароматичните соединенија добиени од суровините. Ова се должи на користењето на топли и остри растворувачи, или на изложеноста на кислород во процесот на екстракција, кој ги денатурира ароматичните соединенија, па тие или го менуваат својот мирисен карактер или пак губат мирис.
• '''Мацерација/Екстракција со растворувач''': најмногу користена и економична техника за екстракција на ароматични соединенија во модерната индустрија на произведување парфеми. Суровините се претопени во растворувач кој може да ги раствори посакуваните ароматични соединенија. ''Мацерацијата'' трае од неколку часови до неколку месеци. Ароматичните соединенија за суровини од дрво и влакнави растенија често се добиваат на овој начин, каков што е случајот со сите ароматични соединенија од животински извори. Оваа техника може да се користи и за екстракција на ароматични соединенија кои се лесно испарливи за ''дестилација'' или лесно денатурираат од топлина. Растворувачи кои најчесто се користат за ''мацерација/екстракција со растворувач'' се хексан или диметил етер. Производот од овој процес се нарекува "конкрет".
 
o ''Екстракција на суперкритична течност'': релативно нова техника за ектракција на ароматични соединенија од суровини, која често вклучува суперкритичен CO2. Поради слабото топлина на процесот и релативно нереактивниот растворувач, добиените ароматични соединенија често имаат сличен мирис со оригиналниот мирис на суровините.
 
o ''Екстракција на етил алкохол'': вид екстракција со растворувач која се користи за директно екстрахирање на ароматични соединенија од суви суровини, како и на нечистите маслени соединенија кои се резултат на екстракцијата со растворувачот или анфлоража. Екстракцијата на етил алкохолот не се користи за екстрахирање на мирисот од свежите растенија, бидејќи тие содржат големо количество вода, кое што е исто така екстрахирано во етил алкохолот.
Ред 215:
o ''Дестилација на пареа'': Пареата од зовриената вода поминува низ суровините, со што се истиснуваат нивните лесно испарливи ароматични соединенија. Кондензатот од дестилацијата се става во инка. Ова овозможува лесно раздвојување на етеричните масла од водата. Водата насобрана од кондензатот, кој задржува нешто од ароматичните соединенија и маслата од суровините, се нарекува хидросол. Овој процес најчесто се употребува за свежите растенија (цвеќиња, листови и стебла).
 
o ''Сува дестилација'': Суровините директно се загреваат во казан, без носечки растворувач, каков што е водата. Ароматичните соединенија ослободени од суровините од големата температура често се подложени на анхидратна пиролиза, која резултира со формирање на различни ароматични соединенија, па така и различни мирисни ноти. Овој метод се користи за добивање на ароматични соединенија од фосилен килибар и ароматични дрва, каде стремежот е добивање на “загорен” или “препечен” мирис.
 
o ''Фракционирање'': со употребата на фракциона колона, може да се исфрлат различни фракции дестилирани од суровината, за да се модифицира мирисот на крајниот производ. Иако производот е поскап, овој процес понекогаш се изведува за да го отстрани непријатниот или непосакуваниот мирис на суровините и му овозможува на произведувачот на парфеми поголема контрола врз процесот на изработка.
Ред 227:
Иако миризливите екстракти се општо познати како “етерични масла”, во индустријата за производство на парфеми се користат поспецифични термини за да се објасни изворот, чистотата и техниката на добивање на миризлив екстракт.
 
Од овие екстракти, само ''апсолутите'', ''етеричните масла'' и ''растворите'' директно се користат за добивање на парфеми.
 
• '''Апсолути''': Ароматични соедниненија прочистени од ''помада'' или ''конкрет'' со натопување во етил алкохол. Со употреба на хидрофилно соединение, каков што е етил алкохолот, повеќето од ароматичните соединенија од восочниот изворен материјал може да бидат екстрахирани без да ги растворат безмирисните восочни молекули. Апсолутите обично се наоѓаат како маслени течности.
 
'''Конкрет''': Ароматични соединенија екстрахирани од суровини преку ''екстракција со растворувач'', со употреба на испарливи јаглеводороди. Конкретите обично содржат големо количество на восок поради лесното растворање на разни хидрофобни соединенија. Како такви, конкретите понатаму се спорчистуваат преку дестилација или екстракција со растворувач врз база на етил алкохол. Конкретите се обично восочни или смолести цврсти супстанци или густи маслени течности.
 
• '''Етерични масла''': Ароматични соединенија директно екстрахирани од изворните суровини преку ''дестилација'' или ''експресија'', кои се добиваат во форма на маслена течност. Маслата екстрахирани преку експресија понекогаш се нарекуваат ''експресиони масла''.
Ред 239:
• Тинктура: Ароматични соединенија создадени со директно натопување и накиснување на суровините во етил алкохол. Тинктурите се обично ретки течности.
 
Производите добиени со различни методи на екстракција имаат различни називи, иако првичниот материјал е ист. Така на пример, цветовите на портокалот од ''Citrus aurantium'' кои претрпеле екстракција со растворувач даваат “апсолут на цвет од портокал”, додека оние кои биле дестилирани на пареа се нарекуваат “нероли масла”.
 
== Изработување на парфемот ==
Ред 265:
• ''Модификатори'': Овие состојки го менуваат примарниот мирис со цел да му го дадат на парфемот посакуваниот карактер: на пример, овошните естери се додаваат на примарниот цветен мирис за да се добие овошно-цветен мирис; калонот и цитрусниот мирис се додаваат за да се добие посвеж цветен мирис. Мирисот на Кока Кола од цреша може да се смета за модификатор.
 
• ''Миксери'': Голема група на состојки кои ги ублажуваат промените на парфемот помеѓу различните “слоеви” или основи. Овие состојки може да се употребуваат како составен дел на примарните мириси. Најчести состојки-миксери се линалолот и хидроксицитронелалот.
 
• ''Фиксири'': се користат за зајакнување на примарниот мирис. Многу смоли, мириси од дрво и основи на килибар се користат како фиксири.
Ред 273:
==== Мирисни основи ====
 
Наместо да се создаде парфем од “темел”, многу модерни парфеми и колонски води се направени со користење на ''мирисни основи'' или едноставно '''основи'''. Секоја основа е во суштина модуларен парфем кој е смеса од етерични масла и ароматични хемикалии, и е формулиран за постигнување на една едноставна замисла за мирис, како на пример “мирис на свежо искосена трева” или “мирис на сочно кисело јаболко”. Многу парфеми од линијата ''Aqua Allegoria'' на Герлајн, со своите едноставни замисли за мирис, се примери за мирисни основи на парфеми.
 
Напорот постигнат за развој на основите од компании за произведување на парфеми или индивидуалните произведувачи на парфеми е еднаков со оној на парфемите на пазарот, бидејќи тие се за повеќекратна употреба и како такви се корисни. Освен тоа, придобивките од користењето на основи за изработка на парфем се многубројни:
Ред 279:
1. Состојките со “тежок” или “јак” мирис кои имаат мешана основа, можат полесно да се соединат со веќе постоечки парфем.
 
2. Мирисот на основата може да биде поблизок до мирисот на растението, предметот и сл., отколку самиот екстракт на тоа растение, предмет и сл. Така на пример, основата создадена да го даде мирисот на “свеж наросен трендафил” може да е подобро приближување до замислата за мирис на трендафил после дожд, отколку самото масло од трендафил. Цвеќињата, чии мириси не можат да бидат екстрахирани, како гарденија или зумбул, се изработуваат како основи од податоци добиени од headspace технологијата.
 
3. Произведувачот на парфеми може набрзина да ја скицира замислата на нарачателот со брзо создавање на многукратни основи, за потоа да ги презентира со цел да добие повратен одговор. Ублажувањето на “острите ноти” на парфемот се извршува доколку одговорот е позитивен.
Ред 305:
==== Карциногенецитет ====
 
Постои научен доказ дека нитроглицерин-мошуси, како мошус ксилен, можат да предизвикаат рак. Сепак, познати состојки, како одредени полициклични синтетички мошуси, можат да го нарушат балансот на хормони во човековото тело (внатрешно нарушување). Некои природни ароматични соединенија, како апсолутите на дабовата мов, содржат алергени и карциногени состојки.
 
=== Животна средина ===
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Парфем