Расизам: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Научни варијанти: Правописна исправка, replaced: подршка → поддршка
с Правописна исправка, replaced: подржа → поддржа (4)
Ред 28:
== Социолошко дефинирање ==
 
Некои социолози го имаат дефинирано терминот „расизам“ како систем на групно привилегирање. Во делото „Портрети на бел расизам“, Дејвид Велман го дефинирал расизмот како „културолошки потврдени верувања, кои, без обѕир на намерите, застануваат во одбрана на предностите кои припадниците на белата раса ги имаат поради подредената положба на малцинствата од други раси“. Социолозите Ноел А. Казанев и Дарлен Алварез Мадерн го дефинираат расизмот како „...високо организиран систем на групно привилегирање на расна основа којшто е застапен во секој оштествен слој и е подржанподдржан од софистицирана идеологија на супериорност по боја на кожа/раса“. Селерс и Шелтон (2003 г.) установиле дека врската меѓу расната дискриминација и емотивната болка е умерена од расната идеологија и верувањата во јавните мислења. Со други зборови, изгледа дека расната сосредоточеност го зголемува степенот на дискриминација што младите афро-американци ја воочуваат додека расната идеологија може да ги ублажи штетните емоционални последици од таа дискриминација. Расистичките поредоци ја вклучуваат, но не можат да се сведат на, расната нетрпеливост. Социологот и поранешен претседател на Американската социолошка асоцијација, Џо Фигин, тврди дека Соединетите Држави може да се опишат како „тотално расистичко општество“.
„ Малтретирањето и бруталноста од страна на полицијата упатена кон мажите, жените и децата од црната раса се стари колку и самото американско општество, датирајќи од времето на робување и Џим Кроу сегрегацијата. Таквиот вид на полициски акции ширум земјата денеска разоткриваат важни аспекти од.....секојдневните дискриминации од страна на поединци од белата раса......(и) институции управувани од припадници на белата раса кои дозволуваат или придонесуваат до такви дискриминации“.
Други социолози имаат истакнато, повикувајќи се на САД и на други места, дека формите на расизам во многу случаи се промениле од поизразити во поприкриени форми (но иако изразитите форми на омраза и дискриминација сè уште постојат). „Поновите“ (поскриените и понезабележителни) форми на расизам, кои можат да се сметаат како всадени во општествените постапки и структури, се потешки за да се истражат како и за да се оспорат. Се претпоставува дека, додека во многу земји отворениот и екплицитен расизам станува се повеќе и повеќе табу, дури и во оние кои покажуваат рамноправно експлицитни ставови, имплицитен или аверзен расизам е сè уште потсвесно застапен.
Ред 65:
= Декларации и меѓународен закон против расна дискриминација =
 
Во 1919 година, мнозинството подржалоподдржало предлог да се вклучи одредба за расна еднаквост во Повелбата на Лигата на народи, но тој предлог не се присвоил на Париската мировна конференција, 1919 година. Во 1943 година Јапонија со своите сојузници објавиле дека залагање за укинување на расната дискриминација ќе биде нивна цел на Конференција на Голема Источна Азија. Член 1 од Повелбата на Обединетите Нации, 1945, вклучува „залагање и поттикнување почит за човекови права и фундаментални слободи за сите без разлика на раса“ како цел на Обединетите Нации.
Во 1950 година, UNESCO, во „Прашањето за расата“ , елаборат потпишан од 21 научник како што се Ешли Монтаг, Клод Леви-Штраус, Гунер Мирдал, Џулиан Хуксли, итн., предложил да „се изостави наполно терминот раса и наместо тоа да се зборува за етнички групи“. Елаборатот осудил научни расистички теории кои биле дел од Холокаустот. Елаборатот имал за цел да ги разоткрие научно расистичките теории, со приближување на современото знаење во однос на „расното прашање“ до широките маси, како и морално да го осуди расизмот како спротивност на филозофијата на Просветувањето и нејзината претпоставка за еднакви права за сите. „Прашањето за расата“ заедно со научниот труд на Мирдал, „Американска дилема: Проблемот со црнците и современата демократија“ влијаеле врз одлуката на Врховниот суд на Соединетите Држави од 1945 година за укинување на сегрегацијата во случајот „Браун против Одборот за образование на Топека “. Во 1950 година се усвоила Европската конвенција за човекови права, која широко се користи за прашања на расна дискриминација.
Обединетите Нации ја користат дефиницијата за расна дискриминација вметната во Меѓународната конвенција за елиминирање на сите форми на расна дискриминација, усвоена во 1966 година:
Ред 107:
Во 19-0т век германскиот филозоф Георг Вилхелм Фридрих Хегел изјавил дека: „Африка не е историски дел од светот“. Хегел дополнително тврдел дека црнците немале „чувство за идентитет, нивниот духовна страна спие, останува потоната во самата себе, не напредува, и на тој начин прави паралела со компактната, еднолична маса на Африканскиот континент“(„Црнина без црнци:Есеи на тема сликата за црнците во Германија“, 1982 година, стр. 94).
Помалку од триесет години пред Нацистичка Германија да ја поттикне Втората светска војна, австриецот, Ото Вајнингер, наведил: „Речиси никогаш се нема појавено гениј кај црнците, и просекот на морталитет им е скоро па универзално ептен мала па веќе е време да се признае во Америка дека нивната еманципација претставува чин на непромисленост“ („Секс и карактер“, 1906 година, стр. 302).
Германскиот конзервативец, Освалд Шпенглер, дал забелешка на она штп тој го сметал за културно деградирачко влијание од Африканците на современата западна култура. Во „Времето на одлука“ Шпенглер го осудил „’среќниот крај’ на едно празно постоење, здодевноста која довела до џез музиката и црнечкото танцување за да се изведе Посмртниот марш за една голема култура“ („Времето на одлука“, стр. 227-228). За време на нацистичката ера, германски научници го преуредиле академскиот свет за да ги подржатподдржат тврдењата на еден голем „Ариевски“ претставник зад сјајот на сите човечки цивилизација, вклучувајќи ги Индија и Древен Египет.
 
= Научни варијанти =
Ред 142:
Во делото „Егоистичниот ген“, еволуциониот биологот Ричард Докинс пишува дека „крвните освети и меѓуплеменските војувања лесно може да се протолкуваат во однос на генетската теорија на Хамилтон“. Докинс пишува дека расната предрасуда, притоа нееволуционарно прилагодлива, „може да се протолкува како како ирационална генерализација на тенденција на крвно сродство за поистоветување со поединци кои физички личат еден на друг, или лошо однесување кон поединци со различен надворешен изглед. Симулациски експерименти во еволуционата теорија на игри се обиделе да обезбедат објаснување за одбирањето на етноцентрично стратешки фенотипи.
 
= Расизмот како политика подржанаподдржана од државата =
 
Иституционалниот расизам, односно, институции и делување на една национална држава кои се засноваат на расистичка идеологија, играл главна улога во сите случаии на колонизирање, од Соединатите Америнакси Држави до Австралија па до Израел. Овој вид на расизам играл видна улога и во режимот на нацистичка Германија и фашистичките режими во Европа, и во првиот дел од јапонскиот „Сева период“. Овие режими застапувале и применувале политики кои биле расистички, ксенофобични, и во случај на нацизам, и геноцидни. Политиките на Зимбабве придонесувале кон дискриминација против белците, во обид за етничко чистење на земјата.
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Расизам