Конкуренција: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Политика: Јазично подобрување, replaced: лидер → водач
с →‎Конкуренцијата во бизнисот: Правописна исправка, replaced: подржа → поддржа
Ред 16:
Освен тоа, компаниите се натпреваруваат и за инвестирање на финансиските пазари (капитал во акции или долг) со цел да се создаде потребниот капитал за нивно дејствување. Знаејќи ги ризиците, еден инвеститор по обичај ќе има во предвид и други можности за инвестирање и нема да се фокусира само на компании кои се натпреваруваат за производот (директните конкуренти). Проширувањето на обемот на инвестирање за да се вклучат и индиректните конкуренти води кон поширока група на слични компании кои се натпреваруваат посреднички.
Конкуренцијата може да се сретне и во друг вид, различен на оној меѓу две или повеќе компании. На пример, писатели од областа на бизнисот понекогаш упатуваат на внатрешна конкуренција. Овој вид е конкуренција во рамките на компаниите. Поимот за првпат е претставен од Алфред Слоан (англиски: ''Alfred Sloan'') во ''General Motors'' во 1920 година. Слоан промислено создал точки во работниот процес кои се совпаѓаат меѓу оддели на компанијата, за да секој оддел се натпреварува еден со друг. На пример, одделот на ''Chevrolet'' ќе се натпреварува со одделот на ''Pontiac'' за одредени сегменти од пазарот. Конкурентските брендови од истата компанија одобриле да некои делови бидат направени од еден оддел и да бидат користени од други оддели, на пример, делови направени од одделот на Chevrolet да се користат и од одделот на ''Pontiac''. Во 1931 година, и ''Procter & Gamble'' започнале промислен систем на конкуренција меѓу самите брендови во рамките на компанијата. Компанијата се состоела од различни брендови, секој од нив со свои предвидени ресурси, вклучувајќи и посветена група на вработени кои се борат за брендот. Секој бренд менаџер се сметал за одговорен и бил соодветно награден за успехот или неуспехот на самиот бренд. Ова е познато како „конкуренција во рамките на брендот“.
Оттука, најголем дел од компаниите придонесуваат за конкуренција меѓу вработените како индивидуалци. Пример за овај случај е натпревар меѓу продажни агенти. Продажните агенти со највисоко остварен процент на продажба (или најдоброто подобрување во продажбата) за одреден период, се наградени од страна на работодавецот. Шалев (англиски: ''Shalev'') и Асбџорнсен (англиски: ''Asbjornsen'') откриле дека и крајниот резултат од обратните аукции е најтесно поврзан со конкуренцијата. Специјализираната литература во голема мера го подржалаподдржала значењето на конкуренцијата како основа за успех на обратната аукција. Нивните заклучоци го подржуваат тоа тврдење, дека конкуренцијата е силно поврзана со успехот на обратната [[аукција]], како и со бројот на наддавачи.
 
===Ограничување на конкуренцијата===