Андре Шенје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с →‎Крајот: Јазична исправка, replaced: егзекуцијата → погубувањето
с →‎Животопис: Правописна исправка, replaced: подржа → поддржа
Ред 5:
Роден е во населбата [[Галата]], денешен Каракој во [[Истанбул]] на [[30 октомври]] [[1762]] година, како трет син на Луј де Шенје, [[офицер]] во француската [[амбасада]] во Истанбул. Неговата мајка била [[Грци|Гркинка]], Елизабета Санти л’Омака (чија сестра била баба на [[Адолф Тјер]]), позната по својата убавина и духовитост. Проведувајќи го своето детство на југот на [[Франција]] со тетка си, Андре се придружува на мајка си во [[Париз]], каде таа се преселува во [[1773]] година. Сè уште во своето момчештво, тој станува огнен почитувач на сè што е поврзано со јазикот и цивилизацијата на [[Стара Грција]]. Неговата вродена треска кон знаењето е стимулирана уште повеќе на средбите со големите уметници и интелектуалци кои тој ги запознава на приемите во нивниот салон организирани од неговата мајка.
 
Сосема предвидливо, Шенје го мрази гарнизонскиот живот во [[Стразбур]], каде е стациониран полкот кон кој се приклучува во [[1782]] година како благородник-кадет. Војнички живот издржува само шест месеци, потоа се вратил во [[Париз]]. Наредните три години ги поминува во налудничаво и огнено пишување, комплетно подржанподдржан од неговото [[семејство]]; тогаш настануваат познатите [[идили]] и [[пасторали]], вдахновени од античките вредности, под влијанието на [[Теокрит]], [[Бион]], и патувањата во [[Неапол]] и [[Помпеја]]. Во овој период се напишани, или во најмала рака скицирани ''Слепецот'', ''Болната млада'', ''Бахус'', ''Ефрозина'' и ''Младата Тарантинка''. И покрај тоа што многу твори, сепак, ништо не објавува. Во [[ноември]] [[1787]] година му се укажува прилика да замине како конзул во [[Лондон]], која тој ја прифаќа, но воопшто не е среќен во главниот град на [[Англија]]. Можеби многу повеќе е заинтересиран за творештвото на [[Џон Милтон]] или [[Џемс Томсон]], а најмногу за она на [[Шекспир]], кое остава печат и врз неговиот израз. Привлечен од револуционерните настани кои веќе се одвивале во [[Франција]], тој повеќе не може да издржи во Лондон и се враќа во Париз, во [[1790]] година, затекувајќи ја својата земја на работ на анархија. Станува член на „Општеството ’89“, умереното крило на револуционерната партија, држи говори во клубот „[[Фејани]]“, објавува статии во ''Журнал де Пари'', почнувајќи ја својата кратка кариера како политички новинар; се бори со елоквенција против [[анархија]]та, неправдата и тиранијата. Иако ја поздравил Револуцијата, сепак не ги одобрувал постапките на [[Јакобинци]]те. По затворањето на [[Луј XVI]], тој чувствува дека одбраната на принципите на [[Револуцијата]] во рамките на умереноста, законот и редот се утописка драма, и со горчливо разочарување, решава да се повлече од јавниот живот. Го напушта Париз извесно време, но, премногу фасциниран од политичките случувања, не може да се воздржи, а да не се врати повторно назад – што било фатална одлука. Бидејќи се залагал за ослободување на кралот Луј XVI, тој бил осомничен дека соработува со [[Монархија|монархистите]] и дека подготвува завера против Револуцијата.<ref name="Alphonse Daudet 1986">Alphonse Daudet, ''Pisma iz mog mlina''. Zagreb: Znanje, 1986, стр. 18.</ref>
 
== Крајот ==